Делфи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Храмот на богот Аполон во Делфи

Делфи (грчки: Δελφοί) е археолошки објект и град во Грција на падините на планината Парнас во долината Фокида. Во периодот на антиката овој град бил еден од водечките религиозни центри бидејќи таму се наоѓал прочуениот оракул на богот Аполон. Светилиштето било многу почитувано од страна на древните Грци. Во Делфи има храмови и на други богови, а централен е оној на Аполон. Во наоѓалиштето постои стадион, театар и други објекти. Од 6 век п.н.е. на ова место се проведувале Питиските игри.

Во денешно време остатоците (ѕидините) на Делфи претставуваат туристичка атракција. Според УНЕСКО наоѓалиштето е прогласено за светско наследство. Денешниот град Делфи се наоѓа на околу еден километар од стариот.

Делфи како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 21.