Анадолија (тема)
| Анатоликон Άνατολικόν θέμα, θέμα Άνατολικῶν | |||||
| Тема на на Византија | |||||
| |||||
| Составни делови | {{{entities}}} | ||||
| Историски период | Среден век | ||||
| - | Основана | пред 669 | |||
| - | заземање од Селџуците | 1078 | |||
| Денес во | |||||
Анадолија или Анатоликон (грчки: Άνατολικόν [θέμα], Anatolikon [thema]) - византиска тема која се наоѓала во централниот дел на Анадолија, во денешна Турција. Од своето основање, оваа тема била најголемата и една од најважната за Византија[1]. Темата и нејзината армија одиграле голема улога во Арапско-византиските војни во периодот од 7 век до 10 век[2], по кое следувал периодот на релативен мир кој траел до освојувањето на оваа територија од страна на Селџуците во 1070-тите.
Како тема за прв пати била спомната во 669 година бидејќи граничела директно со непријателскиот исламски калифат и била помогната од императорите од сириската династија. Во 714 година тогашниот стратег (stratēgós) на Анатоликон, Лав Исавир, сам се прогласил за император (Лав III)[3].
Темата Анатоликон е спомната за последен пат во изворите во 1077 година, кога нејзиниот стратег, Никифор Вотанијат, се прогласува за цар.
Главен град на темата бил Аморион до грабежите во 838 година[3][4], а потоа резиденцијата најверојатно била во Полиботос[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gyftopoulou, 2003 Chapter 3
- ↑ Gyftopoulou 2003, Chapter 1.
- 1 2 Kazhdan 1991, стр. 90.
- ↑ Pertusi 1952, стр. 115.
- ↑ Gyftopoulou 2003, Chapter 5.1.
| ||||||||||||||
