Самсара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти

Самсара (санскрит: संसार, saṃsāra) се однесува на циклусот на реинкарнација или прераѓање во религиите како што се хиндуизам, будизам, џаинизам, сикизам и некои други.

Според овие религии, кармичкиот „долг“ во време на смртта се наследува и се пренесува во состојбата во која човекот се прераѓа. За време на секој земен живот, делата (добри или лоши) ја одредуваат натамошната судбина на човекот во процесот на прераѓањето. Според будизмот, за време на смртта волјата се пренесува во свесниот дел популарно наречен душа, која после одреден период (во Тибет наречен бардо), ги оформува основите за новото биолошко тело и новиот живот. Овој процес се одвива сè додека човекот да ја постигне состојбата наречена мокша.

Кога некој прави лоши дела во животот, ќе се прероди како животно или нешто уште полошо.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Достигнување на нивото на боговите Архивирано на 29 октомври 2008 г.", Хиндуизам, Канадска енциклопедија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]