Вишенски манастир
| Вишенски манастир | |
|---|---|
| Успение на Пресвета Богородица | |
| Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης | |
![]() | |
| 41°7′48″N 23°30′51″E / 41.13000°N 23.51417°E | |
| Место | Вишен, Серско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Завршена | 1972 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Серско |
| Епархија | Серско-нигритска |
Вишенски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης) — женски манастир во поранешното село Вишен кај Метох[мртва врска], Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Манастирот се наоѓа на 10 км северно од Сер, на местото на некогашното село Вишен, по кое е наречен. Најблиско денешно село е Метох. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија манастирот бил база на андартските чети. Уништен е во Првата светска војна во 1916 г. заедно со целото село. Во 1925 г. добротворното братство „Пресвета Богородица Вишенска“ започнало да ја обновува црквата, што завршило во 1928 г. Манастирот е обновен во 1972 г. како женски. Во 1996 г. на манастирската црква ѝ е придодадена припрата.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ιερά Μονή Παναγίας Βύσσιανης Σερρών“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- 1 2 „Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 25 јуни 2017.
