Хебрејски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хебрејски)
Хебрејски јазик
עברית, Ivrit
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море
Изговор[(ʔ)ivˈʁit][(ʔ)ivˈɾit][белешка 1]
Застапен воИзраел
ПодрачјеИзраелска Земја
НародИзраелити; Евреи и Самариќани
Изумрендревниот хебрејски исчезнал до 586 година, преживеал како литургиски јазик за јудаизмот[1][2]
Јазично семејство
Претходни облици:
Стандардни облици
Писмохебрејска азбука
палеохебрејска азбука (архаичен библиски хебрејски јазик)
империјално арамејско писмо (доцен библиски хебрејски јазик)
Статус
Службен воИзраел Израел
Регулативен органАкадемија на хебрејскиот јазик
האקדמיה ללשון העברית (HaAkademia LaLashon HaʿIvrit)
Јазични кодови
ISO 639-1he
ISO 639-2heb
ISO 639-3Разни:
heb — современ хебрејски јазик
hbo — класичен (литургиски)
smp — самарјански (литургиски)
obm — моапски (исчезнат)
xdm — едомитски (исчезнат)
Linguasphere12-AAB-a
{{{mapalt}}}
Региони каде се зборува хебрејскиот: темносини се регионите каде е мнозински јазик, а светлосини се регионите каде е малцински јазик

Хебрејски јазик (עִבְרִית, ivrit) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот.[3][4] Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах.[белешка 2] Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е.[5] Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.[6][7]

Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха.[1][8][белешка 3] Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите.[10] Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Евреите го именуваат јазикот и како „свет јазик“.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Современиот збор „хебрејски“ или „хибру“ потекнува од зборот „иври“ (еднина ivri, множина ivrim), кое е едно од неколкуте имиња за Израелитите (Евреи и Самариќани). Традиционално, се смета дека зборот е придавка која е заснована на претпоставениот претходник на Абрахам, Ебер („Евер“ עבר на хебрејски). Ова име можно е да се заснова на коренот /ʕ-b-r/ (עבר) што значи „да преминеш“. Ова традиционално се поврзува со преминот на Еуфрат.[11] Во Библијата јазикот се нарекува „јудејски“ („јехудит“, יהודית) по Кралството Јуда. Во стандардниот македонски се користи поимот „хебрејски“, а разговорно и „иврит“, „еврејски“ и погрешното „израелски“. Во македонскиот превод на Библијата се користи и јудејски.

Историја[уреди | уреди извор]

Според класификацијата, хебрејскиот е дел од кананските јазици, кои пак се дел од северозападните семитски јазици од големото семејство на семитски јазици.[12]

Според Аврахам Бен Јосеф, хебрејскиот јазик се воздигнал како секојдневен јазик на широките маси во Израелското Кралство и во Јудејското Кралство во периодот од 1200 до 586 година п.н.е.[13] Помеѓу научниците се развила дебата за тоа до кој степен хебрејскиот бил секојдневен јазик на општење во древните времиња по Вавилонскиот егзил, кога во тој период доминантен меѓународен јазик бил староарамејскиот.

Во доцниот древен период хебрејскиот исчезнал како секојдневен јазик на општење, но продолжил да биде употребуван како книжевен јазик на јудаизмот. Во тој период се развиле различни писмени форми на јазикот, па така овој период започнува со средновековниот хебрејски па сè до неговото повторно оживувањето како секојдневен јазик на општење во доцниот 19 век.[14][15]

Најрани хебрејски записи[уреди | уреди извор]

Шебновиот натпис, од гробот кој бил пронајден во Силоам. Натписот датира од 7 век п.н.е.

Во јули 2008 година израелскиот археолог Јосеф Гарфинкел открил керамички остатоци во Кирбет Кејафа, за кои тврдел дека се најстарите записи на хебрејскиот, кои пак ги датира на старост од 3000 години.[16] Археологот Амихај Мазар од Хебрејскиот Универзитет изјавил дека записите се „праканански“, но предупредил дека „разликите помеѓу писмото, и помеѓу самите јазици во тој период остануваат нејасни“ и додал дека да се именува тој натпис како „хебрејски“ е преголем залак.[17]

Гезерскиот календар исто така датира од 10 век п.н.е., од почетокот на „монархискиот период“, традиционално име на периодот од владеењето на кралевите Давид и Соломон. Натписот на календарот се класифицирал како архаичен библиски хебрејски јазик и тој всушност претставува список на сезонски и поврзани земјоделски активности. Календарот, кој е именуван според градот каде е пронајден, е испишан на старосемитско писмо, слично на феникиското и истиот нема употреба на самогласки.

Бројни постари табли се пронајдени во регионот со слични писма напишани на други семитски јазици. Се верува дека оригиналниот извор на ова писмо е египетското хиероглифско писмо. Фонетските вредности се зададени според акрофонските принципи. Заедничкиот предок на хебрејскиот и феникискиот се нарекува канански и тој бил првиот кој користел семитско писмо различно од египетското. Еден древен документ за хебрејскиот е Моапскиот камен, како и Силоамскиот натпис, кој е пронајден во близина на Ерусалим. Понатака, значаен за развојот на хебрејскиот и историјата на раниот развој на јазикот се и остраконите кои се пронајдени во близина на Лахиш кои пак даваат објаснување за настаните поврзани со последното заземање на Ерусалим од страна на Вавилон во 586 п.н.е.

Библиски хебрејски[уреди | уреди извор]

Силоамскиот натпис денес се чува во Археолошкиот музеј во Истанбул.

Класичниот хебрејски јазик, или попознат како библиски хебрејски јазик, во поширока смисла на зборот бил во својот подем од 10 век п.н.е. до 4 век.[18] Самиот поим „библиски хебрејски“ опфаќа неколку значајни и меѓусебно совпадливи дијалекти. Така, етапниот развој на јазикот, односно неговите фази се именувани според одредени значајни книжевни дела:

  • архаичен библиски хебрејски јазик - развојниот период на хебрејскиот од 10 до 6 век п.н.е., кој патем се совпаѓа со т.н. „монархиски период“ (Јудејското Царство и Израелското Царство) па сè до Вавилонското ропство. Овој период се создале одредени дела од Еврејската Библија, Танах, особено Мојсеевата песна и Деборината песна. Овој период исто така се именува и како старохебрејски или палеохебрејски и се запишувал на палеохебрејско писмо. Од ова писмо произлегло самарјанското писмо, кое и денес се користи.
  • библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 8 до 6 век п.н.е., кој пак се совпаѓа со доцниот монархиски период. За време на овој период бил напишан поголем дел од содржината на Еврејската Библија. Формата на јазикот е зачувана и денес во светите дела на јудаизмот. Оваа фаза на јазикот е позната и како ран библиски хебрејски, класичен библиски хебрејски или само класичен хебрејски.
  • доцен библиски хебрејски јазик - развојниот период на јазикот од 5 до 3 век п.н.е. Овој период се совпаѓа со персискиот период и е претставен со помал број дела од Еврејската Библија, како што се книгите според Езра и Нехемија. Воглавно овој период е скоро ист со библискиот период, само што на пример во овој период се забележуваат странски зборови од законодавната сфера (поради влијанието на помоќните држави). Покрај тоа, во овој период се користи претставката „ше-“ наместо „ашер“ (кој, кое). Во овој период се прифатило арамејското писмо како осново писмо за пишување на јазикот, што како директна последица го имаме денешното современо хебрејско писмо.
  • израелски библиски јазик - предложен дијалект на библискиот хебрејски јазик.

По т.н. библиски период на хебрејскиот јазик, јазичарите опишуваат уште два „пост-библиски“ периоди:

Монети издадени од времето кога се дигнало востанието. Се забележува палеохебрејски текст.
  • хебрејскиот јазик од Свитоците од Мртвото Море - според јазичните описи овој период е од 3 век п.н.е. па до 1 век. Овој период се совпаѓа со хеленскиот и римскиот период, пред разрушувањето на Храмот во Ерусалим. Кумрановите свитоци се претставници на овој период, кои пак се составен дел од Свитоците од Мртвото Море. Поради тоа, понекогаш овој период се именува и како „кумранов хебрејски период“. Империското арамејско писмо од 3 век п.н.е. се развило во современото хебрејско квадратно писмо.
  • мишнајски хебрејски јазик - историски период на хебрејскиот јазик од 3 или 4 век. Овој период се совпаѓа со римскиот период и падот на Храмот во Ерусалим. Периодот е претставен од делата Мишна и Тосефта од Талмудот, како и од Свитоците од Мртвото Море. Периодот исто така е познат како „танајски период“ или „ранорабински хебрејски“.

Понекогаш, гореспоменатите развојни фази на јазикот се сместуваат во „библискиот хебрејски“, вклучително и дијалектите од 10 век п.н.е. па до 2 век, како и мишнајскиот хебрејски, вклучувајќи ги дијалектите од 3 век п.н.е. па до 3 век.[19] Како и да е, денес, повеќето хебрејски јазичари ги класифицираат дијалектите од Свитоците од Мртвото Море како дијалектна група која се развила од доцниот библиски хебрејски јазик во минајскиот хебрејски, па така вклучувале елементи и од двете фази но сепак ја задржале својата посебност и одделност.[20] Со почетокот на византискиот период во 4 век, класичниот хебрејски престанал да се употребува како секојдневен јазик за општење, односно грубо кажано еден век по објавувањето на Мишна. Ова е делумно како директна последица на Востанието на Бар Кохба во 135 година и катастрофалниот прогон од терор врз еврејското население од страна на Римското Царство.

Падот на хебрејскиот[уреди | уреди извор]

Псалмите од Свитоците од Мртвото Море. Овие се значајни дела за изучување на историјата на јудаизмот и хебрејскиот јазик воопшто.
Карта на територијалната експанзија на Нововавилонското Царство. Јудеја е дел од Вавилонското Царство и арамејскиот автоматски станал административен јазик.

Во околу 6 век п.н.е. Нововавилонското Царство го освоило древното Јудејско Кралство. При тоа освојување голем дел од Ерусалим бил уништен и како последица на тоа населението пребегнало источно од Вавилон. За време на Вавилонското ропство, голем дел од Израелитите го изучиле арамејскиот јазик, кој пак бил нивен сроден јазик. Така, еден значаен период еврејската елита потпаднала под големо влијание на арамејскиот.[21]

Откако Кир Велики го освоил Вавилон, тој им дозволил на Евреите да излезат од ропството. Како последица на тоа, во Израелската Земја покрај хебрејскиот била донесена и нова верзија (дијалект) на арамејскиот. До почетокот на новата ера, арамејскиот се воспоставил како првенствен секојдневен јазик на Самарија, Вавилон и Галилеја. Во Галилеја се зборувала рабинската форма на хебрејскиот донекаде 3 век од нашата ера. Луѓето, Евреите, се идентификувале со хебрејскиот преку негување на разни песни, поговорки и цитати од хебрејски текстови, а рабините и свештенството го користеле како свет јазик на јудаизмот.[9][9][22][23]

Иако не постојат двоумења за тоа дека во одреден период од историјата хебрејскиот престанал да се користи како секојдневен јазик и негов наследник како општ јазик на Блискиот Исток се јавил арамејскиот,[22] научните мислења за точниот датум сè уште не се поместени.[8] Во првата половина на 20 век, повеќето научници ги следеле Гајгер и Далман и нивното тврдење дека арамејскиот јазик станал секојдневен јазик во Израелската Земја уште во почетокот на израелскиот хеленистички период во 4 век п.н.е. Со тоа, хебрејскиот ја изгубил функцијата на секојдневен јазик во тој временски период.

Сегал, Клауснер и Бен Јехуда не се согласуваат со ова општо мислење за изумирање на хебрејскиот . За време на втората половина на 20 век, насобраните археолошки докази и особено јазичните анализи на Свитоците од Мртвото Море го оспориле ова тврдење. Свитоците всушност откриле древен еврејски текст, кој во најголем дел бил на хебрејски, а не на арамејски. Свитоците потврдиле дека јазикот или хебрејскиот кој бил употребуван за свитоците бил разбирлив и читлив за еден просечен Израелит и пишаниот јазик еволуирал од библиското време како што еволуирал говорниот јазик.[белешка 4] Скорешните истражувања од ова поле исто така потврдуваат дека Евреите зборувале и арамејски, што пак индицира постоење на повеќејазично општество, што значи дека немало ексклузивитет на еден јазик. Така се верува дека хебрејскиот постоел и се користел паралелно со арамејскиот.[25] Повеќето научници го датираат изумирањето на хебрејскиот јазик со крајот на римската покраина Јудеја, односно 200 година.[26] Сепак тоа изумирање важело за говорниот јазик. Пишаниот хебрејски продолжил и понатака да биде литургиски и свет јазик за јудаизмот.

Точните меѓусебни врски на доминантните јазици во регионот се сè уште жешка тема на дебата. Во овој римски период и периодот пред и после него се предлага сценарио со три јазика за Галилеја. Хебрејскиот јазик бил мајчин јазик на Евреите и силна врска со историјата, потеклото и златното доба на Израел. Арамејскиот имал функција на административен и меѓународен јазик или „лингва франка“ за Блискиот Исток. Во меѓувреме навлегле и други јазици, помали, но и европски како што е старогрчкиот. Така, полека и старогрчкиот, заедно со латинскиот, станал јазик за меѓународна комуникација, но не со толкав подем како арамејскиот во своето златно доба.

Според одреден број јазичари, меѓу кои и Сполски, можеби постоело и географско распоредување на јазиците на почетокот на нашата ера. Така, според оваа теорија, јудео-арамејскиот воглавно се користел во северниот дел од Галилеја, старогрчкиот се користел во териториите кои биле поранешни нивни колонии, а хебрејскиот се користел воглавно во јужните села на Јудеја.[22] Со други зборови, тогашната територија на Палестина можела да се подели на арамејско-говорна Самарија и Галилеја и мали делови на Јудеја каде се зборувал мишнајскиот хебрејски.[9][23] По задушувањето на Востанието на Бар Кохба во 2 век, Јудејците биле прогонети. Голем дел се преселиле во Галилеја па така се верува дека последните говорници на хебрејски би можеле да се најдат на север во Израелската Земја.[27]

Мишнајски период[уреди | уреди извор]

Дел од Мишнах.

Поимот „мишнајски хебрејски јазик“ или „мишнајски период“ често се употребува за хебрејските дијалекти кои се користат во Талмуд, освен за директните цитати од Еврејската Библија. Овие дијалекти се делат на две групи, односно: мишнајски хебрејски (ранотрабински хебрејски или танаимски) кој е говорниот јазик и амораимски хебрејски (доцнорабински хебрејски) кој е всушност пишаниот јазик. Најраните делови на Талмудот се мишнајски и биле напишани во 200 година, иако голем дел од самите приказни се одвиваат многу порано. Овој дијалект или форма на хебрејски се наоѓа и во свитоците од Мртвото Море. Денес понекогаш се смета дека мишнајскиот е еден од дијалектите на класичниот хебрејски кој функционирал како жив јазик во Израелската Земја. Транзициона форма на јазикот настанала во другите дена на танаимската книжевност, кои датираат еден век пред Мишнах. Овие дела се Мидраш халаха, Мидраш (Сифра, Мехилта на рабин Ишмаел, итн.) и проширената колекција на материјали поврзани со Мишнах познати како Тосефта. Талмудот содржи исечоци од овие дела.

Еден век откако се објавила Мишна, мишнајскиот хебрејски престанал да се користи како говорен јазик. Така, подоцнежната секција на Талмудот позната како Гемара дава општи коментари за Мишнах и Бараитот на арамејски. Како и да е, хебрејскиот, иако не се користел за секојдневна комуникација, преживеал како литургиски и книжевен јазик во форма на амроаимски хебрејски. Бидејќи уште времето кога се препишувала Тората, јазикот имал висока функција и се сметал за јазик на израелската вера, историја и национална гордост. Дури и кога престанал да се користи како секојдневен јазик, сепак јазикот се користел како „лингва франка“ меѓу еврејските трговци од различни земи.[28]

Средновековен период[уреди | уреди извор]

Страница од Кодексот од Алеп.

По Талмудот, различни регионални книжевни варијанти се појавиле на средновековниот хебрејски. Најважен од нив е тиберискиот хебрејски јазик, или нарекуван и како масоретски хебрејски, книжевна форма која се развила на локалниот тибериски дијалект. Овој дијалект станал стандард за вокализирање на Еврејската Библија и така сè уште влијае врз другите регионални дијалекти на хебрејскиот. Овој тибериски дијалект од 7 до 10 век е понекогаш нарекуван „библиски хебрејски“, но сепак не е исто и треба да се разликува од историскиот древен јазик од 6 в.п.н.е. Тиберискиот хебрејски го вклучува и изучувањето на Масоретите, вклучително и нивните надредни знаци (никуд) и кантилацијата (граматички точки) на хебрејските букви за да се зачува многу порани одлики на хебрејскиот во однос на пеењето на Библијата. Масоретите сметале дека буквите од хебрејската азбука се многу свети и дека нивна модификација не е можна, па поради тоа тие создале систем на точки кои се користеле за означување на самогласките во дадените зборови. Паралелно во тоа време и сириското писмо развило систем на точки за означување на самогласките. Кодексот од Алеп е напишан на овој нов принцип и датира од 10 век. Тој е еден од најважните хебрејски ракописи денес.

За време на златното доба на еврејската култура во Шпанија, значајни дела биле напишани од граматичари кои ја објасниле граматиката, но и зборовите, на библискито хебрејски. Значајни хебрејски граматичари биле Џуда бен Давид Хајуи, Џуда ибн Џанах, Абрахам ибн Езра[29] и Давид Кимхи. Покрај нив, се појавиле и значајни поети како што се на пример Дунаш бен Лабрат, Соломон ибн Габирол, Џуда хе-Леви, Мосес ибн Езра и Абрахам ибн Езра.

Хебрејскиот бил зачуван низ вековите како пишан јазик за пишана комуникација на еврејската заедница во светот. Оваа пишана комуникација не се однесува само на литургијата, туку и за поезија, проза, трговија, секодневен контакт и договори. Така, Евре ите од целиот свет и од различни земји имале заеднички јазик за комуникација и општење. Ова било слично со Христијаните од тој период, односно заеднички јазик на образованите Христијани и свештеници бил латинскиот.

Оживување[уреди | уреди извор]

Елиезер Бен Јехуда на неговата работна маса во Ерусалим.

Хебрејскиот бил оживеан како книжевен јазик неколкупати во својата историја, а најзначајно е оживувањето како книжевен јазик за време на преродбата позната како хаскалах во средината на 19 век во Германија. Кон крајот на векот еврејскиот активист Елиезер Бен Јехуда, предводен од идеологијата на национална преродба (שיבת ציון, шиват цијон), денес позната како ционизам, започнал со оживување на хебрејскиот како современ говорен јазик. Како резултат на локалното движење кое тој го создал, но повеќе како последица на новите групи имигранти познати под името „Втор Алијах“, хебрејскиот ги заменил јазиците кои претходно ги зборувале тие луѓе. Тие јазици биле всушност еврејски дијалекти на јазиците на државата каде живееле, од кои денес познати се ладино, јидиш, јудео-арапски и бухориски.

Главниот резултат на книжевната работа на хебрејските интелектуалци во 19 век била лексичката модернизација на хебрејскиот. Нови зборови и изрази биле присвоени како неологизми од различниот корпус на хебрејски писанија, или преку позајмување од арапскиот (воглавно од страна на Елиезер Бен Јехуда), како и постари арамејски и латински зборови. Забележливо е и влијанието на европските јазици, особено од англискиот, рускиот, германскиот и францускиот. Современиот хебрејски станал службен јазик на британскиот мандат Палестина во 1921 година, покрај арапскиот и англискиот. По прогласувањето на независноста на Израел, новокодифицираниот хебрејски бил прогласен за службен јазик на државата. Денес, хебрејскиот го зборуваат 10 милиони луѓе и е главно средство за комуникација во државата.

Хебрејската книжевна форма во 19 век оживеала и станала говорна форма на јазикот и денес се нарекува со повеќе имиња, покрај основиот 'хебрејски јазик': современ израелски хебрејски, израелски хебрејски, новохебрејски, стандарден хебрејски или стандарден израелски хебрејски. Оваа стандардна форма изразува одлики на сефардскиот хебрејски од локалните ерусалимски традиции, но со присвојување на голем број неологизми.

Првото училиште за хебрејски јазик во Ришон Лецион, Израел.

Книжевната и расказната употреба на хебрејскиот била оживеана на почетокот на движењето хаскалах. Првиот секуларен месечник на хебрејски, „Меасефим“ ('Собирач'), бил објавен во Калининград во 1783.[30] Во средината на 19 век се зголемил бројот на списанија објавени на хебрејски јазик низ Европа. Исто така се зголемил и бројот на автори на хебрејски јазик, како што се на пример познатите Хајим Нахман Биалик и Шаул Черниховски.

Додека постоел пишаниот книжевен јазик, говорниот активен секојдневен хебрејски не постоел. Оживувањето на хебрејскиот како прв, мајчин, јазик на Евреите започнало во 19 век со подвизите на Елиезер Бен Јехуда. Тој се приклучил кон Ционизмот и во 1881 година се преселил во тогашната покраина Палестина, дел од Отоманското Царство. Мотивиран од идеите за обнова и отфрлување на животниот стил на дијаспората, Јехуда решил да постави алатки сè со цел книжевниот и свет јазик да го претвори во секојдневен јазик за комуникација. Сепак, неговиот стил следел норми кои биле заменети во Источна Европа со други граматички стилови. Неговите обиди да воспостави училишта и учебници полека земале замав и прифаќање од еврејската заедница. Како и да е, дури во периодот од 1904 до 1914 година, период познат како Втор Алијах, хебрејскиот го зазел вистинскиот моментум кога се појавиле поорганизирани организации на имигранти и ја разработувале идејата. Кога британскиот мандат Палестина го прифатила новиот основан хебрејски како службен јазик во регионот, тоа значително помогнало во етаблирањето на јазикот меѓу населението.

Голем број на Евреи на почетокот го сметале ова оживување како „грев“[31] сметајќи дека јаизкот на Тората не смее да се користи за секојдневни цели. Сепак, луѓето набрзо сфатиле дека Евреите во Израел имаат потреба од еден заеднички јазик, бидејќи Евреите доаѓале од различни земји од светот и зборувале на јазиците на државите од каде доаѓале. Набрзо бил основан Комитет за хебрејски јазик, кој по озновањето на Израел се преименувал во Академија на хебрејскиот јазик. Работата на Бен Јехуди била објавена во речник насловен како „Целосен речник на стар и современ хебрејски“. Така, од мртов јазик со ниту еден активен говорник, хебрејскиот станал мајчин јазик на околу 10 милиони Евреи во светот. Ова е единствен успешен и добро познат пример на јазично оживување во светот.

Современ хебрејски јазик[уреди | уреди извор]

Хебрејски сообраќајни знаци на пат во Израел.

Современиот хебрејски, како што бил разработен од Елиезер Бен-Јехуда, бил заснован на мишнајскиот правопис и сефардски хебрејски изгвоор. Сепак, за најраните говорници на современиот хебрејски мајчин јазик им бил јидиш и со тоа вовеле идиоми и зборовен фонд од јидиш.

Изговорот на современиот хебрејски јазик е воглавно заснован на сефардскиот хебрејски јазик. Во одредени аспекти има и фонолошки црти од ашкенашкиот хебрејски јазик, особено во:

  • елиминација на голтничката артикулација кај буквите хет (ח) и ајин (ע)
  • замена на (ר) /r/ од [ɾ] кон [ʁ] или [ʀ] (влијание од јидиш/ германски)
  • изговорот кај голем број говорници на цере ֵ како [eɪ] во одредени контексти
  • делимна елиминација на шва ְ (зман наместо сефардското земан)[32]
  • отстапување при акцентирање на имиња и мал број зборови[33]

Зборовниот фонд кој се користи во хебрејскиот бил променет за разлика од оригиналната форма најмногу поради воведувањето на јазикот на луѓе со различни културни позадини. Усниот пренос на зборовите од генерација на генерација подлегнал на европеизација.[34] Специјализираните училишта за хебрејски јазик во Израел се нарекуваат улпан.

Статус[уреди | уреди извор]

Зградаѕа на Академијата за хебрејски јазик.

Современиот хебрејски е национален јазик во Израел каде е и официјален. Според податоците од 2013 година, има околу 9 милиони луѓе што зборуваат хебрејски во светот,[4] од кои 7 милиони го зборуваат течно.[35][36][37]

Моментално, околу 90% од израелските Евреи зборуваат течно хебрејски, околу 70% многу течно.[38] Околу 60% од израелските Арапи течно зборуваат хебрејски, а само 30% претпочитаат да зборуваат хебрејски одошто арапски.[4] Сепак, хебрејскиот е мајчин јазик за само 49% од Израелците над 20 годишна старост, а за останатите мајчин јазик им е рускиот, арапскиот, шпанскиот, францускиот, англискиот или јидиш. Околу 26% од руските имигранти и 12% од Арапите не зборуваат убаво хебрејски.[39][40]

Поради глобализацијата и американизацијата во светот, во Израел се преземаат соодветни мерки за да се зачува чистотата на јазикот и да се заштити од навлегување на англиски зборови. Академијата за хебрејскиот јазик при Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим во последниов период изумува по 2.000 нови хебрејски зборови секоја година, кои би замениле современи зборови, а кои пак се засноваат на стари хебрејски. Тие би биле замена за интернационализмите. Општината Хаифа забранила да се користат англиски зборови при официјална документација и преписка. Исто така, општината забранила на трговците да користат само англиски при нивните маркетиншки потези.[41] Хебрејскиот е признат малцински јазик во Полска.[42]

Правопис[уреди | уреди извор]

Ќибритна кутија за Шабат од Македонија со хебрејски текст.

Хебрејскиот се пишува од десно кон лево со хебрејското писмо. Како и останатите самогласни писма (абџад), не се пишуваат самогласките. Сепак, поради различни причини, понекагаш треба да се бележат и самогласките. Токму поради таа потреба денес има три начина да се запишат хебрејските зборови:

  1. ктив хасар („пишување што недостасува“): ова дефективно писмо (начин на пишување) може да се пронајде во Тората. Понекогаш може да се смета како анахронизам за секојдневниот живот, иако сè уште може да се пронајде низ весници и објавени книги.[43] Ова е оригиналниот начин на пишување на хебрејскиот и нема никакви бележења за самогласки.
  2. ктив менукад („пишување со точки“ или „самогласно пишување“): овој систел на пушување покажува точно каде самогласките се наоѓаат во зборот со помош на систем на точки наречен никуд. Ретко се користи во секојдневниот живот, најчесто се користи за да се дообјасни некој двосмилен збор, во книги за деца, книги со инструкции за странци и сл.
  3. ктив хасар никуд („целосно пишување“ или „пишување кое нема никуд“): ова е доминантен начин за пишување на хебрејскиот и се користи во секојдневието на Израел. Овој начин користи согласки кои имаат второстепено значење на самогласки (матрес лекционис).
збор ктив хасер ктив менукад ктив хасар никуд
македонски МФА
храброст /ˈˀomets/ אמץ אֹמֶץ אומץ
воздух /aˈvir/ אויר אֲוִיר אוויר
распространување /ħaluˈqa/ חלקה חֲלֻקָּה חלוקה
два /ˈʃnajim/ שנים שְׁנַיִם שניים

Писмо[уреди | уреди извор]

Хебрејскиот јазик се пишува со хебрејската азбука. Јазикот се пишува од десно кон лево. Хебрејската азбука всушност е согласно писмо (абџад) и има 22 букви. Древното палео-хебрејско писмо било слична со тоа за хананскиот и за феникискиот јазик. Современото писмо е засновано на букви кои налукуваат на коцки, познати како „ашурит“ (асирски), и потекнуваат од арамејското писмо. За рачно пишување се користи ракописно хебрејско писмо, каде буквите се покружни и поразлични одошто печатените форми. Ракописното писмо се заснова на едно постаро ракописно писмо кое се нарекува рашиево писмо. Бидејќи писмото е согласно, само се користат согласките при пишување, самогласките не се пишуваат и треба да се знаат на памет каде се при изговорот. Сепак, ако треба и тие да се запишат, тие се означени со систем на точки кои се ставаат на согласката со која прават слог, или пак преку употреба на букви кои основно означуваат согласка, а второстепено самогласка, кое пак е познато како „мајка на читањето“ или matres lectionis. Покрај надредните знаци за самогласките, во јазикот се користат надредни знаци за да се означи како точно се изговара самогласката, односно дали е 'с' или 'ш', 'б' или 'в' итн.

име алеф бет гимел далет хе вав зајин хет тет јод каф ламед мем нун самех ајин пе цаде коф реш шин тав
печатно א ב ג ד ה ו ז ח ט י כ ל מ נ ס ע פ צ ק ר ש ת
ракописно
изговор [ʔ], ∅ [b], [v] [g] [d] [h] [v] [z] [x]~[χ] [t] [j] [k], [x]~[χ] [l] [m] [n] [s] [ʔ], ∅ [p], [f] [t͡s] [k] [ɣ]~[ʁ] [ʃ], [s] [t]
транслитерација ' b, v g d h v z ch t y k, ch l m n s ' p, f tz k r sh, s t

Граматика[уреди | уреди извор]

Хебрејски јазик
Писмо хебрејско писмо
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст כל בני האדם נולדו בני חורין ושווים בערכם ובזכויותיהם. כולם חוננו בתבונה ובמצפון, לפיכך חובה עליהם לנהוג איש ברעהו ברוח של אחווה.
כֹּל בְּנֵי הָאָדָם נוֹלְדוּ בְּנֵי חוֹרִין וְשָׁוִים בְּעֶרְכָּם וּבִזְכֻיּוֹתֵיהֶם. כֻּלָּם חוֹנְנוּ בַּתְּבוּנָה וּבְמַצְפּוּן, לְפִיכָךְ חוֹבָה עֲלֵיהֶם לִנְהֹוג אִישׁ בְּרֵעֵהוּ בְּרוּחַ שֶׁל אַחֲוָה.
Транскрипција Kol benei ha'adam noldu benei xorin veshavim be'erkam uvizxuyoteihem. Kulam xonenu batevuna uvematspun, lefixax xova 'aleihem linhog ish bere'ehu beruax shel axava.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Хебрејската граматика е делумно аналитичка, односно во јазикот има одредени падежни форми на дативот, аблативот и акузативот, но со користење на предлози, а не чисти падежи. Сепак, зборообразувањето игра значајна улога при создавање нови глаголи и именки.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Современиот хебрејски јазик е фонетички поедноставен од библискиот хебрејски јазик бидејќи има помалку фонеми. Сепак јазикот е фонолошки посложен, односно има од 25 до 27 согласки (во зависност од тоа дали се изговараат грлените гласови) и од 8 до 10 самогласки (во зависност од тоа дали се сметаат дифтонзите).

Согласки

Следната табела дава преглед на хебрејските согласки:[44]

уснени венечни преднонепчено-венечни преднонепчени заднонепчени ресични гласилни
Препречни избувни p b t d k ɡ ʔ2
слеани t͡s   (t͡ʃ)4 (d͡ʒ)4
струјни f v s z ʃ (ʒ)4 x~χ1 ɣ~ʁ3 h2
носни m n
приближни l j (w)4
1 Во современиот хебрејски /ħ/ за буквата ח е заменета со /x~χ/, која пак традиционално била за буквата כ.[45]
2 Грлените согласки воглавно не се изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски /ʕ/ за ע била заменета со /ʔ/ која пак традиционално била за буквата א.[45]
3 Често се препишува како /r/. Оваа често се изговара ако меконепчана струјна [ɣ], понекогаш како ресна струјна или апроксимантна [ʁ], а понекогаш како ресна или алвеоларна вевна согласка, сè во зависност од човекот и неговото потекло.[45]
4 Фонемите /w, tʃ, dʒ, ʒ/ не се матични за хебрејскиот, и тие се позајмени од странски зборови и јазици.

Препречните согласки се асимилираат во озвучување, односно безвучните (/p t ts k, f s ʃ x/) стануваат звучни ([b d dz ɡ, v z ʒ ɣ]) кога се појавуваат веднаш пред звучна препречна согласка и обратно.

Самогласки

Во хебрејскиот има девет самогласки, од кои пет се кратки и четири долги:[44]

предни средни задни
високи i u
средни e̞ː o̞ː
ниски ä äː

Долгите самогласки се појавуваат непредвидено каде имало две самогласки разделени со грлена или гласилна самогласка. Секоја од петте самогласки може да се реализира со темен глас [ə] кога не е акцентирано. Во јазикот има и два дифтонга /aj/ (ај) и /ej/ (еј).[44]

Кај повеќето од зборовите во хебрејскиот акцентот паѓа на еден од двата последни слога во зборот, а најечест е акцентот на последниот слог.

Морфологија[уреди | уреди извор]

Како и сите семитски јазици, така и хебрејскиот има коренски форми кои се типишно трилитерални, или составен од 3 согласки (но постојат и корени од по 4 согласки). Од овие корени се создаваат именки, придавки и глаголи. Преку внетнување самогласки, удвојување на согласките и со додавање на афикси се создаваат новите зборови.

Хебрејскиот јазик користи бројни претставки од по една буква кои се користат за различни цели. Тие се нарекуваат „неразделни препозоции“ или „корисни букви“ (אותיות השימוש, Otiyot HaShimush). Такви се на пример членот ha- (/ha/) (определен член); be- (/bə/) (="во"), le- (/lə/) (="до"), mi- (/mi/) (="од"; кратка форма на min); ve- (/və/) (="и"), she- (/ʃe/) (="дека"), ke- (/kə/) (="како"), итн.

Придавки[уреди | уреди извор]

Придавките во хебрејскиот јазик доаѓаат по именката и се менуваат по род, број и определеност:

  • סֵפֶר קָטָן /ˈsefer kaˈtan/ ( мала книга)
  • סְפָרִים קְטַנִּים /səfaˈrim kətaˈnim/ ( мали книги)
  • בֻּבָּה קְטַנָּה /buˈba kətaˈna/ ( мала кукла)
  • בֻּבּוֹת קְטַנּוֹת /buˈbot kətaˈnot/ (мали кукли)

Придавките кои завршуваат на -i имаат малку поразлична форма:

  • אִישׁ מְקוֹמִי /ʔiʃ məkoˈmi/ ( локален маж)
  • אִשָּׁה מְקוֹמִית /ʔiˈʃa məkoˈmit/ (' локална жена)
  • אֲנָשִׁים מְקוֹמִיִּים /ʔanaˈʃim məkomiˈjim/ (локални мажи)
  • נָשִׁים מְקוֹמִיּוֹת /naˈʃim məkomiˈjot/ (локални жени)

Именките од машки род кои имаат женски наставки за множина /-ot/ сепак имаат наставки од машки род за придавки во множина, пр. מְקוֹמוֹת יָפִים /məkoˈmot jaˈfim/ (убави места). Ова важи за истиот процес за именки од женски род кои завршуваат на /-im/, пр. מִלִּים אֲרֻכּוֹת /miˈlim ʔaruˈkot/ (долги зборови).

Голем број од придавките во хебрејскиот потекнуваат од сегашната форма на глаголите. Овие придавки се менуваат исто како глаголите од кои потекнуваат:

  • סוֹעֵר /soˈʕer/ (бурно, paʕal) → סוֹעֶרֶת /soˈʕeret/, סוֹעֲרִים /soʕaˈrim/, סוֹעֲרוֹת /soʕaˈrot/
  • מְנֻתָּק /menuˈtak/ (отуѓено, puʕal) → מְנֻתֶּקֶת /menuˈteket/, מְנֻתָּקִים /menutaˈkim/, מְנֻתָּקוֹת /menutaˈkot/
  • מַרְשִׁים /marˈʃim/ (импресивно, hifʕil) → מַרְשִׁימָה /marʃiˈma/, מַרְשִׁימִים /marʃiˈmim/, מַרְשִׁימוֹת /marʃiˈmot/

Предлози[уреди | уреди извор]

Како и македонскиот и англискиот, така и хебрејскиот е јазик со важна улога на предлозите. Јазикот има поголем број предлози. Сепак, неколкуте од најважните хебрејски предлози не се посебни зборови во реченицата, туку се претставки. Така на пример, предлогот „во“ во фразата „во собата“ на хебрејски е בַּחֶדֶר /ba-ˈħeder/.

Предлогот אֶת /ʔet/ има важна улога во хебрејската граматика. Негова најчеста употреба е да го претстави директниот предмет. Така на пример, реченицата „Јас ја гледам книгата“ на хебрејски е אֲנִי רוֹאֶה אֶת הַסֵּפֶר /ʔaˈni roˈʔe ʔet ha-ˈsefer/ (буквално Јас гледам /ʔet/ книга-та). Сепак, אֶת /ʔet/ се користи само со семантички „определен“ директен предмет, како што се именки со определен член, лични имиња и лични заменки. За семантички „неопределени“ предмет едноставно не се користи, како на пример во אֲנִי רוֹאֶה סֵפֶר ʔani roʔe sefer (Јас гледам книга). На македонски нема таков предлог, а може да се именува како „предметен предлог“.

Предлогот אֶת /ʔet/ исто така има бројни специјални употреби. На пример, кога придавката צָרִיךְ /t͡saˈriχ/ (нужен (од)) зема определена именка, тогаш се користи предлогот אֶת /ʔet/: הָיִיתִי צָרִיךְ אֶת זֶה /haˈjiti t͡saˈriχ ʔet ze/ (буквално Јас-имав нужда-од /ʔet/ ова, односно Ми треба ова). Како и претходно кажаното, אֶת /ʔet/ се испушта ако има неопределена именка: הָיוּ צְרִיכִים יוֹתֵר /haˈju t͡səriˈχim joˈter/ (буквално тие-имаа нужда-од-повеќе, односно Ним им требаше повеќе). Ова е поврзано со глаголскиот вид со кој се користи придавката.

Кај индиректниот предмет има потреба од предлог. За тоа кој предлог ќе се користи зависи од глаголот. За нив треба да се има добро познавање или да се ослони кон соодветна литература. Хебрејската граматика разликува различни видови индиректни предмети, во зависност од тоа што се определува. Така, има временски предмет תֵּאוּר זְמַן (/teˈʔur zəman/), предмет за место תֵּאוּר מָקוֹם (/teʔur maˈkom/), премет за причина תֵּאוּר סִבָּה (/teˈʔur siˈba/) и многу други.

Прилози[уреди | уреди извор]

Некои придавки во хебрејскиот имаат и функција на прилози, со иста форма и изговор. Ако придавката е прилог, тогаш таа е во машки род еднина:

  • חָזָק /ħaˈzak/ (силен или силно)
  • בָּרוּר /baˈrur/ (јасен или јасно)

Во други случаи, прилогот има посебна форма:

  • מַהֵר /maˈher/ (брзо; од придавката מָהִיר /maˈhir/, брз)
  • לְאַט /ləʔat/ (споро; од придавката אִטִּי /iˈti/, споро)
  • הֵיטֵב /heˈtev/ (добро; од придавката טוֹב /tov/, добро)

Трет случај е кога прилогот произлегува од придавка, користејќи ја формата за женски род единина (поетски стил) или женски род множина:

  • אוֹטוֹמָטִית /otoˈmatit/ (автоматски)
  • קַלּוֹת /kaˈlot/ (лесно)

Сепак, повеќето прилози не се совпаѓаат со придавките, туку имаат „прилозни фрази“ кои се создаваат на еден од следниве начини:

  • користејќи ja прилошката претставка ב /be-/ (во) со со соодветната апстрактна именка на придавката:
    • בִּזְהִירוּת /bi-zhiˈrut/ („во грижа“: грижливо)
    • בַּעֲדִינוּת /ba-ʕadiˈnut/ („во финост“: фино)
  • користејќи ja истata претставка, но со именката אֹפֶן /ˈʔofen/ (начин) и така ја модифицира именката со формата на придавката во машки род еднина:
    • בְּאֹפֶן אִטִּי /bəˈʔofen ʔiˈti/ („на спор начин“: с'поро').
  • слично, но со именката צוּרָה /t͡suˈra/ (како/форма), и користејќу ја формата на придавката во женски род еднина:
    • בְּצוּרָה אָפְיָנִית /bə-t͡suˈra ʔofjaˈnit/ („во карактеристична форма“: карактеристично).

Употребата на еден од начините не значи дека ги исклучува и другите начини. Еден прилог може да се направи со повеќе начини. Како и во англискиот, така и во хебрејскиот има прилози кои не се совпаѓаат со соодветната придавка:

  • לָכֵן /laˈχen/ (така што)
  • כָּכָה /ˈkaχa/ (така)

Синтакса[уреди | уреди извор]

Секој хебрејски збор мора да содржи најмалку еден подмет, еден прирок, а другите елементи се незадолжителни. Зборовниот ред на современиот хебрејски е случен со македонскиот и ангискиот на пример,односно подмет-прирок-предмет, за разлика од библискиот хебрејски кој имал зборовен редослед прирок-подмет-предмет.[46] Современиот хебрејски е окарактеризиран по асиметријата помеѓу определениот предмет и неопределениот предмет. Во јазикот има акузативен бележник „ет“, само пред определен предмет (повеќето се определени именки и лични имиња). „Ет“ и „ха“ во скоро време се во процес на спојување и има тежнеење да станат „та“,[47]. Останати синтаксни одлики на хебрејскиот се:

  • повеќето од хебрејските реченици имаат неколку точни зборовни редоследи. Може да се променат местата на зборовите и пак да се добие истото значење, слично како македонскиот.
  • во јазикот нема збор кој би се претпоставило дека доаѓа пред секоја именка во еднина (како на пример членот).
  • речениците во хебрејскиот може да не вклучат глаголи, глаголот „сум“ може да биде избришан во сегашно време.

Книжевност[уреди | уреди извор]

Хебрејската книжевност се состои од антички, средновековни и модерни ракописи на хебрејски јазик. Меѓу другите, најпознато дело од оваа литература е Хебрејската Библија (Танак).

Поголемиот дел од еврејската религиозна литература е напишана на хебрејски. Мишната е основната рабинска кодификација на закони доведени од Тората. Еврејските богослужби се собрани во книги на хебрејски највеќе од Амрам Гаон и Садија Гаон. Образложенија од Тора од Абрахан ибн Езра до Раши и слични такви дела се напишани на хебрејски. Такви се и кодификациите на еверјските закони, како на пример Шулчан Аруч.

Овие дела од хебрејската литература доста пати биле комбинирани или зголемувани со додавање на додатна литература на јазик кој им бил повеќе познат на Евреиите во тоа време. Гемарата била додена како арамејско-јазично образложенија на Мишна како состаен дел од Талмудот. Некои од традиционалните еврејски молитвеници се на арамејски. Некои важни дела од средновековната филозофија, како Водич за вчудовидените, биле всушност напишани на арапски.

Зборовен фонд[уреди | уреди извор]

Броеви[уреди | уреди извор]

Часовникот на Еврејската градска куќа која се наоѓа во Прага, на кој броевите се испишани во насока спротивна на часовникот.

Хебрејските броеви се квази децимален азбучен броен систем кој користи букви од хебрејската азбука. Системот би преземен од грчките броеви при крајот на 2 век п.н.е. и истиот е познат под името еврејски азбучни броеви за да се разликува од претходните системи на запишување кои се користеле во класичната антика. Овие системи биле наследени од арамејските и феникиските записи од околу 800 година п.н.е. во т.н. Самариски остракони и понекогаш познати како хебрејско-арамејски броеви, кои се пак добиени од египетските броеви.

Грчкиот систем бил усвоен преку хеленистичкиот јудаизам и истиот систем се користел во стара грција уште од V век п.н.е.[48]

Во овој систем, не постои ознака за нулата, и бројните вредности за поединечните букви се додадени една кон друга. На секоја единица (1, 2, ..., 9) и се назначува одделно буква, за секоја (10, 20, ..., 90) исто така се назначува посебна буква, и за првите четири стотки (100, 200, 300, 400) се назначува посебна буква. Останатите стотки (500, 600, 700, 800 и 900) се претставени како збир од две или три букви кои се користат за првите четири стотки. За да се претстават броевите од 1.000 до 999.999, истите букви се искористени за да служат како илјадарки десетици илјади и стотици илјади. Гематријата (еврејска нумерологија) ги користи обемно овие преобразби.

Денес во Израел, се користи децималниот систем од арапски броеви ( 0, 1, 2, 3итн.) во сите случаи (пари, старост, атуми на граѓанскиот календар). Хебрејските броеви се користат само во специјални случаи, како на пример кога се користат еврејскиот календар, или означување на подреденост на спискок (слично на a, b, c, dитн.), и на наќин како што се користат римските броеви на запад.

Позајмени зборови[уреди | уреди извор]

Современиот хебрејски јазик има голем број позајмени зборови од различни јазици, како што е случај и со повеќето јазици во светот. Голем дел од позајмените зборови се од арапскиот, арамејскиот, јидиш, ладино, германскиот, рускиот, англискиот, полскиот и други помали јазици. Современиот хебрејски зачувал голем број древни хебрејски зборови, кои пак во тогашно време биле позајмени од околните древни јазици (акадски, арамејски). Некои типични позајмени зборови во хебрејскиот се:

позајмен збор изведенки потекло
хебрејски МФА значење хебрејски МФА значење јазик правопис значење
ביי /baj/ довидување   англиски bye довидување
אגזוז /eɡˈzoz/ издувен систем   exhaust
system
издувен систем
דיג׳יי /ˈdidʒej/ Диџеј לדג׳ה /ledaˈdʒe/ диџеј to DJ Диџеј
ואללה /ˈwala/ навистина!?   арапски والله навистина?!
כיף /kef/ забава לכייף /lekaˈjef/ да се забавуваш[w 1] كيف задоволство
חפיף /χaˈfif/ лесно (со леснотија) להתחפף /lehitχaˈfef/ да излезеш[w 2] خَفِيف лесно
אבא /ˈaba/ тато   арамејски אבא таткото/мојот татко
חלטורה /χalˈtura/ лоша работа לחלטר /leχalˈteɣ/ да осветлиш руски халтура лоша работа[w 3]
בלגן /balaˈɡan/ неред לבלגן /levalˈɡen/ да направиш неред балаган хаос[w 3]
תכל׳ס /ˈtaχles/ директно   јидиш תּכלית цел
חרופ /χʁop/ длабоко спиење לחרופ /laχˈʁop/ да спиеш длабоко כראָפּ хрчи
שפכטל /ˈʃpaχtel/ шпатула   германски Spachtel шпатула
גומי /ˈɡumi/ гума גומיה /ɡumiˈja/ гума Gummi гума
גזוז /ɡaˈzoz/ газиран
пијалак
  турски
од
француски
gazoz[w 4]
од
eau gazeuse
газиран
пијалак
פוסטמה /pusˈtema/ глупа жена   ладино   воспалена рана[w 5]
אדריכל /adʁiˈχal/ архитект אדריכלות /adʁiχaˈlut/ архитектура акадски arad-ekalli слуга во храм[w 6]
Белешки
  1. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Arabic“. Safa-ivrit.org. Посетено на 2014-08-26.
  2. „morfix dictionary“. Morfix.mako.co.il. Архивирано од изворникот на 2013-01-07. Посетено на 2014-08-26.
  3. 3,0 3,1 bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Russian“. Safa-ivrit.org. Посетено на 2014-08-26.
  4. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Turkish“. Safa-ivrit.org. Посетено на 2014-08-26.
  5. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Ladino“. Safa-ivrit.org. Посетено на 2014-08-26.
  6. אתר השפה העברית. „Loanwords in Hebrew from Akkadian“. Safa-ivrit.org. Посетено на 2014-08-26.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Sáenz-Badillos, Angel (1993) [1988]. A History of the Hebrew Language. Преведено од Elwolde, John. Cambridge University Press. ISBN 9780521556347.
  2. H. S. Nyberg 1952. Hebreisk Grammatik. s. 2. Reprinted in Sweden by Universitetstryckeriet, Uppsala 2006.
  3. Thompson, Irene (June 15, 2016). „Hebrew“. About World Languages.
  4. 4,0 4,1 4,2 Gur, Nachman; Haredim, Behadrey. 'Kometz Aleph – Au': How many Hebrew speakers are there in the world?“. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2 November 2013.
  5. „Most ancient Hebrew biblical inscription deciphered“. Physorg.com. January 7, 2010. Посетено на 2013-04-25.
  6. Grenoble, Leonore A.; Whaley, Lindsay J. (2005). Saving Languages: An Introduction to Language Revitalization. United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 63. ISBN 978-0521016520. Посетено на 28 March 2017. Hebrew is cited by Paulston et al. (1993:276) as 'the only true example of language revival.'
  7. Fesperman, Dan (26 April 1998). „Once 'dead' language brings Israel to life Hebrew: After 1,700 years, a revived language becomes a common thread knitting together a nation of immigrants with little in common except religion“. The Baltimore Sun. Sun Foreign Staff. Архивирано од изворникот на 2017-03-29. Посетено на 28 March 2017.
  8. 8,0 8,1 "Hebrew" in The Oxford Dictionary of the Christian Church, edit. F.L. Cross, first edition (Oxford, 1958), 3rd edition (Oxford 1997). The Oxford Dictionary of the Christian Church which once said, in 1958 in its first edition, that Hebrew "ceased to be a spoken language around the fourth century BCE", now says, in its 1997 (third) edition, that Hebrew "continued to be used as a spoken and written language in the New Testament period".
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Sáenz-Badillos, Ángel and John Elwolde. 1996. A history of the Hebrew language. P.170-171
  10. "If you couldn't speak Greek by say the time of early Christianity you couldn't get a job. You wouldn't get a good job. a professional job. You had to know Greek in addition to your own language. And so you were getting to a point where Jews...the Jewish community in say Egypt and large cities like Alexandria didn't know Hebrew anymore they only knew Greek. And so you need a Greek version in the synagogue." – Josheph Blankinsopp, Professor of Biblical Studies University of Notre Dame in A&E's Who Wrote the Bible
  11. „הספריה של מט"ח“. Lib.cet.ac.il. Посетено на 2013-04-25.
  12. Ross, Allen P. Introducing Biblical Hebrew, Baker Academic, 2001.
  13. אברהם בן יוסף ,מבוא לתולדות הלשון העברית (Avraham ben-Yosef, Introduction to the History of the Hebrew Language), page 38, אור-עם, Tel-Aviv, 1981.
  14. Share, David L. (2017). „Learning to Read Hebrew“. Во Verhoeven, Ludo; Perfetti, Charles (уред.). Learning to Read Across Languages and Writing Systems. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 156. ISBN 9781107095885. Посетено на 1 November 2017.
  15. Fellman, Jack (1973). The Revival of a Classical Tongue: Eliezer Ben Yehuda and the Modern Hebrew Language. The Hague: Mouton. стр. 12. ISBN 9789027924957. Посетено на 1 November 2017.
  16. 'Oldest Hebrew script' is found“. BBC News. 30 October 2008. Посетено на 3 March 2010.
  17. „Have Israeli Archaeologists Found World's Oldest Hebrew Inscription?“. Haaretz. AP. 30 October 2008. Архивирано од изворникот на 6 August 2011. Посетено на 8 November 2010.
  18. William M. Schniedewind, "Prolegomena for the Sociolinguistics of Classical Hebrew", The Journal of Hebrew Scriptures vol. 5 article 6 Архивирано на 4 февруари 2012 г.
  19. M. Segal, A Grammar of Mishnaic Hebrew (Oxford: Clarendon Press, 1927).
  20. Elisha Qimron, The Hebrew of the Dead Sea Scrolls, Harvard Semitic Studies 29 (Atlanta: Scholars Press 1986).
  21. Nicholas Ostler, Empires of the Word: A Language History of the World, Harper Perennial, London, New York, Toronto, Sydney 2006 p80
  22. 22,0 22,1 22,2 Spolsky, Bernard and Elana Goldberg Shohamy. The languages of Israel: policy, ideology and practice. P.9
  23. 23,0 23,1 Miguel Perez Fernandez, An Introductory Grammar of Rabbinic Hebrew (Leiden, Netherlands: Koninklijke Brill 1997).
  24. An Introductory Grammar of Rabbinic Hebrew (Fernández & Elwolde 1999, p.2)
  25. The Cambridge History of Judaism: The late Roman-Rabbinic period. 2006. P.460
  26. Borrás, Judit Targarona and Ángel Sáenz-Badillos. 1999. Jewish Studies at the Turn of the Twentieth Century. P.3
  27. Spolsky, B., "Jewish Multilingualism in the First century: An Essay in Historical Sociolinguistics", Joshua A. Fishman (ed.), Readings in The Sociology of Jewish Languages, Leiden: E. J. Brill, 1985, p. 40. and passim
  28. Languages of the World (Hebrew) Архивирано на 17 јануари 2009 г.
  29. Abraham ibn Ezra, Hebrew Grammar, Venice 1546 (Hebrew)
  30. Shalom Spiegel,Hebrew Reborn,(1930) Meridian Books reprint 1962, New York p.56
  31. Eliezer Ben Yehuda and the Resurgence of the Hebrew Language by Libby Kantorwitz
  32. Rosen, Rosén (1966). A Textbook of Israeli Hebrew. Chicago & London: The University of Chicago Press. стр. 0.161. ISBN 0-226-72603-7.
  33. Shisha Halevy, Ariel (1989). The Proper Name: Structural Prolegomena to its Syntax – a Case Study in Coptic. Vienna: VWGÖ. стр. 33. Архивирано од изворникот на 21 јули 2011.
  34. Greenberg, Moshe (1965). Introduction to Hebrew. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall, INC. стр. 8–9. ISBN 0134844696.
  35. „The differences between English and Hebrew“. Frankfurt International School. Архивирано од изворникот на 2013-11-06. Посетено на 2 November 2013.
  36. „Hebrew – UCL“. University College London. Посетено на 2 November 2013.
  37. „Why Learn a Language?“. Посетено на 2 November 2013.
  38. „CBS: 27% of Israelis struggle with Hebrew – Israel News, Ynetnews“. Ynetnews.com. 21 January 2013. Посетено на 9 November 2013.
  39. „CBS: 27% of Israelis struggle with Hebrew - Israel News, Ynetnews“. Ynetnews.com. 21 January 2013. Посетено на 9 November 2013.
  40. „Some Arabs Prefer Hebrew - Education - News“. Israel National News. Посетено на 2013-04-25.
  41. „Keeping Hebrew Israel's living language - Israel Culture, Ynetnews“. Ynetnews.com. Посетено на 2013-04-25.
  42. Pisarek, Walery. „The relationship between official and minority languages in Poland“ (PDF). European Federation of National Institutions for Language. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-14. Посетено на 7 November 2017.
  43. Kedem, Einat. „כתיב מלא (בעיות), כתיב חסר (היגיון)“. articles.co.il.
  44. 44,0 44,1 44,2 Dekel 2014
  45. 45,0 45,1 45,2 Dekel 2014.
  46. „Basic Word Order in the Biblical Hebrew Verbal Clause, Part 6 | Ancient Hebrew Grammar“. Ancienthebrewgrammar.wordpress.com. Посетено на 2013-04-25.
  47. Consider ten li et ha-séfer "give:2ndPerson.Masculine.Singular.Imperative to-me ACCUSATIVE the-book" (i.e. "Give me the book!"), where et, albeit syntactically a case-marker, is a preposition and ha is a definite article. This sentence is realised phonetically as ten li ta-séfer
  48. Stephen Chrisomalis, Numerical Notation: A Comparative History, Cambridge University Press, 2010, p. 157. Solomon Gandz, Hebrew Numerals, Proceedings of the American Academy for Jewish Research Vol. 4, (1932 - 1933), pp. 53-112.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. сефардски: [ʕivˈɾit]; ирачки: [ʕibˈriːθ]; јеменски: [ʕivˈriːθ]; ашкенази: [iv'ʀis] или [iv'ris], чист изговор [ʔiv'ris] или [ʔiv'ʀis]
  2. Во Танах, Еврејската Библија, јазикот се именувал како „јехудит“ (Yehudit, „јазикот на Јуда“) или səpaṯ Kəna'an „јазикот на Ханан“.[1] Подоцнежните хенелистички писатели како што е Јосефус на пример, и во Евангелието по Јован, јазикот се именува како „хебраисти“ (Hebraisti), но овој поим се користел да се именува и хебрејскиот и арамејскиот.[1]
  3. Sáenz-Badillos, Ángel, John Elwolde: „Има општа согласност дека можат да издвојат два периода на рабинскиот хебрејски (РХ). Првиот, кој траел до крајот на танаитската ера (200 година) е карактеристичен по тоа што РХ како говорен јазик почнал да преоѓа во книжевен медиум во која Мишна, Тосефта, Бараитот и Мидрашим можеле да се создадат. Втората фаза започнува со амораимскиот период и тука РХ полека почнал да се заменува од арамејскиот како говорен јазик, така што преживеал само како книжевен јазик. Потоа продолжил да се користи во доцните рабински писанија во 10 век, на пример, во хебрејскиот дел од двата Талмуда и во мидрашката и хегадската книжевност“.[9]
  4. Fernández & Elwolde: "Општо се смета дека Свитоците од Мртвото Море, особено Бакарниот свиток, но и писмата на Бар Кохба, дале јасен доказ за популарниот карактер на МХ [мишнајскиот хебрејски]."[24]

Литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Регулаторни органи
Општи информации
Изучувачки материјали
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Хебрејски јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).