Прво послание до Коринтјаните

Од Википедија — слободната енциклопедија

Првото послание до Коринтјаните (1 Коринтјаните) — послание на апостол Павле од Новиот завет напишано во Ефес најверојатно во 57 година.

Доаѓањето во Коринт[уреди | уреди извор]

Апостол Павле во Коринт престојувал околу 18 месеци, во периодот од 50 до 52 година, во времето на своето второ мисионерско патување проповедајќи го евангелието. Се смета дека во градот живееле околу 500.000 луѓе, од кои две третини биле робови. Во 146 п.н.е. градот бил разрушен а по сто години повторно обновен од страна на Цезар.

Христијанската црква во градот била основана од страна на Павле. Ова најмногу се опишува во Делата на апостолите.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во Првото послание до Коринтјаните 5:1-12 апостол Павле зборува за тоа дека заедницата отворено толерира еден свој член кој е крив за блуд со маќеа. Павле наредува тој човек да се исклучи од црквата додека не се покае, а потоа ја предупредува заедницата повикувајќи ја да не се расипе со таквиот лош пример или да им се врати на своите поранешни гревови. Тој упатува вакво предупредување: ”Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјето царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци), ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото царство. И некои од вас беа такви. Но се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог” (1 Кор.6,9-11).

Во глава 6;10 Павле предупредува дека ”пијаниците нема да го наследат Божјото царство”. Спомнатиот случај на разврат во коринтската црковна заедница изгледа дека имал среќен крај. Бидејќи членови на заедницата се покајале поради својата толеранција, го послушале апостол Павле и виновникот го искличиле од своите редови.

Химна на љубовта[уреди | уреди извор]

  1. Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи;
  2. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум
  3. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.
  4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува
  5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло
  6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
  7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
  8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне
  9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
  10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
  11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
  12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
  13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]