Брама
Изглед
Брахма — еден од трите богови на хиндуистичкото свето тројство[1] (Брахма, Вишну и Шива). Во согласност со Пураните, Брахма е самосоздаден од лотус што расте од папокот на богот Вишну. Брахма многу често може да биде помешан со „Брахман“, назив кој Хиндуистите го користат за севишниот универзален космички дух. Според верувањата на Хиндусите, Брахма е творецот, оној што го створил светот и сите живи суштества. Традиционално е опишан со четири глави и четири раце.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Coulter, Charles Russell; Turner, Patricia (2013). Encyclopedia of Ancient Deities. Routledge. стр. 240. ISBN 978-1-135-96397-2.
|