Бела армија
Изглед
Бела армија | |
---|---|
Учесник во the Руска граѓанска војна | |
Период на делување | 1917–1923 |
Идеологија | Антисоветство Антикомунизам Руски национализам Монархизам |
Водачи | Александар Колочак (1918-1920) Антон Деникин (1920) Петар Врангел (1920) |
Бројност | 2,400,000 |
Станала | Бели емигранти |
Сојузници | Сојузници од Првата светска војна |
Противници | СССР неколку комунистички земји и движења |
Битки и војни | Руска граѓанска војна) |
Белата армија (руски: Бѣлая армiя) претставувала армија која била создадена во периодот по Октомвриската револуција од 1917 година. Главната улога на Белата армија била да се спротивстави на болшевичката Црвена армија.
Меѓу 1917 и 1922 година Белите се вклучиле во битка на живот и смрт против новата советска држава и нејзината Црвена армија, започнувајќи ја Руската граѓанска војна. Армијата била поддржувана од страна на републиканците, социјалистите револуционери, монархистите.