Бахаизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бахаистички храм.

Верата на Бахаи (персиски: بهائی Bahā'i) или бахаизам е религија која ја учи основната вредност на сите религии, и единството и еднаквоста на сите луѓе. Основан од Бахаула во 1863 година, тој првично се зголеми во Иран (Персија) и други делови од регионот на Блискиот Исток. Во моментов има помеѓу 5 и 7 милиони приврзаници, познати како Бахаи, распространети во повеќето земји и територии во светот, со највисока концентрација во Иран.

Религијата е основана во Иран, каде што се соочува со тековни прогонства од своето основање. Таа пораснала од религијата Баби во средината на 19 век, чиј основач научил дека Бог наскоро ќе испрати пророк налик на Исус или Мухамед. Во 1863 година, откако бил протеран од неговиот роден Иран, Бахаула објави дека е тој пророк. Тој понатаму бил протеран, трошејќи повеќе од една деценија во затворскиот град Акка во османлиската провинција Сирија, во она што сега е Израел. По смртта на Бахаула во 1892 година, раководството на религијата падна на неговиот син `Абдул-Баха` (1844-1921), а подоцна и неговиот правнук Шоги Ефенди (1897-1957). Бахаи ширум светот годишно ги избираат локалните, регионалните и националните духовни собранија кои управуваат со работите на религијата, а на секои пет години членовите на сите национални духовни собранија го избираат Универзалниот дом на правдата, деветчлената врховна владејачка институција на светска заедница на Бахаи, која се наоѓа во Хаифа, Израел, во близина на храмот на Баб.

Верувања[уреди | уреди извор]

A white domed building
Бахаистички храм во Сиднеј, Австралија

Трите основни принципи кои се основа за доктрината и учењето на бахаизмот се: единство со Бога, една религија и единство меѓу луѓето.[1] Од овие постулати произлегло верувањето дека Бог повремено ја открива својата волја преку божествени гласници, чија цел е да го изменат карактерот на луѓето, и да им развијат морални и духовни квалитети.

Бахаистичките записи го опишуваат Бог како еден, недостапен, сезнаен, сеприсутен, непроменлив и семоќен, кој е творец на сите нешта во универзумот.[2] Божјото постоење и универзумот се вечни, без почеток и крај.[3] Бог е свеста на создаденото, со своја волја и цел, која се пренесува преку гласници, и тоа е манифестација на Бога.[4][5]

Бахаистичките учења велат дека Бог е преголем за луѓето да можат целосно да го сфатат, или за да можат да создадат комплетна и точна слика за него. Затоа, луѓето ќе го разберат Бога преку неговата манифестација.[6][7] Во бахаизмот на Бог често му се додаваат атрибути, како семоќен, со што постои значителен акцент на монотеизам. Бахаистичките учеа тврдат дека атрибутите кои му се додаваат на Бога се користат за да се преведе божественото со човечки изрази, како и да им се помогне на поединците да се насочат кон своите атрибути при обожување на Бога, со што ќе ги развијат своите потенцијали на духовниот пат.[6][7] Според нивното учење, целта на луѓето е да учат да го знаат и да го сакаат Бог преку методите како што се молитва, размислување и служење на другите.[6]

A white column with ornate designs carved into it, including a Star of David
Симболот на многу религии на столб од бахаистички храм во Илиноис, САД

Бахаистичките верувања понекогаш се опишани како синкретичка комбинација на претходни религиозни верувања.[8] Сепак, бахаистите сметаат дека нивната религија е посебна и потекнува од посебна традиција која има свои записи, учења, закони и историја.[3][9] Иако на почеток оваа религија била сметана за секта на исламот, повеќето изучувачи на религиите денес ја сметаат за независна религија, но која има корени во шиизмот, исто како што христијанството е излезено од јудаизмот.[10] И двете гранки на муслиманството, сунизмот и шиизмот, ги сметаат бахаистите за дезертери или отпадници од исламот.[11][12]

A stylized Arabic figure which has intersecting lines that lock around rings and five-pointed stars to either side
Бахаистичкиот симбол, кој претставува поврзување на луѓето со Бога.

Бахаистичките записи тврдат дека човекот има „рационална душа“, и дека таа им дава уникатен капацитет да го сфатат статусот на Бог и својата поврзаност со него. Секој човек има задача да го препознае Бог преку неговите гласници, и да се согласи на учењето.[13] Преку признавање и послушност, служење на другите, редовни молитви и духовна пракса, душата доаѓа поблиску до Бога, тврдат бахаистичките записи. Кога умира човекот, душата преминува во наредниот свет, каде неговиот духовен напредок е основа за суд и напредок во духовниот свет. Рај и пекол се духовни состојби на блискост или оддалеченост од Бога, а не се физички места за награда или казна што следи по смртта.[14]

Според бахаистичките записи, луѓето се еднакви, и треба да се укинат предрасудите. Човештвото е суштински едно, иако многу разновидно, а различноста на расите и културите се достојни за сфаќање и прифаќање. Учењата како расизам, национализам, касти, социјални класи и хиерархија според пол, се сметаат за вештачки препреки кон единството.[1] Учењата на бахаистите велат дека обединувањето на човештвото е најважното прашање во верските и политичките услови на сегашниот свет.[3]

Учењето на бахаизмот зборува за „големиот завет“,[15] кој е универзален и бескраен, и за „помалиот завет“, кој е посебен за секоја религија. Помалиот завет се смета како договор меѓу гласникот на Бог и неговите следбеници, и вклучува практики продолжување на авторитетот во таа религија. Според ова, откровението на Бахула се смета за помал завет, наменет за неговите следбеници.[16] Големиот завет е еден вид траен договор меѓу Бог и човештвото, при што манифестацијата на Бога се очекува да се појави на секои илјада години, во време на немири и неизвесност.

Канонски текстови[уреди | уреди извор]

A large temple in the shape of an open lotus flower
Храм во Њу Делхи, Индија, каде годишно минуваат околу 4 милиони посетители.

Канонски текстови се записите на Баб, Бахаула, Абдулбаха, Шоги Ефенди, како и на „Вселенската куќа на правдата“. Записите на Баб и Бахаула се сметаат за божествено откровение, записите и говорите на Абдулбаха и записите на Шоги Ефенди како толкувања на авторитети, а оние на „Вселенската куќа на правдата“ се сметаат за авторитативно законодавство и разјаснување.[17] Меѓу најважните записи на Бахаула се: Најсветата книга (Kitáb-i-Aqdas), во која се дефинирани многу закони и практики за луѓето и општеството,[18] Книга на увереност (Kitáb-i-Íqán), која е основа на голем дел од бахаистичките верувања,[19] Камења на божествените мистерии, која вклучува понатамошни доктрински основи, и Седум долини и Четири долини, кои се мистични трактати.[20]

Мистични текстови[уреди | уреди извор]

Постојат неколку текстови кои се сметаат за мистични.[3] Седум долини се смета за најмистичниот текст на Бахаула, кој е напишан за следбениците на суфизмот, а во стилот на персискиот поет Атар Нишапури[21] опишани се четири стадиуми на патувањето на душата кон Бог. Овој текст за првпат е преведен на англиски јазик во 1906 година, и се смета за прва книга на Бахаула донесена на Запад. Скриени зборови е друг текст од истиот период напишан од Бахаула, кој содржи 153 куси делови за кои Бахаула тврдел дека се основни духовни вистини напишани во кратка форма.[22]

Социјални практики[уреди | уреди извор]

A white domed building with palm trees in front of it
Бахаистичка куќа во Лангенхаин, Германија
Arabic script inscribed on a metal plate
Калиграфија на бахаистичкиот симбол „најголемото име“

Следат некои од примерите на бахаистичкото учење, а кое се однесува на однесувањето на луѓето.

  • Бахаист над 15 годишна возраст треба секојдневно да ги кажува наизуст задолжителните молитви, употребувајќи ги запишаните зборови.
  • Покрај задолжителната секојдневна молитва, бахаистот треба да кажува посебна молитва, како и да ги изучува светите текстови.
  • Возрасен бахаист треба да практикува деветнаесет дневен пост еднаш во годината за време на дневната светлина во март, со одредени исклучоци.
  • Постои посебна практика при закоп која вклучува посебна молитва што треба да биде прочитана. Балсамирање и кремирање се строго забранети.
  • Бахаистот треба да дава 19% доброволна уплата на вишокот богатство, односно на она што е над неопходното комфорно живеење, и откако ќе ги подмири задолжувањата. Ваквите плаќања се користат во филантропски цели.
  • Озборувања се забранети.
  • Пиење или продавање на алкохолни пијалаци е забрането.
  • Сексот е дозволен само меѓу сопружниците, и според тоа предбрачен, вонбрачен или хомосексуален секс се забранети.
  • Просењето не е професија и е забрането.

Некои од законите во „Најсветата книга“ се применливи во денешно време, но некои не се. Законите кои не се во спротивност со законите на државата во која живее бахаистот, се обврзувачки за секој бахаист,[23] а молитвите и постот се одговорност на поединецот.[24][25]

Брак[уреди | уреди извор]

Целта на бракот според верувањето на бахаизмот е главно негување на духовна хармонија, пријателство и заедништво меѓу маж и жена, како и обезбедување на стабилна и пријатна средина за децата.[26] Бахаистичкото учење го нарекува бракот тврдина за благосостојба и спасение, а бракот и семејството ги смета за основа на човечкото општество.[27] Бахаула високо го ценел бракот, не одобрувал развод, и барал чесност надвор од бракот. Тој сметал дека мажот и жената треба да се трудат да си го подобрат духовниот живот еден на друг.[28] Брак меѓу двајца од различни раси се охрабрува во записите.[27]

Бахаист што сака да стапи во брак прво треба да покаже дека го знае карактерот на партнерот/ партнерката.[27] Иако родителите не треба да договараат бракови за нивните деца, откако двајцата млади ќе решат да стапат во брак, треба да побараат благослов од родителите, било да се тие бахаисти или не. Свадбата е едноставна, а единствениот задолжителен дел е читање на свадбените ветувања, запишани од Бахаула, кои ги читаат и невестата и младоженецот во присуство на двајца сведоци.[27]

Работа и средби[уреди | уреди извор]

Бахаула забранил просење и аскетизам,[29] како и монаштво, а бахаистот треба да практикува духовност додека работи нешто корисно.[3] Важно е секој бахаист да служи на човештвото, а таквата работа е еднаква на молитва пред очите на Бога.[3]

Повеќето средби меѓу бахаистите се одвиваат во приватни куќи, локални центри или во изнајмени објекти.

Симболи[уреди | уреди извор]

Симболите на бахаизмот доаѓаат од арапскиот збор „Баха“ (بهاء „сјај“ или „слава“),со нумеричка вредност 9, поради што најчест симбол е ѕвезда со девет краци.[30] Симболот „камен прстен“ и калиографскиот запис за „најголемото име“ се среќаваат често исто така.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hutter 2005, стр. 737–740.
  2. Smith 2008, стр. 106.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Daume & Watson 1992.
  4. Smith 2008, стр. 106–107.
  5. Smith 2008, стр. 111–112.
  6. 6,0 6,1 6,2 Hatcher 2005, стр. 1–38.
  7. 7,0 7,1 Cole 1982, стр. 1–38.
  8. Stockman 1997.
  9. Bausani 2012.
  10. Van der Vyer 1996, стр. 449.
  11. Boyle & Sheen 1997, стр. 119–120.
  12. Afshari 2001, стр. 119–120.
  13. McMullen 2000, стр. 57–58.
  14. Masumian 1995.
  15. Taherzadeh 1972.
  16. Momen 1995: "Lower covenant"
  17. Smith 2000, стр. 100–101: "Canonical texts"
  18. Hatcher & Martin 1998, стр. 46.
  19. Hatcher & Martin 1998, стр. 137.
  20. Smith 2008, стр. 20.
  21. Smith 2000, стр. 311: "Seven Valleys"
  22. Smith 2000, стр. 181: "Hidden Words"
  23. Smith 2008, стр. 158.
  24. Smith 2000, стр. 223–225: "Law"
  25. Walbridge 1996.
  26. Smith 2008, стр. 164–165.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 Smith 2008, стр. 164.
  28. Baha'is of Warwick 12 October 2003.
  29. Smith 2008, стр. 154–155.
  30. Smith 2000, стр. 167–168: "Greatest Name"