Галатија (римска провинција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Provincia Galatia
Ἐπαρχία Γαλατίας
Провинција на Римската Империја

25 п.н.е.–7 век
Местоположба на Галатија
Главен град Анкира
Историски период Антика
 -  Припојување од Октавијан Август 25 п.н.е.
 -  Тема Тракија воспоставена 7 век
Денес во  Турција
Римските провинции во Мала Азија под Трајан, вклучувајќи ја и Галатија

Галатија е името на провинцијата на Римската Империја во Анадолија (денешна средишна Турција). Основана била од првиот император Август (самостојно владеел 30 п.н.е. - 14 н.е.), во 25 п.н.е., опфаќајќи го поголемиот дел од некогашната независна Келтска Галатија, со главен град на Анкира.

Според тетрархиските реформи на Диоклецијан, нејзините северни и јужни делови биле поделени за да го створат јужниот дел на провинцијата Пафлагонија и провинцијата Ликаонија, редоследно.

Во ок. 398 година, за време на владеењето на Аркадиј, таа била поделена на провинциите Прва Галатија (Галатија Прима) и Втора Галатија (Галатија Секунда) или Салутарис. Прва Галатија го покривала североисточниот дел на старата провинција, задржувајќи ја Анкира како главен град и била водена од конзулар. Салутарис ја сочинувала југозападната половина од старата провинција и била предводена од пресиди, со седиште во Песинунт. И двете провинции биле дел од Диецезата Понт. Провинциите биле кратко обединети во 536-548 година под Јустинијан I. Иако подрачјето на крајот било вметнато во новата тема Анатолија во втората половина на VII век, трагите од старата провинциска администрација преживеала до почетокот на 8 век.

Управници[уреди | уреди извор]

(Список заснован на Бернар Реми, Les carrières sénatoriales dans les provains romaines d'Anatolie au Haut-Empire (31 av. Ј.- Ц. - 284 апр. Ј- Ц.) (Истанбул: Institut Français d'Études Anatoliennes-Georges Dumézil, 1989).)

Прва организација на провинцијата Галатија
  • Марк Лолиј 25 - 22 п.н.е.
  • Лукиј Калпурниј Писо Понтифекс 14 - 13 п.н.е.
  • Корнут Аквила 6 п.н.е.
  • Публиј Сулпикиј Квириниј 5 - 3 п.н.е.
  • Марк Сервилиј Нонијан 3 н.е.
  • Марк Плавтиј Силван 6 - 7
  • Секст Сотидиј Страбон Либускидијан 13 - 16
  • Приск ок. 16 - 20 или 21
  • Метилиј ок. 20 - 25 или 21 - 26
  • Фронтон ок. 25 - 29 или 26 - 30
  • Силван ок. 29 - 33 или 30 - 34
  • Тит Хелвиј Васила ок. 33 до ок. 37
  • Марк Аниј Африн 49 - 54
  • Квинт Петрониј Умбрин 54 - 55
  • Лукиј Нониус Калпурниј Торкват Аспрен 68 - 70

(Помеѓу 70 и 111 година н.е. Галатија била комбинирана со Кападокија.)

Втора организација на провинцијата Галатија
  • Лукиј Каесаниј Сосп 111 - 114
  • Гај Јулиј Квадрат Бас ок. 114
  • Лукиј Катилиј Север 114 - 117?
  • Лукиј Косониј Гал 117 - 119
  • Аул Ларкиј Македо 119 - 122
  • Гај Требиј Сергејан ок. 127 - 130
  • Јулиј Сатурнин ок. 130 - 136
  • Гај Јулиј Скапула ок. 136 - 139
  • Лукиј Фулвиј Рустик Аемилиј Помеѓу 131 и 161
  • Корнелиј [Декс]тер ок. 156 - 159 или 157 - 160
  • Публиј Јувентиј Келс 161–163
  • Лукиј Фуфидиј Полион 163 - 165
  • Тит Ликиниј Мукијан ок. 175 - 177
  • Лукиј Саевин Прокул ок. 177 - 180
  • Лукиј Фабиј Килон ок. 190 - 197
  • [. . . ] Валеријан [...] нин ок. 194 - 197
  • Лукиј Петрониј Вер 197/198
  • Гај Атик Норбан Страбон 198-ок. 201
  • Публија Каекилиј Урбик Аемилијан ок. 205 - 208
  • Публиј Алфиј Максим ок. 183 - 185 или 213 - 215
  • Лукиј Егнатиј Виктор Лолијан ок. 215 - 218
  • Публиј Плотиј Роман в. 218 - 221
  • Лукиј Јулиј Апрониј Маениј Пиј Саламалијан ок. 221 - 224
  • Квинт Арадиј Руфин Оптат Аелијан ок. 224 - 227
  • Квинт Сервеј Фуск Корнелијан ок. 229 - 230
  • Марк Домициј Валеријан ок. 230 - 232
  • Аврелиј Василеј ок. 227 - 229 или 232 - 235
  • Марк Јуниј Валериј Непотијан 250
  • Миникиј Флорентиј после 250

Црковна администрација[уреди | уреди извор]

Според каноните на Халкедонскиот Собор (451) и Синекдемот на Хиерокле (околу 531), провинцијата Прва Галатија ја имала Анкира како нејзино митрополитско седиште, со шест епископски седишта: Тавиум, Аспона, Кина, Лаганија или Анастасиопол, Мнизос и Јулиопол.[1][2]

Според каноните на Халкедонскиот Собор и Синекдемот, провинцијата Втора Галатија го имала Песинунт како свое митрополитско седиште, со осум епископски седишта: Оркистос, Петинесос, Амориум, Кланеос (отсутен во Халкедон), Трокнадис, Евдокија, Мирика и Герма или Миријангелон.[3] Песинунт паднал во распаѓање кога Јустинијанопол бил основан во средината на 6 век и на крајот тука бил префрлен митрополитското седиште, додека ја задржувал својата титула.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ramsay 1890, p. 243.
  2. Belke & Restle 1984, p. 128.
  3. Ramsay 1890, pp. 221–223.
  4. Ramsay 1890, pp. 223–224.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Предлошка:Tabula Imperii Byzantini
  • Ремзи, Вилијам М. (1890). The Historical Geography of Asia Minor. Лондон: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)