Пророк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Усните на Исаија миропомазани со оган, од Бенџамин Вест.

Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.[1]

Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во античка Грција, потоа во исламот, и во многу други. Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на 20 век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.

Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.[2]

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. дефиниција за пророк во онлајн речник
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 18.