Прејди на содржината

Религија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вероисповед)
Симболи на различните религии

Религија, спорен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се определува како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и установи поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го определуваат поимот како целосна сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии. може да се дефинира и као друшвена појава која подлежи на некои одредени закони,и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество.

Поимот за религија

[уреди | уреди извор]

Поимот религија се врзува за латинскиот збор односно глагол religiere, што значи „да се поврзе“, а за првпат овој израз бил употребен од христијанскиот филозоф Лактанциј во IV век, говорејќи за врската на човекот со останатите други битија и со Бог.

Постојат три основни пристапи по кои може да се согледа религијата како феномен, а тоа се :

  • Субјективен пистап
  • Објективен пристап
  • Субјективно - објективен пристап

Од гледиште на објективниот пристап, религијата не може да се гледа како секоја друга појава. Додека според субјективниот пристап, религијата постои засебно во однос на останатите работи. Според третиот став не може да се порекне субјективното ниту пак објективното бидејќи религијата е синтеза и на објективното и на субјективното. Повеќето религии подразбираат учење кое се однесува на суштината, целта на постоење на сепостоечкото, а исто така религијата подразбира и одредени облици на верски заедници, како и одредени обреди, ритуални изведби кои се изведуваат на посветени места односно во одредени институции (цркви, џамии, синагоги и храмови).

Потекло на Религијата

[уреди | уреди извор]

Постојат три основни групи на теории на религијата:

  • религијата е изум на една (обично владеачката, привилегираната) група на луѓе како средство за заштита, и ваквиот облик на религија според оваа теорија се јавува во првобитната човекова заедница како последица на човечкото увидување дека многу работи во природата се случуваат без негова волја, и дека човекот како човечко суштество не може да влијае на тие појави ниту пак да ги измени или контролира колку и да се труди, а во ваквите појави најчесто спаѓаат: поплавите, сушите, грмежите, громовите и сл. Според горенаведената теорија, човекот дошол до идеја за постоење на виша сила која влијае на истото. и на тој начин настанале првите облици на богови кои симболизирале единствена моќ кои суверено владеат со човековото постоење. Човекот настојувал да им оддаде чест со молитва и жртвување што е одлика на природните религии: анимизам, фетишизам, тотемизам, браманизам, будизам, конфуцијанство и мухамеданство.
  • според втората група на теории, религијата е трајна егзистенцијална одлика на човекот, а според оваа теорија човекот е во комуникација со бог уште од своето постоење, кои во текот на историјата привремено го изгубил пагајќи во паганство кое повторно се воспоставува со Откровението Божјо - откривање односно јавување во светот, и како Откриени религии' се сметаат јудаизмот и христијанство.
  • според третата група на теорија, религијата е човечка склоност према суеверија која произлегла од недоволното познавање на вистинската природа на нештата.

Ерих Фром смета дека на почетокот од човечката историја, иако бил исфрлен од првобитното единство со природата, човекот продолжил да се држи до тие примитивни врски, т.е. преку врските со природата човекот ја обезбедувал својата сигурност. Токму примитивните религии, во кои човекот сочувствува со растенијата и со животните, го отсликуваат неговиот стремеж да го одржи единството со природата. Оттука, во првобитните религии, животното е преобликувано во тотем, човекот носи животински маски при религиските свечености, а човекот го обожува животното како Бог. Во подоцнежните фази од историскиот развој, кога се развиле занаетчиската и уметничката вештина, кога човекот повеќе не бил зависен од даровите на природата, тој ги преобратил производите на својата рака во божества. Во оваа фаза, човекот ги обожавал предметите изработени од глина, сребро или злато. На тој начин, човекот ги проектирал своите сили и способности во предметите што ги изработил, т.е. своите творби ги обожавал во отуѓен облик. Најпосле, во уште подоцнежната фаза, човекот им дал на божествата човечки лик, а тоа се случило која тој станал уште посвесен за себе, т.е. кога открил дека тој самиот е највисокото и најблагородно „нешто“ во светот. Во оваа фаза, обожувањето на антропоморфниот бог има две димензии: едната се однесува на женската или машката природа на боговите, а втората на степенот на зрелоста кој го достигнал човекот. Во оваа фаза од историскиот развој, најпрвин постоела матријархална фаза на религијата во која највисокото божество е мајката, а дури потоа се развила патријархалната фаза во која се појавил богот-татко.[1]

Поделба на Религијата

[уреди | уреди извор]

Постојат два вида на религија: политеистички религии и монотеистички религии. За политеистичките религии (грчки: poli - повеќе, многу и theos - бог) карактеристично е верувањето во повеќе богови, различни божества кои владеат во различни сектори на природно и човечко делување. Политеизмот е карактеристичен за старите, природни, пагански религии, и тие се повеќе ритуални, обредни отколку теориски. Тие не тежнеат кон ширење за разлика од монотеистичките. Најзначајни стари религии религии се: египетска религија, старогрчка религија, римска религија, одинизам, а и речиси сите народи на територијата на Европа пред да го прифатат Христијанството исповедале различни пагански, природни, политеистички религии, кои денеска се исчезнати, со исклучок на хиндуизмот и племенските религии на тлото на Африка.

Религијата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Шинто“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[2]
  • „Странец“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[3]
  • Религијата на моето време“ (италијански: La religione del mio tempo) — поетска збирка на италијанскиот писател Пјер Паоло Пазолини од 1961 година.[4]
  • „нова вера, нова библија“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[5]
  • „Религијата на морјанинот“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[6]
  • „Вистинскиот верник“ — суфиска приказна.[7]
  • Лоша религија (англиски: Bad Religion) — американска панк-рок група, основана во 1980 година.[8]
  • „Лоша религија“ (англиски: Bad Religion) — песна на американската панк-рок група Bad Religion[9]
  • „Нова религија“ (англиски: New Religion) — песна на британската поп-рок група Дјуран дјуран (Duran Duran) од 1982 година.[10]
  • „Религија“ (англиски: Religion) — песна на американската рок-група Париз (Paris) од 1976 година.[11]
  • „Религија I“ (англиски: Religion I) — песна на британската рок-група Public Image Ltd. од 1978 година.[12]
  • „Религија II“ (англиски: Religion II) — песна на британската рок-група Public Image Ltd. од 1978 година.[12]
  • „Ја губам мојата религија“ (англиски: Losing My Religion) — песна на американската рок-група R.E.M. од 1991 година.[13]
  • „Без господ, само религија“ (англиски: No God Only Religion) — песна на британската рок-група Spiritualized од 1997 година.[14]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Бог
  2. Бахаизам (Бахаи религија)
    1. Баб
    2. Бахаула
  3. Будизам
    1. Буда
  4. Христијанство
    1. Исус Христос
    2. Папа
    3. Црква
    4. Католицизам
    5. Протестантство
    6. Православие
  5. Конфуцијанство
    1. Конфуциј
  6. Хиндуизам
    1. Брама
    2. Вишну
    3. Шива
  7. Ислам
    1. Али
    2. Мухамед
    3. Џамија
    4. Омар
    5. Мека
    6. Сунити
    7. Шиити
  8. Јудаизам
    1. Мојсеј
    2. Синагога
    3. Ерусалим
    4. Израел
  9. Зороастризам
    1. Зороастер
  10. Џаинизам
  1. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 96-98.
  2. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 88-89.
  3. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 90-91.
  4. Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 90-91.
  5. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  6. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 112-113.
  7. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 49.
  8. Discogs, Bad Religion (пристапено на 12.12.2021)
  9. Bad Religion - Bad Religion (Studio Version) (пристапено на 12.12.2021)
  10. Duran Duran – Rio (пристапено на 13.2.2024)
  11. Paris (19) – Paris (пристапено на 26.2.2024)
  12. 12,0 12,1 YouTube, Public Image Ltd. - First Issue (1978) (Full Album) (пристапено на 29.5.2017)
  13. DISCOGS, R.E.M. – Out Of Time (пристапено на 11.2.2021)
  14. Spiritualized®* – Ladies And Gentlemen We Are Floating In Space (пристапено на 12.5.2024)