Аквитанска Галија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Provincia Gallia Aquitania
Провинција Аквитанска Галија
Провинција на Римската Империја
27 п.н.е.–5 век
 

 

Местоположба на Gallia Aquitania
Провинцијата Галија Аквитанија во рамките на Римското Царство, во 125 н.е.
Главен град Медиоланум Сантонум (подоцна пренесена во Бурдигала)
Историски период Антика
 -  Основана по Галските војни 27 п.н.е.
 -  освојувања на Визиготите 5 век
Денес во  Франција

Аквитанска Галија (латински: Gallia Aquitania) била римска провинција[1].

Провинцијата е основана во 27 година п.н.е.и постоела до 5 век.

Името го добило по келтското племе Аквитании, кое живеело на брегот на Атлантикот помеѓу Пиринеите и реката Лоара.

Освоена била во 56 година п.н.е. од Публиус Личиниус Красус легат на VII легион[2].

Во почетокот, главниот град бил Медиоланум Сантонум денешен Сент, а подоцна и Бурдигала денешниот Бордо.

Аквитанска Галија добила статус на империјална провинција во која биле вклучени областите помеѓу реката Лоара и Пиринеите. Според административната реформа на Диоклецијан (284-305) била поделена на на 3 провинции.

За време на распадот на Римското Царство, Аквитанска Галија била доделена од императорот Хонориј на Визиготите и откако добила статус на федерацја, го основала во 418 година првото варварско царство на територијата на Западното Римско Царство, кое подоцна прераснало во Царството на Визиготите со центар во Толедо[3].

Сестерциј со ликот на Адријан пронајден во Гарона близу Бурдигала, од 155/56 г..

Наводи[уреди | уреди извор]