Долна Германија
Провинција Долна Германија Provincia Germania Inferior | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Провинцијата Долна Германија во рамките на Римската Империја, ок. 117 година | |||||
Главен град | Колонија Агрипина (денешен Келн) | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Воспоставена по Галските војни | 83 | |||
- | Галска Империја | 260-274 | |||
- | Франкско Кралство | 475 | |||
Денес во | Холандија Белгија Германија Луксембург |
Долна Германија (на латински Germania Inferior) била римска провинција од 85 г.п.н.е., сè додека провинцијата не била преименувана во Втора Германија (латински Germania Secunda) во четвртиот век. Се наоѓала на западниот брег на Рајна и граничела со Северното Море, главиот град на провинцијата бил Колонија Агрипина (денешен Келн).
Географија
[уреди | уреди извор]Според Птоломеј (2.9), Долна Германија ја вклучувало Рајна од устието до устието на Обринга, река идентификувана со Ар или Мозел.[1] Територијата ги вклучувало современ Луксембург, јужниот дел на Холандија, дел од Белгија и дел од Северна Рајна-Вестфалија во Германија, западно од Рајна.
Првичните населби на провинцијата биле Кастра Ветера и Колонија Улпија Трајана (двете во близина на Ксантен), Кориовалум (Херлен), Албанијана (Алфен ан ден Рејн), Лугдунум Батаворум (Катвајк), Форум Адријани (Ворбург), Улпија Новиомагус Батаворум (Нејмехен), Трајектум (Утрехт), Атуатука Тунгрорум (Тонхерен), Бона (Бон) и Колонија Агрипина/Агрипиенсис (Келн), главниот град на Долна Германија.
Историја
[уреди | уреди извор]Војската на Долна Германија, обично прикажана на натписите како EX.GER.INF. (Exercitus Germaniae Inferioris), вклучувала неколку легии во различни периоди: од нив, Легиите I Mинервска и XXX Победоносната Улпиева биле најприсутните. Римската морнарица „Classis Germanica“ (преведено Германска флота), задолжена за патролирање на брегот на Рајна и Северното Море, била со база во Кастра Ветера, а подоцна и во Колонија Агрипина.
Првите судири помеѓу римската војска и народите на Долна Германија се случиле за време на Галските војни на Јулиј Каесар. Каесар го нападнал регионот во 57 година п.н.е. и во следните три години уништил неколку племиња, вклучувајќи ги Ебуроните и Менапиите, кои Каесар ги нарекол „германски“, но кои веројатно биле келтски или барем мешани келтско-германски. Германското влијание (главно преку Тунгрите) се зголемило за време на римското време, што доведувало до асимилација на сите келтски народи во областа. Долна Германија имала римски населби уште од околу 50 година п.н.е. и во првично била дел од Белгиска Галија. Иако била освоена уште од владеењето на Август, таа не била официјално основана како римска провинција до околу 85 година од н.е., со главен град во Колонија Клавдија Ара Агрипиненсиум (современ Келн).[2] Подоцна станала императорска провинција. Се наоѓала северно од Горна Германија; овие две заедно ја сочинувале т.н. Германија од оваа страна на Рајна. Придавката Долна (Инфериор) се однесува на нејзината долна низводна положба.
Како што било потврдено во „Нотиција Дигнитатум“ од почетокот на 5 век,, провинцијата била преименувана во Втора Германија (Германија Секунда/Германија II) во IV век. Таа била управувана од конзулар и претставувала дел од Диецезата Галија. До крајот на римската контрола, таа била интензивна провинција чувана од гарнизони која била населена од Римјани и Рипуарски Франки во V век. Нејзиниот главен град останал на Колонија Клаудија Ара Агрипинсиенсиум, која исто така станала седиште на христијанска епископија, задолжена за црковна провинција која го преживеала падот на западниот римски цар.
По конечното напуштање на провинцијата, таа станала јадрото на Франкското Кралство.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на римски управници на Долна Германија
- Батавски бунт, големо востание против римското владеење
- Германик
- Германија (историски регион)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Obringa" in Bruzen la Martiniere, Le Grand Dictionnaire Geographique Volume 6, 1737; Albert Forbiger, Handbuch Der Alten Geographie Volume 3, Mayer und Wigand, 1848, fn (***) p. 126f.
- ↑ Rüger, C. (2004) [1996]. „Germany“. Во Alan K. Bowman; Edward Champlin; Andrew Lintott (уред.). The Cambridge Ancient History: X, The Augustan Empire, 43 B.C. - A.D. 69. 10 (2. изд.). Cambridge University Press. стр. 527–528. ISBN 0-521-26430-8.
Lendering, Jona (2000). De randen van de aarde. De Romeinen tussen Schelde en Maas. Amsterdam.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Livius.org: Долна Германија Архивирано на 7 јуни 2020 г.
- https://web.archive.org/web/20021027093553/http://www.library.ucla.edu/yrl/reference/maps/blaeu/germania-inferior-nt.htm#qvarta_branbantiae Blaeu Atlas Germania Inferior
- Хилари од Поатје, „На советите“ . Отворено писмо испратено до епископот на провинцијата Втора Германија, меѓу другите.
- Documents: Province ecclésiastique de Cologne (Germania secunda)
|