Второ послание на апостол Јован

Од Википедија — слободната енциклопедија

Второ послание на апоастол Јован — второто од Јовановите посланија во Новиот завет, припишано на Авторот на Јовановите посланија и Евангелието според Јован го нарекуваат Јован Евангелист (иако ова е спорно), кои денешните теолози го сметаат за различен од апостолот Јован Богослов на кој традиционално му се пришишува авторството. Не постои консензус околу авторството. Во самото послание, авторот себеси се нарекува „презвитерот“ (старешината).

Содржина[уреди | уреди извор]

Ракопис од Новиот завет со текст од Второто послание на апостол Јован 1-5 (V или VI век)

На почетокот, авторот на ова кратко посланието се обраќа до една жена и нејзините деца, пофалувајќи ги дека ја познале божјата вистина. Притоа, тој советува дека луѓето треба да се сакаат и да ги почитуваат божјите заповеди, но исто така, ги предупредува верниците да внимаваат на појавата на непријателите на верата кои го негираат телесното постоење на Исус Христос. Најпосле, тој им порачува на верниците да не се дружат со оние кои не веруваат во христијанското учење.[1]

Јазикот во ова послание е извонредно сличен на јазикот во Третото послание на апостол Јован. Затоа некои сметаат дека имаат заеднички автор. Традиционално се смета дека сите овие посланија се од перото на апостол Јован Богослов, а јазичната структура, особено лексиката, и темите на полемиката одат во прилог на оваа теорија.[2]

Значајно е и предупредувањето да не се слушаат оние кои велат дека Исус не бил телесна личност: „бидејќи во светот влегоа мнозина из­мамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело.“ Од ова се гледа дека во тоа време постоеле следбеници на докетистички христологии, кои верувале дека Исус бил само дух или дека воошто не дошол.[3]

Според друго толкување на ова отфрлање на гностичката теологија, ова може да говори за подоцнежен датум на посланието. Ова не може да се утврди чисто од проучувањето на контекстот. Почетоците за гностицизмот и неговиот однос со христијанството се слабо датирани поради недоволниот корпус на литература во која се говори за односот помеѓу овие две религии. Авторот жестокот осудува такви противтелесни ставови, што значи дека ваквите отстапнички ставови биле достатно гласни, убедливи или бројни за да бидат осудени на овој начин. Приврзаниците на гностицизмот биле најбројни во II и III век.[4]

Толкување на „Госпоѓата“[уреди | уреди извор]

Текстот е упатен „до избраната госпоѓа и нејзините чеда“ и завршува со зборовите „Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра.“ Авторот ја пофалува благочестивоста на нејзините чеда и предупредува од изманници.

Госпоѓата често се толкува како метафора за некоја помесна црква.[5][6] Нејзините чеда би биле членовите на таа заедница. Во последниот стих авторот пренесува поздрав од друга црква: „Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!“ Поимот избран бил прилично чест збор за оние кои веруваат во евангелието и го следат Христа.[7][8][9] Теологот Ејмос Вајлдер го поддржува ова гледиште, велејќи дека се гледа од содржината на самото послание дека тоа е упатено на цела црква, а не на поединец.[10]

Според друго толкување, писмото е упатено кон вистинска жена. Атанасиј Александриски смета[11] дека Кирија (госпоѓа на грчки)[12] во случајов е лично име. Можно е авторот да се обраќа на некоја жена, но без да ја именува.[11] Една теорија вели дека писмото ѝ е упатено на Богородица; Исус му ја доверил мајка си Марија кога бил на крстот на ученик кој особено го љубел (Јован 19,26–27). Тогаш би значело дека „чедата“ се браќата на Исус: Јаков Праведниот, Јосија, Симон и Јуда и сестрата на Богородица спомнета во Јован 19,25. Богородица исто така никогаш не се споменува по име во Јовановото евангелие. Ваквото толкување би значело дека писмото е напишано многу порано отколку што сметаат современите теолози.[13][14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 189.
  2. John Painter, 1, 2, and 3 John (Sacra Pagina), Volume 18 of Sacra Pagina, Liturgical Press, 2008. pp. 57–59
  3. James Leslie Houlden, Johannine epistles, Black's New Testament commentaries, Edition 2, Continuum International Publishing Group, 1994. pp. 139–40
  4. Cf. Bart D. Ehrman. Lost Christianities. Oxford University press, 2003, pp. 116–26
  5. Вовед во 2 Јован — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
  6. Burton, Ernest DeWitt (1896). „The Epistles of John“. The Biblical World. 7 (5): 368–69. JSTOR 3140373.
  7. thebereancall.org.
  8. Did Christ Die Only for the Elect?: A Treatise on the extent of Christ's Atonement ISBN 1-57910-135-6 pp. 113–114
  9. biblegateway.com.
  10. Wilder, Amos. „II John: Exegesis“. Во Harmon, Nolan (уред.). The Interpreter's Bible. 12. стр. 303.
  11. 11,0 11,1 New English Translation (PDF). стр. 2 John.
  12. „κυρίᾳ“. Посетено на 13 април 2020.
  13. biblicalarchaeology.org. 25 јануари 2022.
  14. bible-truth.org.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]