Откровение на Јован

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Откровението на Јован или Апокалипса е името на посладната книга од Новиот Завет. Во текот на средниот век, таа била разделена на 22 глави.

Според името на текстот, авторот себе си се нарекува Јован, и во првата глава од текстот нагласува дека е слуга на Исус Христос и дека е во затворот во Патмос. Во раното христијанство исклучително се сметало дека автор на овој текст е апостол Јован. Денеска околу ива постојат мислења дека можеби не се работи за апостол Јован. Откровението било напишано во периодот околу 90 до 100 година.

Откровението е предмет на дискусии и различно толкување на голем број истражувачи и теолози. Самото послание зборува за второто доаѓање на Исус Христос и исполнувањето на божјиот план за победата над злото. Откровението било наменето за христијаните кои биле постојано прогонувани во империјата.