Гривна
Гривна[1][2], белезија[3][4], белегзија[5][6], белезица[7][8] и бразлетна[9][10] — украсен предмет, вид накит, кој се носи околу зглобот на раката. Зборот „бразлетна“ потекнува од францускиот збор bracelet (латински: brachiale). Најчесто се изработуваат од благородни метали: злато, платина, сребро, од некои легури на благородни метали или од бисери и скапоцени камења. Белезиците можат да бидат со или без украсни додатоци — приврзоци.
Покрај од горенаведеното, белезици можат да се изработуваат и од: школки, украсни парчиња од резбарено дрво, уметничко стакло, парчиња од разнобојна пластика, разнобојни каменчиња и други материјали (бижутерија). Вредноста на белезицата може да биде голема доколку е скап материјалот од кој е изработена или ако је изработена како уметничко дело (во зависност од уметничката вредност и работата на уметникот кој ја направил белезицата). Белезиците се изработуваат и продаваат од кујунџии или златари, а во поново време се произведуваат индустриски или во студија (по нацрти на модни творци).
Освен белезици, во најупотребуван накит спаѓаат обетки, ѓердани, прстени и други.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „гривна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „гривна“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белезија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белезија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белегзија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белегзија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белезица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „белезица“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бразлетна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бразлетна“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Литература
[уреди | уреди извор]- Милан Вујаклија, ЛЕКСИКОН СТРАНИХ РЕЧИ И ИЗРАЗА, Просвета, Београд, 1991. година