Жена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Раѓањето на Венера од Сандро Ботичели (околу 1485)

Жена е човек од женскиот пол. Терминот жена е обично резервиран за возрасни личности од женскиот пол, а терминот девојка е вообичаениот термин за женско дете или адолесцент. Жените обично се способни за раѓање од пубертетот до менопаузата.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот поттекнува од протословенскиот збор жена, кој поттекнува од прото-индоевропскииот gʷḗn.

Биолошки симбол[уреди | уреди извор]

Симболот за планетата и божицата Венера или Афродита е знак кој исто така се користи во биологијата за означување на женскиот пол.[1]

Терминологија[уреди | уреди извор]

Женственоста е период во животот на човечко суштество од женски пол откако таа поминала низ детството и адолесценцијата, генерално на околу 18 годишна возраст.

Зборот жена може да се користи генерално, за сите луѓе од женски пол или поконкретно, за означување на возрасни луѓе од женски пол во контраст со зборот девојка.

Терминот "женскост" едноставно се однесува на состојбата на постоење како жена, со поминувањето на менархе; "женственост" се користи во однос на родовите улоги.

Менархе, појавата на менструацијата, се јавува во просек на возраст од 12-13. Многу култури имаат обреди за премин, влкучувајќи некои гранки на Христијанството,[2] Бат мицвата во Јудаизмот, или дури само обичај на посебна прослава за одреден роденден (обично помеѓу 12 и 21 години).

Биологија и пол[уреди | уреди извор]

Женскиоткариотип

Во однос на биологијата, женските полови органи се вклучени во репродуктивниот систем, додека секундарните полови карактеристики се вклучени во негувањето на деца. Јајниците, во прилог на нивната регулаторна функција при производството на хормони, произведуваат и женски гамети наречени јајце клетки кои, кога оплодени од машки гамети (сперма), формираат нови генетски поединци. На грлото на матката е орган со ткиво за заштита и одгледување на развојот на фетусот и мускули за породување преку вагината. Терминот вагина често се користи колоквијално и некоректно за означување на вулвата односно надворешната женска гениталија, која се состои од (во прилог на вагината) лабијата, клиторисот и уретрата. Градите еволуирале од потната жлезда за произведување на млеко, хранливо лачење кое е најдистинктивната карактеристика на цицачите.

За време на почетокот на феталниот развој, ембрионите и од двата пола изгледаат полово-неутрални. Како и во случаите без два пола, како што се видовите кои се размножуваат бесполово, полово-неутралниот изглед е поблиску до женскиот изглед. Фетусот обично се развива во машки ако е изложен на значителен износ на тестостерон (типично бидејќи фетусот има Y хромозом од таткото). Инаку, фетусот стандардно се развива во женски, обично кога фетусот има Х хромозом од таткото, но исто така и кога таткото не придонесе ниту X ниту Y хромозом.

Нерамнотежата на мајчините хормонални нивоа и некои хемикалии (или лекови) можат да ги сменат секундарните полови карактеристики на фетусите. Жените обично имаат кариотип 46,XX, но околу една во 1000 е 47,XXX, и една во 2500 45,X. Ова се разликува од типичниот машки кариотип 46,XY; така, X и Y хромозомите се познати како женски и машки, соодветно. Затоа што луѓето ја наследуваат митохондријалната ДНК само од мајката, генетските студии на женската линија имаат тенденција да се фокусираат на митохондријалната ДНК.

"Животот и возраста на жената - фази на женскиот живот од лулка до гроб", 1849.

Иако помалку жени отколку мажи се родени (соодносот е околу 1:1.05), поради подолг животен век постојат само 81 мажи на возраст од 60 или погоре за секои 100 жени на иста возраст. Жените обично имаат подолг животен век отколку мажите.[3] Ова се должи на комбинација од фактори: генетика (излишни и различни гени се присутни на половите хромозоми кај жените); социологија и особено изборите во однос на здравјето (како самоубиството или употребата на цигари и алкохол); присуството на женскиот хормон естроген, кој има кардиопротективен ефект кај жените пред менопауза; и ефектот од високите нивоа на андрогени кај мажите. Од вкупниот број на човечката популација во 2015 година, имаше 101.8 мажи за секои 100 жени.[4]

Кај телата на девојчињата настануваат неколку промени за време на пубертетот. Пубертетот е процес на физички промени со што детското тело преминува во возрасно тело, способно за полова репродукција. Тој е инициран од страна на хормонални сигнали од мозокот до гонадите. Како одговор на сигналите, гонадите произведуваат хормони кои го стимулираат либидото и растот, функцијата и трансформацијата на мозокот, коските, мускулите, крвта, кожата, косата, градите како и половите органи. Физичкиот развој—висината и тежината—се забрзува во првата половина на пубертетот и не завршува се додека детето нема развиено возрасно тело. До созревањето на репродуктивните способности, пре-пубертетските, физички разлики меѓу момчињата и девојчињата се гениталијата. Пубертетот е процес кој обично се случува на возраст помеѓу 10-16. Главната ознака за пубертетот кај девојките е менархе, појавата на менструација, која се јавува во просек на возраст помеѓу 12-13.[5][6][7][8]

Повеќето девојчиња поминуваат преку менархе по што можат да бидат бремени.[9] Проучувањето на женската репродукција и репродуктивни органи се нарекува гинекологијата.[10]

Здравје[уреди | уреди извор]

Бремена жена

Женското здравје се однесува на здравствените проблеми специфични за женската анатомија. Постојат некои болести кои претежно влијаат врз жените, како што е лупусот. Исто така, постојат некои полови болести кои се наоѓаат почесто или исклучиво кај жените, на пример, рак на дојка, рак на грлото на матката или рак на јајниците. Жените и мажите можат да имаат различни симптоми за иста болест и исто така можат да одговорат на медицински третман поинаку. Оваа област на медицински истражувања се изучува од полово-базираната медицина.[11]

Прашањето за здравјето на жените е покренато од страна на многу феминисти, особено кога репродуктивното здравје е во прашање. Здравјето на жените е сместено во рамките на едно пошироко тело на знаење кое се наведува од страна на, меѓу другите, Светската здравствена организација, која го смета за особена важноста полот како социјален детерминант на здравјето.[12]

Мајчинската смртност се дефинира од Светската здравствена организација како "смртта на жена во текот на бременоста или во рок од 42 дена од денот на прекинување на бременоста, без оглед на времетраењето и местото на бременоста, од која било причина поврзана со или влошена од бременоста или нејзиниот менаџмент, но не и од случајни причини."[13] Околу 99% од мајчинските смртни случаи се во земјите во развој. Повеќе од половина од нив се случуваат во супсахарска Африка и речиси една третина во Јужна Азија. Главните причини за мајчинската смртност се тешкото крварење (најчесто крварење по породувањето), инфекции (обично по породувањето), прееклампсија и еклампсија, небезбеден абортус и компликации при бременоста од маларија и ХИВ/СИДА.[14] Повеќето европски земји, Австралија, како и Јапонија и Сингапур се многу безбедни во однос на породувањето, додека супсахарските земји се најопасни.[15]

Репродуктивните права и слободи[уреди | уреди извор]

Постер од 1921 година од конференција за евгеника која ги прикажува американските држави кои спроведиле законодавство за стерилизација

Репродуктивните права се права и слободи кои се однесуваат на репродукција и репродуктивно здравје. Меѓународната федерација на гинекологија и акушерство изјави дека:[16]

(...) човековите права на жените вклучуваат нивно право да имаат контрола над и да одлучуваат слободно и одговорно за прашањата поврзани со сексуалноста, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје, без присила, дискриминација и насилство. Еднакви односи помеѓу жените и мажите во однос на прашањата за сексуални односи и репродукција, вклучувајќи ги и целосното почитување на интегритетот на личноста, нужната меѓусебна почит, согласноста и заедничката одговорност за сексуалното однесување и неговите последици.

Повреди на репродуктивните права вклучуваат присилна бременост, присилна стерилизација и присилен абортус.

Присилната стерилизација била практикува за време на првата половина на 20-тиот век од страна на многу од западните земји. Присилната стерилизација и присилниот абортус, во моментов се практикуваат во земјите како што се Узбекистан и Кина, обично при абортирање на женски фетуси.[17][18][19][20][21][22]

Недостатокот на соодветни закони за сексуалното насилство во комбинација со недостатокот на пристап до контрацепција и/или абортус, се главна причина за присилната бременост.

Културата и родовите улоги[уреди | уреди извор]

Текстилната работа е традиционално и историски женска окупација во многу култури.

Традиционално, жените од средната класа биле вклучени во домашните задачи, со потенцирање на детската заштита. За сиромашните жени, особено тие од работничката класа, економска неопходност ги присили да бараат вработување надвор од домот. Многу од занимањата кои им биле достапни биле со пониски плати од оние достапни за мажите.

Со промените во пазарот на трудот за жените станало достапно вработувањето не само во фабрики туку и во пореспектабилни канцелариски работни места за кои се барало повеќе образование, учеството на жените во САД во работната сила се зголеми од 6% во 1900 до 23% во 1923 година. Овие промени во однос на работната сила довеле до промени во однос на ставовите за жените на работа, овозможувајќи за револуцијата која резултираше со тоа што жените станале ориентирани кон кариерата и образованието.

За време на втората светска војна, некои жени вршиле улоги кои, инаку, би се сметале за машки според културата на времето

Во 1970-тите, многу женски академици, вклучувајќи ги и научниците, избегнувале да имаат деца. Меѓутоа, во текот на 1980-тите години, институциите се обиделе да ги еквализираат условите за мажите и жените на работното место. И покрај тоа, нееднаквостите во домот ги отежнувале можностите на жените да успеат колку и мажите. Професионалните жени се уште генерално се сметаат за одговорни за домашниот труд и за грижата на децата. Тие имаат "двојно оптоварување", кое не им дозволува да имаат време и енергија за да успеат во своите кариери. Исто така, иако има зголемување во однос на усвојувањето на егалитарни родови улоги во домот од страна на и жените и мажите, неодамнешно истражување покажа дека жените се фокусирале на работите за моралноста, правичноста и благосостојбата, додека мажите се фокусирале на социјалните конвенции.[23] До почетокот на 20-от век, американските женски колеџи барале нивните женски членови на факултетот да останат немажени, врз основа на тоа дека не би можеле да имаат две професии со полно работно време одеднаш. Според Шибингер, "Да се биде научник и сопруга и мајка е товар од општеството кое очекува од жените почесто отколку од мажите да го стават семејството пред кариерата.".[24]

Движењата се залагаат за еднаквост на можностите за двата пола и еднакви права независно од полот. Преку комбинација на економските промени и напорите на женското движење, во последниве децении жените во многу општества сега имаат пристап до кариери надвор од традиционалните.

Иако поголем број на жени добиваат високо образование, нивните плати често се пониски од оние на мажите. CBS News тврди дека во 2005 година во САД жените на возраст од 30 до 44 со универзитетска диплома заработувале само 62% од она го заработувале слично квалификуваните мажи, пониска стапка отколку во сите освен 3 од 19-те земји за кои статистики биле достапни. Некои западни нации со поголема нееднаквост во однос на платите се Германија, Нов Зеланд и Швајцарија.[25]

Насилството врз жените[уреди | уреди извор]

Кампања против женска генитална мутилација – знак во близина на Капчорва, Уганда
Горење на "вештерки"
Млада кинеска жена од еден од "комфортните баталјони" на Кралската јапонска армија интервјуирана од страна на сојузнички службеник.

Декларацијата за елиминација на насилство врз жените на ОН го дефинира "насилството врз жените", како:[26]

секој акт на полово насилство што резултира со, или може да резултира со физичка, сексуална или ментална штета или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви дејства, принуда или арбитрарно лишување од слобода, без разлика дали се случува во јавниот или приватниот живот.


и идентификува три форми на таквото насилство: она што се случува во семејството, она во рамките на општата заедница и она што е сторено или поддржано од страна на државата. Таа исто така наведува дека "насилството против жените е манифестација на историски нееднакви односи на моќ меѓу мажите и жените".[27]

Насилство против жените и понатаму останува широко распространет проблем, поткрепен од страна на патријархалните општествени вредности, недостатокот од соодветни закони и недостаток на спроведување на постојните закони. Социјалните норми кои постојат во многу делови од светот го попречуваат напредокот кон заштита на жените од насилството.[28] Во студија од 2010 година спроведена од страна на Pew Research Center покажа дека каменувањето како казна за прељуба беше поддржано од страна на 82% од испитаниците во Египет и Пакистан, 70% во Јордан, 56% Нигерија и 42% во Индонезија.[29]

Специфични форми на насилство кои влијаат врз жените вклучуваат женската генитална мутилација, трговијата со луѓе, проституцијата, принудниот брак, силувањето, сексуалната злоупотреба, убиствата за чест, фрлање на киселина и насилство поврзано со мираз. Владите можат да бидат соучесници во насилство против жените, на пример преку практиките на каменување (како казна за прељуба).

Исто така има многу форми на насилство кои историски биле претежно против жените, особено ловот на вештерки, жртвата на вдовиците (на пример, сати) и врзувањето на стапалата. Просекуцијата на жени обвинети за вештерство има долга традиција, на пример судењата за вештерство во раниот модерен период (помеѓу 15 и 18 век) биле чести во Европа и во европските колонии во Северна Америка. Денес и понатаму постојат региони на светот (како што се делови на супсахарска Африка, рурална северна Индија и Папуа Нова Гвинеја) каде верувањето во магии се одржува од страна на многу луѓе и жените обвинети за вештерство се изложени на сериозно насилство.[30][31][32] Покрај тоа исто така постојат земји кои имаат кривично законодавство против практикување на вештерство. Во Саудиска Арабија, вештерство останува кривично дело казниво со смрт, и во 2011 година земјата има отцепено глава на жена поради "гатање и магии".[33][34]

Исто така одредени форми на насилство против жените биле признаени како кривични дела само во текот на последниве децении и не се универзално забранети, со што многу земји продолжуваат да ги дозволуваат. Ова е особено случај со брачното силување.[35][36] Во западниот свет, има тренд кон обезбедување на полова еднаквост во бракот и гонењето на случаите на семејно насилство, но во многу делови од светот жените се уште губат значајни законски права при влегување во брак.[37]

Сексуалното насилство врз жените во голема мера се зголемува за време на војната и вооружените конфликти, за време на воена окупација или етнички конфликти; најчесто во форма на воено силување и сексуално ропство. Во Колумбија, вооружениот конфликт исто така резултираше со зголемување на сексуалното насилство против жените.[38]

Законите и политиките за насилство против жените се разликуваат според јурисдикцијата. Во Европската Унија, сексуалната злоупотреба и трговијата со луѓе се предмет на директиви.[39][40]

Облека, мода и закони за облека[уреди | уреди извор]

Жените во различни делови од светот се облекуваат  на различни начини, со што нивниот избор на облека зависи од локалната култура, верските постулати и традиции, општествените норми и модните трендови, меѓу другите фактори. Различни општества имаат различни идеи за скромноста. Меѓутоа, во многу јурисдикции, жениските избори во однос на облеката не се секогаш слободни, со закони за ограничување на она што тие можат или не можат да го носат. Ова е особено случајот во однос на исламската облека. Додека одредени јурисдикции законски ја мандатираат облеката, други земји го забрануваат или ограничуваат носењето на одредена облека (како што е бурката/покривањето на лицето) на јавни места (на пример во Франција). Овие закони се доста контроверзни.[41]

Плодноста и семејниот живот[уреди | уреди извор]

Светска мапа која ја покажува вкупната стапка на фертилитет (TFR), според CIA World Factbook од 2015 година.
  7–8 Children
  6–7 Children
  5–6 Children
  4–5 Children
  3–4 Children
  2–3 Children
  1–2 Children
  0–1 Children
Мајка и дете, во Бутан

Вкупната стапка на фертилитет (TFR) - просечен број на деца родени од една жена во текот на нејзиниот живот — значително се разликува помеѓу различни региони на светот. Во 2016 година, највисоко проценувана TFR беше во Нигер (6.62 деца родени по жена), а најниска во Сингапур (0.82 деца/жена).[42] Додека поголемиот дел од земјите во супсахарска Африка имаат висока TFR, што создава проблеми поради недостигот на ресурси и придонесува за пренаселеност, повеќето западни земји во моментов имаат подзаменска стапка на фертилитет која може да доведе до стареење на населението и опаѓање на населението.

Во многу делови од светот, имало промени во структурата на семејствата во текот на изминатите неколку децении. На пример, на Запад, има тренд на оддалечување од поширокото семејство кон потесното семејство. Има исто така и тренд на оддалечување од брачната плодност кон небрачната плодност. Децата родени надвор од бракот можат да биде родени на кохабитирачки парови или на немажени мајки. Додека децата родени надвор од бракот се чести и целосно прифатени во некои делови од светот, на други места тие се многу стигматизирани, со што немажените мајки се соочуваат со остракизам, вклучувајќи го и насилството од членовите на семејството, и во екстремни случаи, дури и убиства за чест.[43][44] Покрај тоа, сексот надвор од бракот останува нелегален во многу земји (како што се Саудиска Арабија, Пакистан,[45] Авганистан,[46][47] Иран, Кувајт,[48] Малдивите,[49] Мароко,[50] Оман,[51] Мауританија,[52] Обединетите Арапски Емирати,[53][54] Судан,[55] и Јемен[56]).

Социјалната улога на мајката се разликува помеѓу културите. Во многу делови од светот, од жените со мали деца се очекува да останат дома и да ја посветат целата своја енергија на одгледувањето на детето, додека во други места мајките најчесто се враќаат на работа.

Религија[уреди | уреди извор]

Одредени религиозни учења имаат посебни одредби кои се однесуваат на родовите улоги, општествени и приватни интеракции помеѓу половите, соодветната облека за жените и разни други прашања што влијаат врз жените и нивната положба во општеството. Во многу земји, овие верски учења имаат влијание врз кривичниот закон или врз семејното право на овие јурисдикции (Шеријатскиот закон, на пример). Односот помеѓу религија, законот и половата еднаквост е дискутиран од страна на меѓународните организации.[57]

Образование[уреди | уреди извор]

Жени присутни на час за писменост за возрасни во Ел Алто делот на Ла Паз, Боливија

Женското образование вклучува области на половата еднаквост и пристапот до образованието, и нивната поврзаност при ублажувањето на сиромаштијата. Исто така вклучени се и прашањата за образованието според полот и верата со што поделбата на образованието според половите линии, како и според религиозни учења биле традиционално доминантни и се уште се доста релевантни во современите дискусии за едукацијата на жените како глобален предвид.

Иако женското движење ја има промовирано важноста на прашањата во прилог на женското образование дискусијата е широка и во никој случај не е тесно дефинирана. Таа може да вклучува, на пример, едукација за ХИВ/СИДА.[1] Универзалното образование, што значи основно и средно оразование обезбедено од државата, независно од полот сеуште не е глобална норма, дури и ако тоа се претпоставува во повеќето развиени земји. Во некои западни земји, жените ги имаат надминато мажите на многу нивоа на образование. На пример, во САД во 2005/2006, жените ги добиле 62% од вонредните димпоми, 58% од тие на додипломски студии, 60% од магистерските дипломи и 50% од докторатите.[2]

Писменост[уреди | уреди извор]

Светската писменост е пониска за жените отколку за мажите. CIA World Factbook дава проценка од 2010 година што покажува дека 80% од жените се образувани, во споредба со 88.6% од мажите (на возраст од 15 години и повеќе). Стапките за писменост се најниски во Јужна и Западна Азија и во делови на супсахарска Африка.[58]

Земјите на ОЕЦД[уреди | уреди извор]

Образовниот полов јаз во земјите кои се дел од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е намален во текот на последните 30 години. Помладите жени денес имаат далеку поголеми шанси да се здобијат со високи квалификации: во 19 од 30 земји на ОЕЦД, постојат повеќе од двојно повеќе жени на возраст од 25 до 34 години со завршено високо образование од жени на возраст од 55 до 64 години. Во 21 од 27 земји на ОЕЦД со споредливи податоци, бројот на жени кои дипломирале на програми на универзитетско ниво е еднаков на или го надминува тој на мажите. 15-годишните девојчиња имаат тенденција да покажуваат многу повисоки очекувања за своите кариери од момчињата на иста возраст.[59] Иако жените се повеќе од половина од вкупниот број на дипломирани студенти во неколку земји на ОЕЦД, тие ги добиваат само 30% од универзитетските дипломи доделени заво областа на науката и инженерингот и се 25% до 35% од истражувачите во повеќето земји на ОЕЦД.[60]

Иако до овој ден жените студираат на престижни универзитети во иста стапка како и мажите, на нив не им се дадени истите шанси да се приклучат на факултетот. Според Смит и Танг, во 1989 година, 65% од мажите и 40% од жените имале постојани позиции, а само 29 проценти од сите научници и инженери вработени како асистент професори биле жени.[61]

Жените во политиката[уреди | уреди извор]

A world map showing female governmental participation by country, 2010.
Светска мапа која го покажува женското учество во владите според државата, 2010
Ангела Меркел го има добиено највисокото место на FORBES листата на најмоќните жени во светот за 8 од изминатите 10 години[62]

Жените не се доволно застапени во владата во повеќето земји. Во октомври 2013, глобалниот просек на жените во националните собири бил 22%.[63] Правото на глас на жените во САД беше постигнато постепено, прво на државно и локално ниво почнувајќи во доцниот 19-ти век и почетокот на 20-тиот век, а во 1920 година жените во САД го добиле универзалното право на глас, со Деветнаесеттиот амандман на Уставот на САД. Некои западни земји биле бавни при овозможувањето на жените да гласаат; особено Швајцарија, каде што жените се стекнале со правото да гласаат на сојузните избори во 1971 година, и во кантонот на Апанзел Инерходен жените го добиле правото на глас за локалните прашања дури во 1991 година, кога кантонот беше принуден да го дозволи тоа од страна на Сојузниот Врховен суд на Швајцарија;[64][65] и Лихтенштајн во 1984 година преку референдумот за правото на глас на жените.

Наука, литература и уметност[уреди | уреди извор]

Германскиот композитор Клара Шуман во 1878 година

Жените низ текот на историјата имаат направено придонеси за науката, литературата и уметноста. Една област каде што на жените историски им било дозволен пристап беше акушерството и гинекологијата (пред 18 век, грижата за бремени жени во Европа беше спроведена од страна на жените; од средината на 18 век наваму медицинскиот мониторинг на бремените жени почна да бара ригорозно формално образование, до кое на жените генерално не им беше дозволен пристап, затоа практиката во голема мера беше префрлена на мажите).[66][67]

Пишувањето исто така генерално се сметаше за прифатливо за жените од високата класа, иако постигнувањето на успех како женски писател во машко доминираниот свет било многу тешко; како резултат на ова неколку жени писатели усвоиле машки псевдоним (на пр. Џорџ Санд, Џорџ Елиот).

Жените биле композитори, писатели, инструментални изведувачи, пејачи, диригенти, музики научници, музички едукатори, музички критичари/музички новинари и слично. Постојат музички движења, настани и жанрови поврзани со жените, женските прашања и феминизмот. Во 2010-тите, додека жените сочинуваат значителен дел од пејачите на популарната музика и пејачите на класичната музика и значителен дел од писателите на песните, постои мал број на жени кои се музички продуценти, рок критичари и рок инструменталисти. Иако има голем број на жени композитори на класична музика, од Средновековниот период до денес, жените композитори значително се недоволно застапени при најчесто изведуваната класична музика, учебниците по музичка историја и музичките енциклопедии; на пример, во Концизна Оксфордска историја на музиката, Клара Шуман е единствениот споменат женски композитор.

Жените се значителен дел од инструменталните солисти во класичната музика и процентот на жените во оркестрите се зголемува. Во 2015 година статија за концертните солисти во големите канадски оркестри, покажа дека 84% од солистите со Orchestre Symphonique de Montreal биле мажи. Во 2012 година, жените биле само 6% од топ-кругот на Виенскиот филхармонски оркестар. Жените се поретки како инструменталисти во популарните музички жанрови како што се рок и хеви метал, иако имало голем број значајни женски инструменталисти и целосно женски бендови.[68] Жените исто така се недоволно застапени во оркестарското спроведување, музичката критика/музичкото новинарство, музичкото продуцирање и sound engineering. Жените биле обесхрабрени од компонирање до 19-тиот век, а постои и мал број на жени музиколози, жените станале вклучени во музичкото образование "... до толкав степен што жените го доминирале [ова поле] во текот на доцниот 19-ти век и во 20-от век."[69]

Според Џесика Дучен, музички писател за The Independent, жените музичари во класичната музика се "... премногу често судени врз основа на нивниот изглед, а не нивниот талент" и тие се соочуваат со притисок "... да изгледаат згодно на сцената и во фотографии."

Според Едвина Волстенкрофт, класичната музичка индустрија одамна е отворена за жените во однос на изведувањето, но жените имаат помала веројатност да се здобијат со позиции на авторитет, како на пример лидер на оркестар.[70] Во популарната музика, иако има многу жени пејачи, постојат многу малку жени музички продуценти, поединците кои го насочуваат и кои управуваат со процесот на снимање.[71]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jose A. Fadul. Encyclopedia of Theory & Practice in Psychotherapy & Counseling p. 337
  2. „BBC — Religions — Christianity: Confirmation“. http://www.bbc.co.uk/religion/religions/christianity/ritesrituals/confirmation_1.shtml. посет. 4 февруари 2017 г. 
  3. „Why is life expectancy longer for women than it is for men?“. Scientific American. 30 август 2004. http://www.scientificamerican.com/article.cfm?id=why-is-life-expectancy-lo. посет. 17 октомври 2009 г. 
  4. „United Nations Statistics Division — Demographic and Social Statistics“. http://unstats.un.org/unsd/demographic/products/dyb/dyb2015.htm. посет. 4 февруари 2017 г. 
  5. (Tanner, 1990).
  6. Relative weight and race influence average age at menarche: results from two nationally representative surveys of US girls studied 25 years apart. „Pediatrics“ том  111 (4 Pt 1): 844–50. април 2003 г. doi:10.1542/peds.111.4.844. PMID 12671122. 
  7. Age at menarche in Canada: results from the National Longitudinal Survey of Children & Youth. „BMC Public Health“ (BMC Public Health) том  10: 736. doi:10.1186/1471-2458-10-736. PMID 21110899. 
  8. Hamilton-Fairley, Diana. Obstetrics and Gynaecology (Second издание). Blackwell Publishing. http://vstudentworld.yolasite.com/resources/final_yr/gynae_obs/Hamilton%20Fairley%20Obstetrics%20and%20Gynaecology%20Lecture%20Notes%202%20Ed.pdf. 
  9. Menarche and menstruation can be absent due to many conditions of which the most frequent is primary amenorrhea.
  10. „gynaecology — definition of gynaecology in English | Oxford Dictionaries“. https://en.oxforddictionaries.com/definition/gynaecology. посет. 4 февруари 2017 г. 
  11. „Advancing the case for gender-based medicine — Horizon 2020 - European Commission“ (на en). https://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/news/advancing-case-gender-based-medicine. посет. 4 февруари 2017 г. 
  12. http://www.who.int/social_determinants
  13. „WHO | Maternal mortality ratio (per 100 000 live births)“. Who.int. http://www.who.int/healthinfo/statistics/indmaternalmortality/en/. посет. 19 април 2014 г. 
  14. „WHO | Maternal mortality“. Who.int. http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs348/en/. посет. 19 април 2014 г. 
  15. „The World Factbook“. Cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2223rank.html. посет. 19 април 2014 г. 
  16. „Resolution on Reproductive and Sexual Health | International Federation of Gynecology and Obstetrics“. Figo.org. http://www.figo.org/projects/reproductive_and_sexual_health. посет. 19 април 2014 г. 
  17. Uzbekistan's policy of secretly sterilising women“, „BBC News“, 12 април 2012.
  18. „BBC Radio 4 - Crossing Continents, Forced Sterilisation in Uzbekistan“. Bbc.co.uk. 16 април 2012. http://www.bbc.co.uk/programmes/b01fjx63. посет. 19 април 2014 г. 
  19. „China 'one-child' policy: Mother of 2 dies after forced sterilization“. GlobalPost. 9 април 2013. http://www.globalpost.com/dispatch/news/regions/asia-pacific/china/130409/china-mother-dies-after-forced-sterilization-one-child-policy. посет. 19 април 2014 г. 
  20. „Thousands at risk of forced sterilization in China | Amnesty International“. Amnesty.org. https://www.amnesty.org/en/news-and-updates/thousands-risk-forced-sterilization-china-2010-04-22. посет. 19 април 2014 г. 
  21. China forced abortion photo sparks outrage“, „BBC News“, 14 јуни 2012.
  22. http://www.hrnk.org/uploads/pdfs/HRNK_HiddenGulag2_Web_5-18.pdf
  23. Gere, J., & Helwig, C. C. (2012). Young adults' attitudes and reasoning about gender oles in the family context. "Psychology of Women Quarterly, 36", 301-313. doi: 10.1177/0361684312444272
  24. Schiebinger, Londa (1999). Has Feminism Changed Science? : Science and Private Life. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. стр. 92–103. 
  25. U.S. Education Slips In Rankings“, „CBS News“, 13 септември 2005.
  26. „A/RES/48/104. Declaration on the Elimination of Violence against Women“. Un.org. https://www.un.org/documents/ga/res/48/a48r104.htm. посет. 19 април 2014 г. 
  27. United Nations General Assembly. „A/RES/48/104 - Declaration on the Elimination of Violence against Women — UN Documents: Gathering a body of global agreements“. UN Documents. http://www.un-documents.net/a48r104.htm. посет. 19 април 2014 г. 
  28. „Statistics by Area — Attitudes towards wife-beating — Statistical table“. Childinfo.org. http://www.childinfo.org/attitudes_data.php. посет. 19 април 2014 г. 
  29. „Muslim Publics Divided on Hamas and Hezbollah | Pew Research Center's Global Attitudes Project“. Pewglobal.org. http://www.pewglobal.org/2010/12/02/muslims-around-the-world-divided-on-hamas-and-hezbollah/. посет. 19 април 2014 г. 
  30. http://scholarship.law.duke.edu/cgi/viewcontent.cgi?article=1129&context=djcil#H2N1
  31. http://www.mrc.ac.za/crime/witchhunts.pdf
  32. Woman burned alive for 'sorcery' in Papua New Guinea“, „BBC News“, 7 февруари 2013.
  33. „Saudi Arabia: Beheading for 'sorcery' shocking | Amnesty International“. Amnesty.org. https://www.amnesty.org/en/news/saudi-arabia-beheading-sorcery-shocking-2011-12-12. посет. 19 април 2014 г. 
  34. Saudi woman beheaded for 'witchcraft and sorcery' - CNN.com“, „CNN“, 14 декември 2011.
  35. In 2006, the UN Secretary-General's In-depth study on all forms of violence against women found that (pg 113): "Marital rape may be prosecuted in at least 104 States. Of these, 32 have made marital rape a specific criminal offence, while the remaining 74 do not exempt marital rape from general rape provisions. Marital rape is not a prosecutable offence in at least 53 States. Four States criminalize marital rape only when the spouses are judicially separated. Four States are considering legislation that would allow marital rape to be prosecuted."[1]
  36. In England and Wales, marital rape was made illegal in 1991. The views of Sir Matthew Hale, a 17th-century jurist, published in The History of the Pleas of the Crown (1736), stated that a husband cannot be guilty of the rape of his wife because the wife "hath given up herself in this kind to her husband, which she cannot retract"; in England and Wales this would remain law for more than 250 years, until it was abolished by the Appellate Committee of the House of Lords, in the case of R v R in 1991.
  37. For example, in Yemen, marriage regulations state that a wife must obey her husband and must not leave home without his permission.[2] In Iraq husbands have a legal right to "punish" their wives. The criminal code states at Paragraph 41 that there is no crime if an act is committed while exercising a legal right; examples of legal rights include: "The punishment of a wife by her husband, the disciplining by parents and teachers of children under their authority within certain limits prescribed by law or by custom".„Archived copy“. http://law.case.edu/saddamtrial/documents/Iraqi_Penal_Code_1969.pdf. посет. 21 октомври 2012 г.  In the Democratic Republic of Congo the Family Code states that the husband is the head of the household; the wife owes her obedience to her husband; a wife has to live with her husband wherever he chooses to live; and wives must have their husbands' authorization to bring a case in court or to initiate other legal proceedings.[3]
  38. „Colombian authorities fail to stop or punish sexual violence against women | Amnesty International“. Amnesty.org. https://www.amnesty.org/en/news/colombian-authorities-fail-stop-or-punish-sexual-violence-against-women-2012-10-04. посет. 19 април 2014 г. 
  39. Directive 2002/73/EC — equal treatment of 23 September 2002 amending Council Directive 76/207/EEC on the implementation of the principle of equal treatment for men and women as regards access to employment, vocational training and promotion, and working conditions [4]
  40. „DIRECTIVE 2011/36/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 5 April 2011 on preventing and combating trafficking in human beings and protecting its victims, and replacing Council Framework Decision 2002/629/JH“. http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2011:101:0001:0011:EN:PDF. 
  41. „Women’s right to choose their dress, free of coercion“. Amnesty International. 4 март 2011. https://doc.es.amnesty.org/cgi-bin/ai/BRSCGI/WOMENS%20RIGHT%20TO%20CHOOSE%20THEIR%20DRESS%20FREE%20OF%20COERCION?CMD=VEROBJ&MLKOB=29309215959. 
  42. „The World Factbook — Central Intelligence Agency“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2127rank.html. 
  43. https://web.archive.org/web/20130501013343/http://www.mrt-rrt.gov.au/CMSPages/GetFile.aspx?guid=91cf943a-3fa6-4fce-afec-4ab2c2a356fd
  44. Turkey condemns 'honour killings'“, „BBC News“, 1 март 2004.
  45. „Human Rights Voices – Pakistan, August 21, 2008“. Eyeontheun.org. http://www.eyeontheun.org/voices.asp?p=632. 
  46. „Home“. AIDSPortal. http://www.aidsportal.org/news_details.aspx?ID=4236. 
  47. „Iran“. Travel.state.gov. архивирано од изворникот на 1 август 2013 г.. https://web.archive.org/web/20130801084310/http://travel.state.gov/travel/cis_pa_tw/cis/cis_1142.html. 
  48. „United Nations Human Rights Website – Treaty Bodies Database – Document – Summary Record – Kuwait“. Unhchr.ch. http://www.unhchr.ch/tbs/doc.nsf/0/2f5665ae20b956cb8025675a0033cafb?Opendocument. 
  49. „Culture of Maldives – history, people, clothing, women, beliefs, food, customs, family, social“. Everyculture.com. http://www.everyculture.com/Ja-Ma/Maldives.html. 
  50. Fakim, Nora. „BBC News – Morocco: Should pre-marital sex be legal?“, BBC, 9 август 2012.
  51. „Legislation of Interpol member states on sexual offences against children – Oman“. Interpol. http://www.interpol.com/Public/Children/SexualAbuse/NationalLaws/csaOman.pdf. 
  52. „2010 Human Rights Report: Mauritania“. State.gov. 8 април 2011. https://www.state.gov/j/drl/rls/hrrpt/2010/af/154358.htm. 
  53. Dubai FAQs. „Education in Dubai“. Dubaifaqs.com. http://www.dubaifaqs.com/education-dubai.php. 
  54. Judd, Terri. „Briton faces jail for sex on Dubai beach – Middle East – World“, „The Independent“, 10 јули 2008.
  55. Sudan must rewrite rape laws to protect victims“, 28 јуни 2007.
  56. United Nations High Commissioner for Refugees. „Refworld | Women's Rights in the Middle East and North Africa – Yemen“. UNHCR. http://www.unhcr.org/refworld/docid/47387b712f.html/. 
  57. „United Nations News Centre — Harmful practices against women and girls can never be justified by religion – UN expert“. Un.org. 29 октомври 2013. https://www.un.org/apps/news/story.asp/html/http%3Cspan%20class=%27pullme%27%3EIt%20has%20become%20increasingly%20clear%20that%20disasters%20are%20setting%20back%20efforts%20in%20development%20%E2%80%93%20they%20can%20cripple%20the%20economy,%20destroy%20infrastructure,%20and%20plunge%20more%20people%20into%20poverty%3C/span%3E://www.unisdr.org/www.sealthedeal2009.org/petition/html/story.asp?NewsID=46370&Cr=religion&Cr1=#.Ustsg_tpCKE. посет. 19 април 2014 г. 
  58. „The World Factbook“. Cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/xx.html. посет. 19 април 2014 г. 
  59. Education Levels Rising in OECD Countries but Low Attainment Still Hampers Some, Organisation for Economic Co-operation and Development, Publication Date: 14 September 2004. Retrieved December 2006.
  60. Women in Scientific Careers: Unleashing the Potential, Organisation for Economic Co-operation and Development, , Publication Date: 20 November 2006. Retrieved December 2006.
  61. Brainard, Susanne G.; Carlin, Linda (2001). A six-year Longitudinal Study of Undergraduate Women in Engineering and Science:The Gender and Science Reader. New York: Routledge. стр. 24–37. 
  62. „Angela Merkel“. Forbes. https://www.forbes.com/profile/angela-merkel/. посет. 19 април 2014 г. 
  63. „Women in Parliaments: World and Regional Averages“. Ipu.org. 14 февруари 2011. http://www.ipu.org/wmn-e/world.htm. посет. 19 април 2014 г. 
  64. „The Long Way to Women's Right to Vote in Switzerland: a Chronology“. History-switzerland.geschichte-schweiz.ch. http://history-switzerland.geschichte-schweiz.ch/chronology-womens-right-vote-switzerland.html. посет. 19 април 2014 г. 
  65. „Experts In Women'S Anti-Discrimination Committee Raise Questions Concerning Reports Of Switzerland On Compliance With Convention“. Un.org. https://www.un.org/News/Press/docs/2003/WOM1373.doc.htm. посет. 19 април 2014 г. 
  66. Gelis, Jacues. History of Childbirth. Boston: Northern University Press, 1991: 96-98
  67. Bynum, W.F., & Porter, Roy, eds. Companion Encyclopedia of the History of Medicine. London and New York: Routledge, 1993: 1051-1052.
  68. Julian Schaap and Pauwke Berkers. "Grunting Alone? Online Gender Inequality in Extreme Metal Music" in Journal of the International Association for the Study of Popular Music. Vol.4, no.1 (2014) p. 103
  69. „Women Composers In American Popular Song, Page 1“. Parlorsongs.com. 25 март 1911. http://parlorsongs.com/issues/2002-9/thismonth/feature.php. посет. 20 јануари 2016 г. 
  70. Jessica Duchen. „Why the male domination of classical music might be coming to an end | Music“. The Guardian. https://www.theguardian.com/music/2015/feb/28/why-male-domination-of-classical-music-might-end. посет. 20 јануари 2016 г. 
  71. Ncube, Rosina (септември 2013 г). Sounding Off: Why So Few Women In Audio?. „Sound on Sound“. http://www.soundonsound.com/sos/sep13/articles/sounding-off-0913.htm. 

За понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Жена е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.