Корзика и Сардинија
Provincia Sardinia et Corsica | |||||
Провинција на Римското Царство | |||||
| |||||
Провинцијата Сардинија и Корзика во рамки на Римското Царство (125 г.) | |||||
Главен град | Carales | ||||
Историја | |||||
- | Римска анексија | 238 г.пр.н.е. | |||
- | Поделена на две провинции | 6 г. | |||
- | Освоена од Вандалите | 455 г.н.е. | |||
Денес во | Франција Италија |
Корзика и Сардинија (латински: Corsica et Sardinia) — античка римска провинција на островите Сардинија и Корзика.
Предримско раздобје
[уреди | уреди извор]Првите трговски места на Сардинија и Корзика биле основани од Феникијците. Грците дошле по Феникијците и основале свои колонии. Во 535 г.пр.н.е. Картагинците, со помош на Етрурците, ја освоиле грчката колонија Алерио - Алалија на Корзика. По Корзика, под картагинска власт потпаднала и Сардинија.
Римска провинција
[уреди | уреди извор]Рим имал меѓудржавен договор со Картагина, но поради целосно непочитување на неговите одредби во Првата пунска војна, ги припоил двата острови кон Републиката.[1] Во 238 г.пр.н.е. Картагинците го прифатиле поразот и официјално му ги предале двата острова на Рим, кој таму основал своја провинција.[2] Воспоставувањето на покраината го означило почетокот на римското владеење во западното Средоземје, кое траело 694 години.
Римско гледање на провинцијата
[уреди | уреди извор]Рим одржувал коректни односи со покраината во текот на неговото владеење. Крајбрежните области на двата острови биле населени со Римјани и го прифатиле латинскиот јазик и култура, додека населението во внатрешноста на двата острови постојано се бунтувало. Бидејќи внатрешноста на островите била обрасната со густи шуми, Римјаните претпочитале да го избегнуваат и го гледале како „територија на варварите“.[3] Корзика и Сардинија биле релативно неважни економски во споредба со римските источни провинции, бидејќи од нив не можело да се очекува ниту воен плен ниту затвореници. За Корзиканците дури било кажано дека „секој што купил Корзиканец тагувал поради загубата на пари“ . [3] Римјаните ги сметале островјаните како заостанати и опасни.
Односите со Рим
[уреди | уреди извор]Дури и ако Римјаните ја сметале покраината за помалку важна, Корзика и Сардинија одиграле важна улога во настаните во земјата. За време на Римската Република, Сардинија била главниот снабдувач на жито, а Корзика на восок, кој бил единствениот производ што можела да го произведе.
Островите, исто така, индиректно придонеле за распадот на Римската Република: Гај Мариј и Луциј Корнелиј Сула Феликс ги населиле своите ветерани таму и ги користеле резервите на жито на островот за да ги платат нивните воени успеси, Јулиј Цезар ја окупирал Сардинија со своите делегати и ја презел контролата над резервите со жито, со која ја одржувал својата војска и обезбедил победа во граѓанската војна од 49 г.пр.н.е., а во вториот триумвират, Октавијан ги зазел островите и со нивното жито ја хранел својата војска во борбата против Брут и Касиј.[3]
Корзика и Сардинија исто така биле места каде што биле протерани политичките противници, вклучувајќи го и правникот и сенатор Гај Касиј Лонгин, кого Нерон го обвинил за заговор, убиецот на Агрипина, Аниченто, а за време на владеењето на Тибериј, многу Евреи и христијани исто така биле протерани.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|