Февруарска револуција
Февруарска револуција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руска револуција | ||||||||
|
||||||||
Завојувани страни | ||||||||
Руско Царство | Несоветски револуционери | Совети | ||||||
Команданти и водачи | ||||||||
Николај II од Русија | Александар Каренски | Владимир Ленин, и другите советски водачи |
Февруарската револуција во Русија, уште попозната како Февруарска буржоаско-демократска револуција во Русија е револуција што се случила во Руската Империја во периодот од 8 март до 12 март 1917 година, по нов календар, односно од 23 февруари до 27 февруари 1917 година, по стар календар, во престолнината на империјата, Петроград, денешен Санкт Петербург.[1]
Со Февруарската револуција во Русија бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја предводена од царската династија Романови и била прогласена Привремена руска влада во која власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски, но која донекаде соработувала со Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.
Царот Николај II во летото 1915 година ја презел врховната команда над руските сили во војната, а државните работи ги препуштил на својата сопруга Александра, која била под големо влијание на Распутин. Самиот парламент бил формиран од страна на либералите. Поради несогласувањата, парламентот бил распуштен во 1916 година. По формирањето на новиот парламент, царот не направил реформи кои биле барани од страна на либералите, по кое царот јавно бил осуден за велепредавство.
Февруарската револуција се јавила како последица на неуспесите на руското управување во текот на Првата светска војна, како и незадоволството од начинот на управување на царот Николај II (недостаток на силно водство). Сите политички партии (без Социјалдемократската, вклучувајќи ги болшевиците и меншевиките) го поддржале учеството во Првата светска војна на страната на Велика Британија и Франција.
Повод, почеток, тек и крај на револуцијата
[уреди | уреди извор]До Првата Светска Воjна, Царска Русија била заостаната земја, во којa постоеле длабоки општествено–економски противречности. Иако имала прилично развиена индустрија, таа многу заостанувала зад другите капиталистички земjи во Европа.[2] Тешките економски, социјални и политички прилики во Русија, биле причина и за големите порази на руската воjска на фронтот. Руската воjска не била подготвена и опремена за подолготраjно воjување.[3] Тоа не му сметало на царскиот режим, поради што продолжил да настоjува за продолжување воjната и покраj големите загуби. Ваквата политика на режимот, покраj поразите на фронтот предизвикале големо незадоволство во редовите на воjската. Се појавило и општо незадоволство кај широките народни маси, кое се манифестирало преку многуброjни штраjкови и демонстрации против царскиот режим и воjната.[4] Демонстрациите достигнале кулминација во февруари, по стар, односно во март, по нов календар, 1917 година. На 23 февруари, односно 8 март 1917 година избувнал генерален штраjк на работниците во Петроград, денешен Санкт Петербург. Тоа го искористила Болшевичката Партија, на чие чело се наоѓал Владимир Илич Ленин, покренуваjќи ги народните маси да го урнат царизмот. Во наредните денови, ова движење прераснало во вистинско вооружено востание во Петроград. Воjската испратена да го задушува востанието преминала на страната на востанатиот народ, работниците и селаните.[5] На 27 февруари, односно 12 март 1917 година, Петроград бил заземен од вооружените одреди на востанатиот народ. Царот Николаj II абдицирал. Така, со Февруарската буржоаско – демократска револуција бил соборен царизмот во Русија. Власта ја приграбила буржоазијата и формирала Привремена влада во која што власта им припаднала на демократите предводени од страна на Александар Керенски.[6] Февруарската револуција имала буржоаско–демократски карактер. По неjзиното завршување во Русија било воведено двовластие. Покраj Привремената влада, постоеле и деjствувале и Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|