Медитација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Терминот медитација се однесува на широк спектар на практики (како и терминот спорт) кој вклучува техники со цел да се промовира релаксација, да се изгради внатрешна енергија или сила на животот и да се развијат сочувството,[1] љубовта, трпението, великодушноста и простувањето.

Зборот медитација има различни значења во различни контексти. Медитацијата се практикува уште од античко време како дел од голем број верски традиции и верувања.[2] Медитацијата често вклучува внатрешен напор за само-регулирање на умот на некој начин. Медитацијата често се користи за расчистување на умот и олеснување за многу здравствени проблеми, како што се високиот крвен притисок,[3] депресијата и анксиозноста. Таа може да се направи седејќи, или на активен начин.

Медитацијата може да вклучува генерирање на емоционална состојба со цел анализирање на таа состојба - како лутина, омраза, итн.[4] Mедитација, исто така, може да вклучува повторување на мантра и затворање на очите.[5] Mантрата е избрана врз основа на нејзината соодветност на медитаторот. Медитацијата има смирувачки ефект и ја насочува свеста навнатре се додека не се постигне чиста свест, опишана како "да се биде буден во внатрешноста, без да се биде свесен за ништо освен самата свест".[6] Накратко, постојат десетици специфични стилови на медитација, и многу различни типови на активности кои честопати се нарекуваат медитативна практика.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. University of Wisconsin-Madison (2008, March 27). Compassion Meditation Changes The Brain. ScienceDaily. Retrieved November 1, 2012, from http://www.sciencedaily.com/releases/2008/03/080326204236.htm
  2. „Meditation“. vitalwarrior. http://vitalwarrior.org/the-program/step-7-meditation/. конс. 24 јули 2013 г. 
  3. Rainforth, Maxwell; Schneider, Robert H.; Nidich, Sanford I.; Gaylord-King, Carolyn; Salerno, John W.; Anderson, James W. (март 2008 г). Stress Reduction Programs in Patients with Elevated Blood Pressure: A Systematic Review and Meta-analysis. NIH Public Access. http://www.pubmedcentral.nih.gov/picrender.fcgi?artid=2268875&blobtype=pdf. 
  4. „Different States of Mind“. Mind Motivation. http://www.mindmotivations.com/resources/articles/different-states-mind. конс. 24 јули 2013 г. 
  5. „Mantra Meditation“. Wildmind. http://www.wildmind.org/mantras. конс. 24 јули 2013 г. 
  6. Phelan, Michael (July–September 1979 г). Transcendental Meditation. A Revitalization of the American Civil Religion. „Archives de sciences sociales des religions“ том  1 (48). 
  7. For descriptions of some of the more prominent approaches, both eastern and western, see Goleman's (1988) Meditative Mind, ISBN 0-87477-833-6 and Shear's (2006) Experience of Meditation, ISBN 978-1-55778-857-3, both listed in this article's bibliography.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]