Послание до Галатјаните
Книги од Новиот завет |
---|
Евангелија |
Матеј · Марко · Лука · Јован |
Дела |
Дела на светите апостоли |
Посланија |
Јаков 1 Петар · 2 Петар 1 Јован · 2 Јован · 3 Јован Јуда Римјани 1 Коринтјаните · 2 Коринтјаните Галатјаните · Ефесјаните Филипјаните · Колосјаните 1 Солуњаните · 2 Солуњаните 1 Тимотеј · 2 Тимотеј Тит · Филимон Евреите |
Апокалипса |
Откровение |
Посланието на апостол Павле до Галатјаните е деветтата книга од Новиот завет, по Второто послание до Коринќаните.
Автор на посланието е апостол Павле, а тоа било пишувано во околу -тите години на 1 век. Авторот се обраќа кон жителите на Галатија, кои го примиле христијанството. Галатија била област во Централна Анадолија.
Оваа послание може да се опише како најстраствено. Апостол Павле изразува жалење поради тоа што Галатјаните, кои од него го примиле христијанството, бидејќи по неговото заминување паднале во голема заблуда, бидејќи се појавиле некои лажни мисионери, најверојатно Гностици, кои го омаложувале апостолот.
Дата[уреди | уреди извор]
Според некои истражувачи, ова послание е едно од најраните напишани од Павле. Според истите, тие веруваат дека Павле го напишал во времето кога тој бил во Антиохија, пред Апостолскиот собор во Ерусалим, и пред неговото мисионерско патување.[1] Според овој извор, годината на пишување на посланието би била околу 48 година. Според други извори, посланието било напишано во времето на третото мисионерско патување на апостол Петар. Писмата кои имаат општи теми со Галатјаните биле пишувани во третото патување.
Содржина[уреди | уреди извор]
Ова послание може да биде претставено преку следниот план:
- Павловата заштита на неговото апостолство (глава 1 и 2)
- Павловото разгледување на прашањата поврзани околу законот (3:1 - 5:12)
- Павловото проповедање за животот на Духот (5:13 - 6:10)
Цитати[уреди | уреди извор]
„ | Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек. | “ |
„ | Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем. | “ |
„ | А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот! . | “ |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ W.M. Ramsay: The Teaching of Paul in Terms of the Present Day (London: Hodder and Stoughton, 1913), 383-403.
|
|