Вишну (санскрит: विष्णु, IAST: Viṣṇu) — хиндуистичкибог со улога на одржувач и еден од тројството во хиндуизмот, покрај Брама (творецот) и Шива (уништувачот). Ова е претседавачко божество на одликата на сатва или доблест која е најчиста од останатите одлики на материјалната природа како што се страст и незнаење. Има највеќе обожувачи во споредба со Брама и Шива, и неговото престојувалиште се нарекува Ваикунтха.