Пекол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пекол - религиозен поим што означува место во кое, по смртта, одат душите на луѓето кои правеле гревови за време на животот. Пеколот е категорија која се јавува во речиси сите поголеми религии.

Пеколот во старогрчката митологија[уреди | уреди извор]

Старите Грци го нарекувале пеколот Тартар.[1]

Пеколот во христијанството[уреди | уреди извор]

Според средновековната легенда, господарот на пеколот, Луцифер, паднал од небото на јужната хемисфера со главата надолу, а преплашената земја се тргнала и така пред него настанал пеколот, а зад него чистилиштето. Оттука, ако се влезе во пеколот од северната хемисфера, Луцифер стои на нозете, а ако се гледа од јужната хемисфера, тој стои наопаку, т.е. со стапалата нагоре.[2]

Веројатно, најпознатиот опис на христијанското сфаќање на пеколот го дал италијанскиот поет Данте Алигиери во неговото дело „Пеколот“. Инаку, пеколот се состои од девет кругови, поставени во облик на превртен конус, така што како што се слегува подлабоко, круговите стануваат потесни. Притоа, грешниците се сместени во соодветните кругови во зависност од тежината на извршените престапи, одејќи од најлесните кон најтешките гревови. Притоа, во „Пеколот“, душите на грешниците имаат способност да ја предвидуваат иднината, но не ја познаваат сегашноста.

Пред да започне вистинскиот пекол се наоѓа првиот круг (Лимб) во кој се наоѓаат луѓето кои не направиле гревови, но кои живееле пред Христа, т.е. биле незнабожци. Тие не се примени во рајот за да не го нагрдат, но не се примени ниту во пеколот, бидејќи грешниците кои се сместени во пеколот би се чувствувале задоволни што се во друштво на луѓе кои не грешеле.[3] Во вториот круг, грешниците (љубовниците и блудниците) постојано ги вее силен ветар. Во третиот круг, лакомите ги врне вечен дожд. На влезот од четвртиот круг на пеколот се наоѓа Плутон, прикажан како демон. Во овој круг се наоѓаат скржавците и оние кои се расфрлале со пари. Тие се движат во круг при што скржавците одат од левата, а другите од десната страна при што се осудени вечно да одат по својот полукруг, среќавајќи се меѓу себе, а потоа повторно го започнуваат своето кружење при што пред себе туркаат тежок товар. Кога ќе се сретнат, двете групи грешници меѓу себе се обвинуваат за нивниот грев. Петтиот круг го претставува смрдливото мочуриште Стикс, кое го опколув огнениот град Дис (Dite). На површината и во горните делови на Стикс се дават бесните, лутите луѓе, додека на дното се мрзеливите. Флегија, лик од старогрчката митологија кој го запалил храмот во Делфи, ги пренесува душите преку Стикс. Градот Дис го сочинува шестиот круг со кој започнува долниот дел од пеколот. Во него се наоѓаат еретиците. Од градот Дис се слегува во седмиот круг низ една тркалезна стрмнина со разурнати карпи, под дејство на потресот што настанал при слегувањето на Христос во пеколот. Во седмиот круг се насилниците, симонистите (оние кои со помош на пари се пробивале низ црковната хиерархија). На неговиот влез стои Минотаур, а во него пасат кентаури. Тој се дели на три појаси во кои се сместени оние кои правеле насилство против луѓето (тирани, насилници, убијци), против себе (самоубијците) и против бога и природата (богохулници, содомисти, хомосексуалци, лихварите). Во третиот појас, грешниците лежат на вжештен песок. На самиот раб на седмиот круг клечат лихварите.[4]

Во осмиот круг се наоѓаат измамниците, како и оние кои правеле сплетки и внесувале раздор. Чувар на овој круг е митскиот крал Герион. Осмиот круг е поделен на десет концентрични ровови, меѓу себе одделени со бедеми, и распоредени околу еден поток. Во првиот ров се сводниците и заводниците, во вториот ров се ласкавците, потоа симонистите, потоа врачите и лажните пророци, во петтиот ров се подмитливците. Петтиот ров го чуваат ѓаволи кои Данте ги нарекол Malebranche („зли канџи“), а нивниот водач е Злоопашестиот (Malacoda). Другите ѓаволи ги нарекол: Alichino („спуштени крила“), Calcabrina (Газимраз), Cagnazzo (Пес), Barbariccia (Виткана брада), Draghignazzo (Змеиште), Grafficane (Дерипес), Ciriatto sannuto (Забестиот), Libiccoco (нејасно значење) и Farfarello. Во шестиот ров се лицемерите, во седмиот ров се крадците кои се осудени на постојана промена на телото, во осмиот ров се злобните советници, во деветтиот ров се поттикнувачите на граѓански и верски раздори, а во десеттиот ров се фалсификаторите. На преминот од осмиот кон деветтиот круг се наоѓаат титаните. Деветтиот круг (целиот покриен со мраз) е составен од четири појаси: Првиот појас на деветтиот круг се вика Каина, а во него се сместени предавниците на роднините. Вториот појас се вика Антенора, според тројанецот кој го дал предлогот Елена да им ја вратат на Грците и да склучат мир. Во овој појас се предавниците на татковината и на партиите, т.е. политичките предавници. Третиот појас е наречен Толомеја, според библискиот лик Птоломеј кој ги поканил на гости Симон Макавеецот и неговите два сина, а потоа наредил да ги убијат. Во овој појас се предавниците на пријателите, а специфично за него е што во него може да дојде душата уште пред да умре човекот. Низ пеколот тече реката Флегетон или Флегетонт („Огнената река“), која паѓа од седмиот во осмиот круг со голем шум, а незјината вода е матна од крв.[5]

Пеколот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Пеколот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Пеколот како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Пеколот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Ново лице во пеколот“ (New Face in Hell) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1980 година.[11]
  • „Момчињата од окружниот пекол“ (Boys from the County Hell) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[12]
  • Пеколот“ (англиски: Inferno) — музички албум на Ханс Цимер од 2106 година.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Pesma o kralju Nalu. Beograd: Rad, 1963, стр. 109.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 222.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 19.
  4. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961.
  5. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961.
  6. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 194-220.
  7. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 14-142.
  8. „Објавена книга со драми на Сашо Огненовски“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 17.
  9. Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 158-159.
  10. YouTube, Ac/Dc Hells Bells with lyrics (пристапено на 15.6.2017)
  11. YouTube, The Fall - Grotesque (full album) (пристапено на 29.6.2017)
  12. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
  13. Hans Zimmer - Inferno