Сикизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сикизмот се темели на вербата во еден бог и на циклусот на повторно раѓање. Бог е вечниот гуру, кој им дава вдахновение на сите верски учители.

Симболот на Сикизмот е канда односно цртеж на оружје.

Основата на Сикизмот се гледа во три погледа:

- Бог се наоѓа во сите предмети

- Сите луѓе ќе бидат повторно родени

- Сите луѓе се еднакви во очите на Бог

Потекло[уреди | уреди извор]

Сикизмот настанал во Пенџаб, во северна Индија и Пакистан околу 1500 години п.н.е. Денеска сикизмот е проширен во Велика Британија и Северна Америка. Сиките веруваат дека Бог е во секого. Гуруто Нанак ја истакнувал важноста на медитацијата за јакнење на чувството на божјата присутност во поединецот. Сиките во медитација често употребуваат бројаници. Сикизам доаѓа од зборот Сикх што значи „ученик“.

Основач[уреди | уреди извор]

Основач на сикизмот е Гуру Нанак. Тој е роден 1469 година во Пенџаб. Како триесетгодишник се свртел кон религијата и го основал сикизмот. По ова, го наследиле и уште девет гуруи.

Празници[уреди | уреди извор]

Баисаки - Нова година и создавање на Калсата

Дивали - Ослободување на гуруто Харгобинд, шестиот гуру од затвор

Гуру Нанак - Раѓање на основачот

Пет К[уреди | уреди извор]

Кеш - непотстрижена коса која мажот ја носи под турбанот

Кара - челична нараквица

Канга - чешел

Кирпан - нож

Кача - кратки панталони кои се носат под фустанот