Доктор Живаго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Доктор Живаго

Доктор Живаго е роман на рускиот писател Борис Пастернак.

Овој роман го добил своето име од својот протагонист Јуриј Живагo — лекар . Зборот „живаго“ го дели својот корен со рускиот збор живот (жизнь). Животот е , воедно, една од најголемите и најважните теми во овој роман. Во него се раскажува за некој човек кој е распнат помеѓу две жени, неговата работа во поголемот дел е сместена во позадината на Руската револуција, па подоцна за време на руската граѓанска војна која траела од 1918 до 1922 година. Уште подлабоко , овој роман зборува за маките на поединецот кој животот, од секогаш го знаел како , драматична борба помеѓу две сили који се надвор од неговата контрола. Доктор Живаго е, истотака, еден од најпознатите политички романи во 20 век.

Овој роман е неколку пати адаптиран за филм. Најпознат филм кој е снимен за овој роман е оној од 1965 година чии директор бил Дејвид Лин.[1] После тоа , овој роман уште неколку пати доживеал адаптации за филм, телевизија и театар.

За романот[уреди | уреди извор]

Иако содржи делови који се напишани во 1910 и 1920 година од 20 век, Доктор Живаго не бил завршен сè до 1956 година, кога Борис Пастернак го дал на увид на весникот Нови мир. Весникот одбил да го објави поради Пастернаковите политички ставови кои не биле коректни во очите на Советскиот Сојуз. Имено, авторот на овој роман, како и самиот главен лик, Доктор Живаго, повеќе се грижел за благосостојбата на поединецот, наместо за благосостојбата на општеството, поради што советските цензори ова дело го прогласиле за анти-марксистично, затоа што во делото постојат имплицинтни критики и повикувања на затворските кампови. Во 1957 година, италијанскиот издавач Џанџакомо Фелтрин го копирал ракописот на романот од СССР, па истовремено го објавил во две изданија, прво на руски, а потоа и на италијански јазик во својата издавачка куќа Фелтринели во Милано, Италија. Следната година бил објавен и на англиски јазик, а после тоа и на уште осумнаесет различини јазици. За објавувањето на овој роман на толку многу јазици и толку многу изданиjа, одговорен бил и фактот дека на Борис Пастернак му била доделена Нобеловата награда за литература во 1958 година. Борис Пастернак починал на 30 мај 1960 година од рак на плуќата.

Романот Доктор Живаго е во Советскиот сојуз конечно објавен во 1988 година и тоа на страниците на весникот Нови мир иако веќе постоело издание од овој роман.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.imdb.com/title/tt0417319/releaseinfo, Приступљено 1. 4. 2012.