Послание до Римјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Посланието кон Римјаните е библиска книга од Новиот завет, која била напишана од страна на апостол Павле. Во текот на средниот век, посланието било структуирано во шеснаесет глави. Било напишано на старогрчки јазик (коине).

Автор и дата[уреди | уреди извор]

Апостол Павле е признаен од скоро сите истражувачи како автор на ова послание. Како место каде било пишувано посланието се смета градот Коринт, а спомнувањата на Фива (Рим. 16:1; Кенхреја било пристаништето на Коринт), Гај (Рим. 16:23) и Ераст (Рим. 16:23) - кои биле поврзани со Коринт - укажуваат на тоа. Апостолот го напишал посланиево кон крајот на неговото трето мисионерско патување (најверојатно во 56-та година н.е.), кога се подготвувал да замине за Палестина со прилогот за сиромашните верници во Ерусалимската црква (Рим. 15:25). А Фива, ја добила големата одговорност да им го достави ова писмо на римските верници (Рим. 16:1-2). Откако Павле се вратил во Ерусалим, носејќи прилог за сиромашните во тамошната црква, тој бил лажно обвинет од некои евреи (Дела 21:27-29), дивјачки претепан од гневна толпа (Дела 21:30-31) и уапсен од римјаните (Дела 21:33). И покрај тоа што двајцата римски гувернери, Феликс и Фест, како и Ирод Агрипа, не го прогласиле за виновен, бидејќи не нашле никаква вина во него, тој сепак останал во римски притвор поради притисокот од еврејските водачи (Дела 23-26). По две години, апостолот го искористил своето право како римски граѓанин, повикувајќи се на Цезарот (Дела 25:11-12), и заедно со други затвореници бил испратен кон Рим (Дела 27). По неговото стравично патување (Дела 27-28) во кое доживеал бродолом поради огромната бура среде море, Павле стигнал до Рим. Иако подоцна Павле бил ослободен на кратко време, сепак повторно бил уапсен, а потоа и маченички убиен во Рим, околу 65-67 година н.е. (2 Тим. 4:6).

Значењето на Посланието до Римјаните се наоѓа помегу најстарите текстови кои се наоѓаат во Новиот завет, и од таа приќина текстот претставува едно од најголемите извори на историјата на црквата во текот на 2 век[1][2]. Значењето на посланието се зголемило по крајот на реформацијата.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во посланието главно се зборува за односнот на христијанската религија спрема оние кои не се христијани, посебно кон евреите кои апостол Павле ги повикува да го примат христијанството, објаснувајќи им зошто е тоа најдобриот чекор за нив. Апостол Павле спомнува дека писмото ќе го испрати од едно од коринтските пристаништа, Кенхреја, преку верничка на црквата Фива (Рим 16:1).

  • Вовед: Рим 1,1-17
  • Оправдување: Ром 1,18-4,25 ¸
  • Гревот, смртта, духот и животот: 5,1-8,39
  • Евреите во Рим 9,1-11,36
  • Нов христијански живот: Рим 12,1-15,13
  • Заклучок: Рим 15,14-33
  • Распоред: Рим 16,1-27

Цитати[уреди | уреди извор]

А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците; и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-04-09.
  2. „Bible. N.T. Romans-Commentaries-Romans Demythologized by James Park“. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 2011-04-09.