Манастир Јован Богослов (Патмос)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирот Јован Богослов на Патмос

Манастир свети Јован Богослов заедно со историскиот центар на градот Хор и пештерата Апокалипса, е запишан во Список на светско наследство во Европа.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Уште во времето на Византиското Царство во средината на 4 век, бил изграден храм посветен на Свети Јован Богослов. Според христијанската традиција тој бил протеран на Патмос околу 95-та години, каде што ја напишал последната книга од Новиот завет, Откровение на Јован.[2] Манастирот бил уништен од Сарацените кои помеѓу 6 и 8 век кои повеќе пати го нападнале островот.

Монахот Христодоулос во 1085 година бил принуден да го напушти својот манастир во Мала Азија поради турскиот притисок и да побегне на островот Кос каде што го основал манастирот. Таму го запознал монахот Арсениј Скиноурис, кој го замолил за помош да го изгради манастирот Јован Крстител на Патмос. Манастирот почнале да го градат во 1101 година, откако добиле одобрение од византискиот цар Алексиј I Комнин, кој во 1088 година му дал на Христодоулос целосна власт над Патмос. Славата и богатството на манастирот растеле, па до него почнала да се формира населба, така што кон крајот на 12 век станал голем трговски центар. Во таа трговија учествувал манастирот, кој имал свои бродови. [3]

Икона Богородица на престол

Манастирот има монументална порта со тешка врата до која води патека поплочена со камчиња. Манастирот има голем, добро уреден двор, со бунар и базен за вода во неговиот центар. Тој бил утврден со високи и дебели бедеми, бастиони и кули, изградени во византиски стил. На источната страна на манастирот доминира лат со четири кривини, кој е насликан со бројни фрески кои ги осликуваат чудата на светиот апостол и богослов Јован. Моштите на основачот на манастирот се чуваат во капела на Светите Апостоли, изграден во 1603 година. Монасите од манастирот богослужуваат во десет параклиси во внатрешноста на манастирот, од кои најимпресивна е онаа со мермерен под и импресивен иконостас.

Монасите на Јован Богослов го посетиле во 1647 година рускиот Алексеј I Романов и по тој повод му подариле дел од моштите на св. Лазар и камен со ликот на Богородица, за кој се верува дека е дар од ангел од времето кога Јован Богослов ги пишувал своите дела, тој од тогаш се чува во Успенската соборна црква во Московски кремљ.

До 18 век, во манастирот живееле стотина монаси, а денес ги има само околу 40-тина кои извршуваат богослужба секој ден од 3 до 6 часот. Славата на манастирот е 8 мај, ден на Светиот Јован Богослов.[4]

Манастирска библиотека и музеј[уреди | уреди извор]

Манастирската библиотека, која била основана од самиот Христодоулос, има збирка од 2.000 тома, 13.000 историски документи и 900 ракописи, од кои 30 се донации дадени на манастирот од наследниците на Христодоулос. Во библиотеката се наоѓа и збирката на Никифорос Лаодикиас, со делата на црковните отци, житијата на светците и другите религиски дела. Покрај теолошките дела има и бројни филозофски автори како што се Ксенофонт, Софокле, Диодор Сицилиски и Платон. Денес има неколку илјади книги од модерното време.

Музејот кој се наоѓа веднаш до пекарницата чува многу вредни предмети, икони, црковни садови, мошти и облека.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]