Сатана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илустрацијан на Сатаната направена од страна на Вилијам Блејк.
Илустрација на сцена од Изгубениот Рај каде што Сатан паѓа во реката Стикс (Омраза) направена од страна на Дародес во 1868.
Густав Дор, опис на Сатаната, централна фигура во Изгубениот Рај, во 1866

Сатаната (хебрејски: שָּׂטָן сатаната, што значи "непријател" или "противник";[1] арап. شيطان shaitan, значење; "заведе", "далечни" или понекогаш "ѓаволот") е карактер кој се појавува во Аврамските Религии и кој што носи злоба и искушение, и е исто така познат како измамник кој ги води луѓето по погрешен пат. Некои религиски групи веруваат дека тој прво бил ангел, кој што паднал поради неговата гордост, и дека ги заведувал луѓето во лаги и гревови, и дека има голема моќ во пеколот. Во Хебрејската Библија и во Новиот Завед, Сатаната е обвинител и спротивник, злонамерен ентитет, исто така наречен и ѓавол, кој има лоши карактеристики.

Иако сатаната е главно перципирана како негативен лик, некои групи имаат различни верувања. Во Теистички Сатанизам, Сатаната се смета за божество кое или е обжувано или е почитувано.  

Јудаизмот[уреди | уреди извор]

Еврејската Библија[уреди | уреди извор]

Оргиналниот Хебрејски назив Сатан е именка изведена од глагол што значи „да попречува, да се противи“, така пишува во Книгата на Броевите 22:22, во Книгата на Самуел 29:4, во Псалми 109:6. Ха-Сатан традиционално се преведува како „обвинител“ или „противник“. Определениот член Ха- се користи за да се покаже дека именката (што следи после Ха-) е титула која што се дава на суштеството, а не на името на самото суштество.

Тринаесет појавувања[уреди | уреди извор]

Ха-Сатаната, со определениот член Ха, се појавува 13 пати во Мазоретскиот Текст, во две книги од Хебрејската Библија: Книгата за Јов и Книгата за Захарија.

Сатаната без определениот член е спомената 10 пати, од кои што два пати е преведено како ѓаволот и еднаш како сатана.


Книгата на Јов[уреди | уреди извор]


На почетокот на книгата, Јов е добар човек „кој го почитувал господ и се тргал настрана од злото“ (Јов 1:1), и поради тоа бил награден од господ. Кога ангелите ќе му се појават на господ, и сатаната ќе дојде. Господ ќе ја информира Сатаната за добриот карактер на Јов. Помеѓу 1:9-10 и 2:4-5, Сатаната потенцира дека Господ му има дадено на Јов е што човек би можел да посака, и дека поради тоа Јов му е верен на Господ; Сатаната му кажува на Господ дека Јов би престанал да му биде верен ако се што му било дадено ќе исчезне. Господ тогаш му дава дозвола на станата да го тестира Јов. На крај, Јов сеуште е верен и праведен.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. http://jewishencyclopedia.com/articles/13219-satan "Term used in the Bible with the general connotation of "adversary", being applied (1) to an enemy in war (I Kings v. 18 [A. V. 4]; xi. 14, 23, 25), from which use is developed the concept of a traitor in battle (I Sam. xxix. 4); (2) to an accuser before the judgment-seat (Ps. cix. 6); and (3) to any opponent (II Sam. xix. 23 [A. V. 22]).