Прејди на содржината

Апостол Тит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тит
епископ и сопатник на Павле
Роден(а) I век,
Починал(а) 96 или 107, Гортина, Крит
Почитуван(а) во православие
древноисточни цркви
Римокатоличка црква
лутеранство
англиканство
Главно светилиште Ираклион, Крит
Слава 25 август/7 септември (православие)
26 јануари (католицизам)
подвижно (Ерменска апостолска црква)[1]
Заштитништво Крит

Апостол Тит (грчки: Τίτος) — ранохристијански мисионер и црковен водач, еден од Седумдесетте апостоли. Бил сопатник и ученик на Апостол Павле, споменат е неколкупати во Павловите посланија, вклучувајќи го Посланието до Тит упатено нему. Се смета дека бил незнабожец преобратен во христијанството од Павле и, според преданието, бил ракоположен за епископ на Крит.[2]

Тит донел писмо од Павле во Коринт, каде Павле повикува на прибирање средства за сиромасите во Ерусалим. Според Јероним Стридонски, Тит бил писарот на (Второто послание до Коринтјаните).[3] Подоцна на Крит Тит назначил презвитери (старешини) во секој град и останал на островот сè до крајот на животот. Починал во Гортина кај градот Кандија (денешен Ираклион).[2]

По народност Тит бил Грк од Крит кој во младоста изучувал филозофија и поезија.[4] Христијанството го примил по залагање на Павле, а потоа станал негов секретар и преведувач. Во 49 г. Тит го придружувал Павле на Ерусалимскиот собор, на кој е заклучено дека христијаните раскрстуваат со највеќето обреди на Евреите заповедани на Мојсеј.[5]

Кон крајот на 56 г. Павле заминал од Азија, а Тит го испратил од Ефес во Коринт со задача да ги разреши проблемите кои уследиле како последица од Првото послание до Коринтјаните донесено од Тимотеј[6] како и од Павловата посета[7] при која тој доживеал лична навреда и оспорување на неговиот авторитет од неименувана личност.[8] Во текот на неговото патување Тит го доставил посланието од Павле кое е изгубено, но споменато во Второто послание до Коринтјаните.[9]

По успешно извршената задача, Тит заминал на север и се сретнал со Павле во Македонија. Кога разбрал за успехот,[10] Павле се воодушевил и го напишал Второто послание до Коринтјаните. Тит потоа се вратил во Коринт со поголема придружба, носејќи со себе носејќи го ова второ послание. Подоцна Павле му се придружил во Коринт. Од Коринт Павле го испратил Тит да организира собирање на милостиња за христијаните во Ерусалим. Така, Тит веќе стекнал искуство во улогите на решавач на проблеми, миротворец, службеник и мисионер.

Ранохристијанската традиција вели дека по првото ослободување од затвор во Рим, Павле навратил на Крит за да проповеда. Бидејќи бил потребен и во други цркви, тој го ракоположил Тит за епископ на тој остров,[11] и му ја доверил започнатата задача. Јован Златоуст вели дека ова е силен показател за почитта која Павле ја имал кон Тит.[5]

Павле го повикал Тит да му се придружи во Никопол во Епир.[12] Подоцна Тит дошол во Далмација.[13] Во Новиот завет не се зборува за неговата смрт.

Некои библисти сметаат дека „Тит“ во Второто послание до Коринтјаните и Посланието до Галатјаните едноставно е неформалноо име на Тимотеј Ефески, укажувајќи на тоа дека обајцата се долгорочни сопатници на Павле и дека никогаш не се појавуваат заедно во истите сцени.[14] Оваа теорија претпоставува дека поголем број стихови (1 Кор. 4,17, 16,10; 2 Кор. 2,13, 7,6, 13–14, 12,18; и Дела 19,22) се однесуваат на едно исто патување на една иста личност, имено Тит-Тимотеј. Второто послание до Тимотеј не оди во прилог на оваа теза бидејќи во него Тит отшил во Далмација.[15] Фактот што што Павле го обрежал Тимотеј[16] но одбил да го обреже Тит[17] зборува дека се работи за различни личности, иако некои како (како Гај Мариј Викторин)[18] од извесни ракописи на Галатјаните[19] заклучуваат дека Павле го обрежал и Тит.

Почитување

[уреди | уреди извор]
Катедралата „Св. Тит“ во Ираклион, Крит.

Православието го слави Тит на 25 август (7 септември по нов стил) и 4 јануари (17 јануари по нов стил) — Собор на Седумдесетте Апостоли)[20], или . Денес од неговите мошти е останат само черепот, кој се чува во црквата „Св. Тит“ во Ираклион, вратен во 1966 г.[21] откако бил земен на чување во Венеција за време на турското владеење.

Тит првично немал свој ден во католичкиот Тридентински календар. Во 1854 г. е додаден во календарот за 6 февруари.[22] In 1969 г. Римокатоличката црква денес го празнува на 26 јануари, на истиот ден заедно со Тимотеј како ученици на Павле, дента по одбележувањето на неговото преобраќање во христијанство.[23] Евангелската лутеранска црква во Америка ги чествува истите двајца светители заедно со Апостол Сила на истиот датум, а Црквата на Англија и Епископалната црква во САД го чествуваат заедно со Тимотеј Ефески) на 26 јануари.[24][25]

Апостол Тит е покровител Военосвештенскиот корпус на Армијата на САД и го доделува орденот „Св. Тит“ за заслуги.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ерменската апостолска црква го празнува Тит во четврток по петтиот ден недела по Крстовден. Извор: Domar: the calendrical and liturgical cycle of the Armenian Apostolic Orthodox Church, Armenian Orthodox Theological Research Institute, 2002, стр. 528.
  2. 2,0 2,1 Smith, William. Smith’s Bible Dictionary 11th printing, November 1975. New Jersey: Fleming H. Revel Company. стр. 701–02.
  3. Јероним Стридонски, Писмо 120: „Затоа Тит служеше како преведувач, како што Свети Марко му служеше на Свети Петар, со кој заедно го напишаа ова Евангелие...“
  4. "Timothy and Titus", Catholic News Agency, 26 јануари 2015“. Архивирано од изворникот на 28 април 2017.
  5. 5,0 5,1 „Butler, Alban. The Lives of the Saints, Vol. I, (1866)“.
  6. 1 Коринтјаните 16,10-11
  7. 2 Коринтјаните 2,1
  8. 2 Коринтјаните 2,5–11
  9. 2 Коринтјаните 7,8
  10. 2 Коринтјаните 7,6–15
  11. Тит 1,5
  12. Тит 3,12
  13. „Pope Benedict XVI. "Timothy and Titus", L'Osservatore Romano, стр. 11, 27 декември 2006“.
  14. Fellows, Richard G. "Was Titus Timothy?" Journal for the Study of the New Testament 81 (2001):33–58.
  15. 2 Тимотеј 4,10
  16. Дела 16,3
  17. Галатјаните 2,3
  18. Cooper, Stephen. Marius Victorinus' Commentary on Galatians. Oxford University Press, 2005.
  19. Галатјаните 2,4
  20. Собор на Светите Седумдесет Апостоли
  21. „The Orthodox Messenger, v. 8(7/8), July/Aug 1997“.
  22. Calendarium Romanum (Libreria Editrice Vaticana, 1969), стр. 86
  23. Calendarium Romanum (Libreria Editrice Vaticana, 1969), стр. 116
  24. „The Calendar“. The Church of England (англиски). Посетено на 27 март 2021.
  25. „Titus and Timothy, Companions of Saint Paul“. The Episcopal Church (англиски). Посетено на 19 јули 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]