Адам и Ева (хебрејски: אָדָם,, Adam — Земја или човек) и Ева (хебрејски: חַוָּה,, Havva — живот) се првите луѓе според Библијата кои ги создал Бог. Според Стариот завет, на почетокот Бог го создадал Светот за шест дена, а на седмиот ден (Сабота) Бог се одморил. На седмиот ден, тој ги создал Адам и Ева.
Оваа Битие е опишано во Библијата. Господ го направил Адам од прашината на земјата и му дал живот, а Ева ја создал од неговото ребро. Бог им поставил неколку услови, особено да не каснуваат ништо од плодовите на Дрвото на сознанието. Меѓутоа, змијата ја измамила Ева да проба од јаболкото кое се наоѓало во Еденската градина, а потоа и Адам каснал од забранетото овошје. По овој чин, двајцата забележиле дека се голи, започнал да владее срамот помеѓу нив, па така Бог дознал дека Адам и Ева ги измамила змијата. Тогаш, Бог им рекол: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” По оваа непослушност на Адам и Ева, Бог ги протерал од Рајот. Така започнало создавањето на човечката цивилизација.