Минотаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Минотаур
Minotauros Myron NAMA 1664 n1.jpg
Минотаур, (Археолошки музеј во Атина)
Вид Митолошки суштества
Родители Пасифаја и бик
Митологија Старогрчка митологија
Подрачје Крит

Минотаур е митолошко суштество претставено во облик на полу-бик и полу-човек. Тој настанал преку сексуален однос на жената на кралот Минос, Пасифаја и бик, откако претходно таа влегла во вештачка крава која ја направил Дедал.[1]Минотаурот имал човечко тело и глава на бик. Поради тоа што бил многу грд, кралот Минос го повикал Дедал да изгради лавиринт од кој не би можел да излезе. Минотаурот талкал низ лавиринтот, а на секои седум години му носеле седум момчиња и девојки. Една година, на годишната прослава дошол атинскиот крал Тезеј, кој се вљубил во сестрата на Минотаурот, Аријадна. Аријадна му помогнала на Тезеј да го убие Минотаурот така што му кажала дека од лавиринтот може да се излезе само на еден начин: Да се одмотува клопче со конец на почетокот на лавиринтот па потоа по него да се враќа назад. Минотаурот е познат и како Астерио.[2] [3]

Откако седнал на тронот на Крит, Минос се натпреварувал со своите браќа за да владее. Притоа, тој му се помолил на Посејдон, богот на морето, да му испрати еден силен бик, како знак за поддршка. За да го казни Минос, Посејдон направил Пасифаја да се вљуби во бик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carmen 64.
  2. Robert Graves, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 294 - 295.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 71-72.