Елена Тројанска била сестра на познатата Клитајмнестра[1] жена на Агамемнон, меѓувремено таа израснала во најубавата жена во тој период иако била барана од многу државници, и воени чиновници таа за свој сопатник го избрала Менелај, кој станал крал на Спарта, а оние кои биле одбиени од страна на Хелена му се заколнале на Верност и безусловна помош на нејзиниот сопатник односно Менелај, со Менелај имала едно дете - ќерка Хермиона и живеела неколку години со него во Спарта.[2]
Меѓутоа за време на постетата на Менелај во Спарта на Тројанскиот принц Парис, Хелена била заведена од него додека бил на Крит, и така заведена од него ја понесол со себе во Троја, со што таа ги оставила Менелај и ќерката, и заминала во Троја.
Како резултат на ова Ахајците предводени од Агамемнон тргнале на воен поход кон Троја со цел да ја вратат Хелена и да го одбранат правото на Менелај, со што официјално започнала Тројанската војна која траела 10 год.