Прво послание до Тимотеј
Првото послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес.
Автор[уреди | уреди извор]
Денешните истражувачи се поделени околу авторството на ова послание. Голем број сметаат дека автор на ова послание е апостол Павле, како што пишува на самиот почеток од текстот: „Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж“. Според овој стих, најголем број од раните христијани сметале дека авторот е Павле. Посладните 200 години започнало да се смета дека посланието всушност не е напишано од апостол Павле, туку од некој анонимен христијански ученик кој бил доста блиску до Павле и неговото учење. Се смета дека авторот на ова послание со сигурност бил и автор на посланието до Тит.
Оние кои сметаат дека авторот на ова послание е апостол Павле, сметаат дека истото било напишано во периодот од околу 62 и 67 година. Останатите сметаат дека посланието било напишано кон крајот на 2 век.
Тимотеј[уреди | уреди извор]
Тимотеј за првпат се спомнува во Апостолски дела (16:1). Неговата мајка баба Лоида и мајка Евника се споменуваат во Второто послание на апостол Павле до Тимотеј. Тимотеј го запознал Павле во времето на неговата втора посета на Листра. Павле го покрстил и го поставил за негов ментор. Така тие заедно патувале на различни места и градови.
Содржина[уреди | уреди извор]
Во ова послание, апостол Павле го охрабрува Тимотеј за неговата мисионерска дејност. Во тоа време, Тимотеј се наоѓал во Ефес, а Павле му напишал да остане таму и да продолжи со работата. На Ефес Павле поминал три години, проповедајќи го христијанството, по кое Тимотеј го продолжил неговото слово. Павле го предупредил Тимтеј од појавата на лажни учители:
„ | кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината | “ |
советувајќи го:
„ | Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата | “ |
Во тоа време една од големите дебати во христијанската заедница била улогата на жената во црквата. Апостол Павле сепак авторитетот го препуштил на мажите:
„ | А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна | “ |
Во контекст на ова, апостол Павле и мажите и жените ги повикал на молитва. Павле во продолжение пишува за поведението на различните групи во црквата,
„ | Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, се одрекол од верата и е полош од оној кој не верува. | “ |
|
|