Прејди на содржината

Исаија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исаија

Исаија (хебрејски: יְשַׁעְיָהוּ, преведено како „Спасението е во Бога“) — еден од големите старозаветни пророци што живеел во VIII век пр. н. е. во Јудеја. Неговите пророштва првенствено се поврзуваат со замислата за Месијата, како и со потребата од „враќање кај Бога“. Покажува особена чувствителност кон проблемите на обичните луѓе и често отворено го критикува односот на благородништвото кон нив.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Прозорец во Келнската катедрала со прикаѕ на пророците Исаија (лево) и Еремија (десно)

Пророчката служба на Исаија започнала на 20-годишна возраст кога имал видение за Бога седнат на висок и величествен трон. Врвот на Божјата облека го исполнил целиот Храм, а серафимите полетале наоколу викајќи еден кон друг: „Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава“.

Исаија почнал да пророкува помеѓу 747 и 735 г. пр. н. е. за време на владеењето на царевите Озија, Јотам, Ахаз и Езекија (Исаија 1:1).[3]

Преданието вели дека Исаија живеел во времето на царот Манасија (696 — 641 г. пр. н. е.) и бил маченички убиен за време на неговото царување. Традиционално е признат како автор на старозаветната Книга на Исаија. Православните христијани го почитуваат неговиот спомен на 9 мај (22), додека Римската матирологија го одбележува на 6 јули.[4]

Усните на Исаија миропомазани со оган (слика на Бенџамин Вест)
  1. The Scofield Study Bible III, NKJV, Oxford University Press
  2. New Bible Dictionary, Second Edition, Tyndale Press, Wheaton, IL, 1987.
  3. „Исаија 1:1“. makedonski.global.bible. Посетено на 2025-01-26.
  4. Isaias. Catholic Encyclopedia, 1913.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Дела поврзани со Isaiah на Викиизвор