Прејди на содржината

Хиндуизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хиндуисти)
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти
Хиндуистичкиот храм Чамундесвари во Индија

Хиндуизам (санскрит: सनातन धर्म, санатана дарма - „вечен закон“) — индиска религија, една од трите најголеми религии во светот, со 1,2 милијарди следбеници, или 15% од светското население, познати како Хиндуси.[1] Содржи повеќе школи на идеи и традициии, па може да се нарече и начин на живеење. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од современи хиндуисти ја следат веданта филозофијата која е монотеистичка филозофија.

Хиндуизмот верува во еден Бог кој повеќепати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во реинкарнација, односно преселба на душата по смртта во друга личност.

Душата се сели безброј пати сѐ додека не постигне состојба на целосен мир. Списите на хиндуизмот се викаат Веди, кои ги има многу. Најпознат е расказот за Харе Кришна.Ведите се појавуваат 15 векови пред Христос. Тие главно учат тежок аскетски, пустински живот. Овој расказ стана популарен некаде на почетокот на 20 век со појавата на еден учител со 6 иминња Шри Шримат Свами Бактиведанта Шрила Прабупад, ја основа заедницата Харе Кришна Расказот за Богот Харе Кришна се вика Багават Гита.

Во Индија постојат преку 330 милиони полубогови, сите се инкарнација на едниот Браман. Во вид на Брама го создава светот, како Вишну го одржува, како Шива го разурнува Браман има жена, Сарасвати, кралица на уметноста. Некои од боговите се слонови, крави, реки, а и денес во Индија се прифаќаат нови богови. Така Буда, Исус, Мухамед, се прогласени за инкарнација на Едниот Бог.

Заедница на Кришна во Скопје постои од 1990 година.

Хиндуистички богови

[уреди | уреди извор]

Најзначајни хиндуистички богови се:

  • Брама, ја претставува божествената, апсолутната стварност.
  • Вишну, го претставува оној кој дава живот
  • Шива, го претставува доброто и злото
  • Сарасвати, божица на вистината
  • Индра, бог на молњата, громот и војниците
  • Лакшми, божица на убавината
  • Кали, божица на смртта
  • Кришна, јунак и љубовник

Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1,2 милијарда следбеници, од кои најголем дел живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач. Неговите најдревни богови ги донеле ариските народи, кои продреле во Индија. Хиндуизмот се создал некаде околу 1750 година п.н.е. во Индија. Денес е распространет ширум југоисточна Азија.

Поголемиот дел од хиндуистите веруваат во мноштво богови, но во една темелна вистина - „по смртта душата повторно се раѓа во некое друго тело“. Нивниот симбол е светиот глас Ом.

Најраните хиндуистички верувања се запишани во Ведите околу 1400 година п.н.е. а тие се состојат од химни и пеења. Ригведа е најважната книга на Ведите.

Денеска постојат повеќе видови на Хиндуисти: Ваишнавити (70%), Вишну (25%), останати (5%).

Хиндуистички празници

[уреди | уреди извор]
  • Дивали, новогодишна прослава на светлината
  • Холи, пролетна прослава
  • Ѓанмаштами, роденденот на Кришна
  • Шива Ратри, главна прослава на Шива

Светилишта

[уреди | уреди извор]
Хиндуистички храмови во Азија

Варанаси или Беранес во Индија, еден од најстарите градови на светот е и главна цел на хиндуистичкото поклонение. Секоја година доаѓаат милиони луѓе за да се искапат во неговата света река Ганг. Веруваат дека водата го мие секој сторен грев. Често во реката ја посипуваат пепелта на запалениот покојник.

Хиндуистите ги почитуваат сите животни, а посебно кравите кои се прогласени како свети животни. Поголемиот дел од хиндуистите се вегетаријанци. Кравата е симбол на жената и хранењето на кравата се смета како израз на почитување.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Атма - поединечната душа
  • Аватар - појава на Вишна сила на земјата
  • Гуру - верски учител
  • Карма - закон за причина и последица
  • Мантра - свето пеење
  • Мокша - ослободување од животниот цикулс
  • Нирвана - потполно спокојство
  1. „Hindu Countries 2021“. World Population Review. 2021. Посетено на 2 June 2021.