Павлови посланија
Павлови посланија или Посланија на Апостол Павле — тринаесет книги од Новиот завет припишани на Апостол Павле, иако авторството на некои од нив е несигурно. Меѓу нив се некои од најраните денес постоечки христијански документи. Даваа увид во верувањата и споровите за време на раното христијанство. Како дел од канонот на Новиот завет, претставуваат основоположнички текстови за христијанската теологија и етика. Иако не се води под негово име, Посланието до Евреите традиционално му се припишува на Павле; црковниот отец Ориген фрлил сомнеж врз неговото авторство уште во III век, а почнувајќи од XVI век постепено преовладеало мислењето дека не е напишано од Павле, претежно поради несложување во стилот и содржината.[1] Највеќето стручњаци се согласуваат дека Павле е автор на седум од посланијата, а дека четири од нему припишаните се впрочем псевдоепиграфски (Ефесјаните, 1 Тимотеј, 2 Тимотеј и Тит[2]) и дека уште две имаат сомнително авторство (2 Солуњаните и Колосјаните).[2] Според некои богословски познавачи, Павле ги напишал овие писма со помош од неговиот писар,[3] кој извршил влијание врз стилот, ако не и врз самата теолошка содржина.
Павловите посланија во денешните изданија на Новиот завет (вклучувајќи ги македонските) обично се сместуваат меѓу Делата на светите апостоли и Соборните посланија. Меѓутоа, во највеќето грчки ракописи Соборните посланија се први,[4] а во неколку минускулни ракописи (175, 325, 336 и 1424) Павловите посланија стојат на крајот од Новиот завет.
Редослед
[уреди | уреди извор]По редоследот во кој се водат, Павловите посланија се следниве:
Назив | Упатено кон | Грчки | Латински | Кратенка |
---|---|---|---|---|
Послание до Римјаните | црквата во Рим | Πρὸς Ῥωμαίους | Epistola ad Romanos | Рим |
Прво послание до Коринтјаните | црквата во Коринт | Πρὸς Κορινθίους Αʹ | Epistola I ad Corinthios | 1 Кор |
Второ послание до Коринтјаните | црквата во Коринт | Πρὸς Κορινθίους Βʹ | Epistola II ad Corinthios | 2 Кор |
Послание до Галатјаните | црквата во Галатија | Πρὸς Γαλάτας | Epistola ad Galatas | Гал |
Послание до Ефесјаните | црквата во Ефес | Πρὸς Ἐφεσίους | Epistola ad Ephesios | Ефес |
Послание до Филипјаните | црквата во Филипи | Πρὸς Φιλιππησίους | Epistola ad Philippenses | Фил |
Послание до Колосјаните | црквата во Колоси | Πρὸς Κολοσσαεῖς | Epistola ad Colossenses | Кол |
Прво послание до Солуњаните | црквата во Солун | Πρὸς Θεσσαλονικεῖς Αʹ | Epistola I ad Thessalonicenses | 1 Сол |
Второ послание до Солуњаните | црквата во Солун | Πρὸς Θεσσαλονικεῖς Βʹ | Epistola II ad Thessalonicenses | 2 Сол |
Прво послание до Тимотеј | Тимотеј Ефески | Πρὸς Τιμόθεον Αʹ | Epistola I ad Timotheum | 1 Тим |
Второ послание до Тимотеј | Тимотеј Ефески | Πρὸς Τιμόθεον Βʹ | Epistola II ad Timotheum | 2 Тим |
Послание до Тит | Апостол Тит | Πρὸς Τίτον | Epistola ad Titum | Тит |
Послание до Филимон | Апостол Филимон | Πρὸς Φιλήμονα | Epistola ad Philemonem | Флмн |
Послание до Евреите* | јудеохристијаните | Πρὸς Έβραίους | Epistola ad Hebraeus | Евр |
Овој редослед е извонредно доследен во ракописната традиција, со многу малку отстапувања. Наредени надолно, според должината на текстот (на грчки), а четирите пастирски посланија упатени кон поединци стојат на крај. Единствено отстапува Галатјаните, чиј текст е малку подолг од оној на Ефесјаните.[5]
Во денешните изданија, формално анонимното Послание до Евреите е сместено на крајот од Павловите посланија, пред Соборните посланија. Ваквото постапување добило на популарност уште со Вулгатата на Јероним Стридонски од IV век, кому му биле познати сомнежите за авторството од постаро време, а истото го следат и највеќето средновековни византиски ракописи речиси без никакви исклучоци.[5]
Местото на Евреите меѓу Павловите ракописи е помалку доследно во ракописите:
- помеѓу Римјаните и 1 Коринтјаните (т.е. по должински редослед, без подвојување на посланијата до Коринтјаните): Папирус 46 и минискулите 103, 455, 1961, 1964, 1977, 1994.
- помеѓу 2 Коринтјаните и Галатјаните: минускули 1930, 1978 и 2248
- помеѓу Галатјаните и Ефесјаните: подразбрано според бројките во ракописот B. Меѓутоа, во B, Галатјаните завршуваат и почнуваат Ефесјаните на истата страна од истото фолио (стр. 1493); истото важи и за 2 Солуњаните, кои завршуваат на истата фолиска страна кајшто почнуваат Евреите (стр. 1512).[6]
- помеѓу 2 Солуњаните и 1 Тимотеј (т.е. пред пастирските): ракописите א, A, B, C, H, I, P, унцијалните ракописи 0150 и 0151, како и околу 60 минускули (на пр. 218, 632)
- по Филимон: ракописите D, 048, E, K, L и повеќето минускули.
- изоставен во: ракописите F и G
Авторство на посланијата
[уреди | уреди извор]36 | (31-36 г.: преобраќање на Павле) |
---|---|
37 | |
38 | |
39 | |
40 | |
41 | |
42 | |
43 | |
44 | |
45 | |
46 | |
47 | |
48 | Послание до Галатјаните |
49 | |
50 | Прво послание до Солуњаните |
51 | Второ послание до Солуњаните |
52 | |
53 | |
54 | Прво послание до Коринтјаните |
55 | Второ послание до Коринтјаните |
56 | |
57 | Послание до Римјаните |
58 | |
59 | |
60 | |
61 | |
62 | Послание до Филипјаните |
Послание до Филимон | |
Послание до Колосјаните | |
Послание до Ефесјаните | |
63 | |
64 | Прво послание до Тимотеј |
65 | Второ послание до Тимотеј |
66 | Послание до Тит |
67 | (64-67 г.: смрт на Павле) |
Во сите овие посланија освен Евреите, авторот и пишувачот се самоословува како Павле. Меѓутоа, спорните писма може да се напишани под негово име, бидејќи во тоа време припишувањето не било невообичаено.[7]
Седумте писма (со општоприафатени датуми)[8] кои највеќето стручњаци ги сметаат за верни:
- 1 Солуњаните (~ 50 г.)
- Галатјаните (~ 53 г.)
- 1 Коринтјаните (~ 53–54 г.)
- Филипјаните (~ 55 г.)
- Филимон (~ 55 г.)
- 2 Коринтјаните (~ 55–56 г.)
- Римјаните (~ 57 г.)
Писмата за кои постои рамномерно поделено мислење:[2]
- Колосјаните (~ 62 г.)
- 2 Солуњаните (~ 49–51 г.)
Писмата што се сметаат за псевдоепиграфски од 80 % од стручњаците (дадени со традиционалните години):[2]
- Ефесјаните (~ 62 г.)
- 1 Тимотеј (~ 62–64 г.)
- 2 Тимотеј (~ 62–64 г.)
- Тит (~ 62–64 г.)
Иако е анонимно и не е во облик на писмо, Посланието до Евреите одамна се сместува во собраните писма на Павле, иако највеќето сметаат дека не е негово дело.[2]
Изгубени Павлови посланија
[уреди | уреди извор]Читајќи го Павле, се претпоставува дека напишал уште неколку писма кои не се зачувани:
- претходно послание до Коринтјаните[9] споменато во Коринтјаните 5,9
- трето послание до Коринтјаните, наречено и „Плачно писмо“, споменато во 2 Коринтјаните 2,4 и 2 Коринтјаните 7,8–9
- претходно послание до Ефесјаните споменато во Ефесјаните 3,3–4
- Послание до Лаодикијците,[10] споменато во Колосјаните 4,16
Собрани посланија
[уреди | уреди извор]Се смета дека првиот кој ги собрал посланијата бил ранохристијанскиот деец Маркион Синопски на почетокот на II век,[11] иако не е исклучено самиот Павле да ги собирал писмата за подоцнежно издавање.[12] Во времето на Павле било вообичаено испраќачот да чува свој примерок од писмото; зачуваните писма од стариот век во денешните збирки се примероци или на испраќачот или на примачот.[13] Павловата збирка била во оптек одделно од другите ранохристијански писанија и подоцна се придодадени кон Новиот завет.[14]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The New Jerome Biblical Commentary, publ. Geoffrey Chapman, 1989, chapter 60, at p. 920, col. 2 "That Paul is neither directly nor indirectly the author is now the view of scholars almost without exception. For details, see Kümmel, I[ntroduction to the] N[ew] T[estament, Nashville, 1975] 392–94, 401–03"
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 New Testament Letter Structure, from Catholic Resources by Felix Just, S.J.
- ↑ Richards, E. Randolph. Paul and First-Century Letter Writing: Secretaries, Composition and Collection. Downers Grove, IL; Leicester, England: InterVarsity Press; Apollos, 2004.
- ↑ Metzger, Bruce M. (1987). The Canon of the New Testament: Its Origin, Development, and Significance (PDF). стр. 295–96. ISBN 0198261802. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-01.
- ↑ 5,0 5,1 Trobisch, David (1994). Paul's Letter Collection: Tracing the Origins. стр. 1–27. ISBN 0800625978.
- ↑ Дигитална ватиканска библиотека (DigiVatLib), Ракопис - Vat.gr.1209
- ↑ Во Коментари on на Посланието до Галатјаните, англискиот богослов Џозеф Барбер Лајтфут пишува: „Во овој миг Гал 6,11 апостолот го презема перото од неговиот писар, и заклучниот пасус го пишува своерачно. Откако почнале да излегуваат лажни писма во негово име (2 Сол 2,2; 3,17) почнал да ги довршува последните неколку збора со своја рака, како мерка на претпазливост против такви лажирања... Во овој случај пишува цел пасус, резимирајќи ги главните поуки од посланието во кратки, ревносни и испрекинати реченици. Исто така, ги пишува со големи и задебелени букви (грч. пеликојс гамасин), одразувајќи ја енергијата и решителноста на неговата душа.“
- ↑ Robert Wall, New Interpreter's Bible Vol. X (Abingdon Press, 2002), pp. 373.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-06-23. Посетено на 2006-06-29., можеби Трето послание до Коринтјаните
- ↑ „Apologetics Press – Are There Lost Books of the Bible?“. apologeticspress.org.
- ↑ Price, Robert M. „The Evolution of the Pauline Canon“. The Journal of Higher Criticism. The Institute for Higher Critical Studies, Drew University. Посетено на 13 февруари 2019.
Но прв собирач на Павловите посланија бил Маркион
- ↑ Trobisch, David (2001). Paul’s Letter Collection. Bolivar, MO: Quiet Waters. ISBN 978-0966396676.
Неговата теза е дека самиот Павле собрал и уредил некои од своите писма. (од предговорот на Герд Телсен, Хајделбершки универзитет)
- ↑ Reece, Steve. Paul's Large Letters: Pauline Subscriptions in the Light of Ancient Epistolary Conventions. London: T&T Clark, 2016.
- ↑ Trobisch2001
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Павловите посланија испратени во Македонија и пишувани во Македонија, проф. д-р Ратомир Грозданоски (македонски)
- Времеслед на Павловите посланија (англиски)
|