Кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Токиско небесно дрво во Токио, Јапонија, највисоката кула во светот
Азадиската кула во Техеран, Иран; пример на иранската архитектура од различни периоди
Римска кула (реконструкција) во ТаунусГерманија
Кула во исламската архитектура: стариот минарет (8–9 век) на Џамијата на Укба исто така познат како Големата Џамија на Каруан, во Каруан, Тунис

Кула е висока структура, повисока отколку што е широка, често со значителна маргина. Кулите се разликуваат од јарболите според недостатокот на затегнат кабел дизајниран за да даде стабилност на слободната структура и затоа, заедно со високите згради, e самоодржлива структурa.

Кулите се разликуваат од "зградите" бидејќи тие не се изградени да бидат погодни за живеење, туку имаат други функции. Главната функција е користењето на нивната висина за да се постигнат различни други функции и тоа: видливост на другите елементи во прилог на кулата како саат-кулата; како дел од една поголема структура или уред за да се зголеми видливоста на околина за одбранбени цели, како и во утврдените градби како замокот; како структура за набљудување и за рекреативни цели; или како структура за телекомуникациски цели. Кулите можат да бидат самостојни структури или да бидат поддржани од соседните градби или можат да бидат на врвот на голема структура или зграда.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Староанглискиот torr поттекнува од латинскиот turris преку старофранцускиот tor. Латинскиот термин како и грчкиот τύρσις беше позајмен од пред-индоевропскиот медитерански јазик, поврзан со илирскиот топоним  Βου-δοργίς. Преку лидиските топоними Τύρρα, Τύρσα, тој е поврзан со етнонимот Τυρρήνιοι како и со Tusci (од *Turs-ci), грчки и латински имиња за Етрутците (Kretschmer Glotta 22, 110ff.)

Македонскиот збор поттекнува од отоманско-турскиот قله (kulle), од персискиот قله (qolle), од арапскиот قلة (qulla, "врв, зенит").

Историја[уреди | уреди извор]

Кулите биле користени од страна на човештвото уште од праисторијата. Најстариот познат пример е кружната кула од камен во ѕидовите на неолитскиот Ерихон (8000 п.н.е.). Некои од најраните кули биле зигуратите, кои постоеле во сумерската архитектура од 4 милениум пред нашата ера. Најпознатите зигурати се сумерскиот зигурат на Ур, изграден во 3 милениум п.н.е., како и Етеменанки - еден од најпознатите примери за вавилонската архитектура. Тој бил изграден во Вавилон за време на 2-риот милениум пред нашата ера и се смета за највисоката кула на античкиот свет.

Некои од најраните сочувани примери се Брохските структури во северниот дел на Шкотска, кои биле конусни кули. Овие и други примери од феникиски и римски култури ја истакнале употребата на кулата при утврдувањето и стражарните улоги. На пример, името на мароканскиот град Могадор, основан во првиот милениум п.н.е., е изведено од феникискиот збор за стражарска кула ("мигдол"). Римјаните користеле октогонални кули како елементи на Диоклецијанската палата во Хрватска,[1] чиј споменик датира од околу 300 година од н.е., додека Сервијанските ѕидови (4-ти век п.н.е.) и Ѕидовите на Аврелијан (3-ти век од н.е.) биле квадратни. Кинезите ги користеле кулите како интегрални делови на Кинескиот Ѕид во 210 година п.н.е. за време на династијата Чин. Кулите исто така биле важен елемент на замоците.

Други добро познати кули се Кривата кула во Пиза, Италија изградена од 1173 до 1372 година и Двете кули во Болоња, Италија, изградени од 1109 до 1119. Хималјските кули биле камени и се наоѓале главно во Тибет изградени од 14-ти до 15-ти век.[2]

Изградба[уреди | уреди извор]

До одредена височина, кулата може да биде направена со поддржната структура со паралелни страни. Сепак, над одредена височина, компресивното оптоварување на материјалот е надминато и кулата ќе пропадне.

Друго ограничување е можноста за пропаѓање. Структурата бара доволнa цврстина за да се избегнете пропаѓање под товарот на кој е подложна, особено оној предизвикан од ветарот. Многу високи кули имаат поддржни структури на периферијата на градбата, кои во голема мера ја зголемуваат целокупната цврстина.

Третото ограничување е динамично; кулата е предмет подложен на силни ветрови, сеизмички нарушувања и сл. Ова често се решава преку комбинација на едноставна сила и цврстина.

Функции[уреди | уреди извор]

Иако не е правилно, многу современи облакодери често се нарекуваат кули (иако правилно тие се класифицирани како "згради"). Во Обединетото Кралство, високите домашни згради се нарекуваат блоковски кули. Во САД, оригиналот Светски трговски центар имаше прекар "Кули-близначки", име кое го дели со Петронас Тауерс во Куала Лумпур.

Стратешки предности[уреди | уреди извор]

Кулата во текот на историјата има обезбедено одредени предности при одбранбените позиции за добивање на подобра глетка на околните области, вклучувајќи ги и боиштата. Тие биле изградени на одбранбени ѕидови или во близина на целта (опсадна кула). Денес, стратешкото користење на кулите се уште постои во затворите, воените кампови и одбранбените периметри.

Потенцијална енергија[уреди | уреди извор]

Со користењето на гравитацијата за да се движат предмети или супстанции надолу, кулата може да се користи за чување на предмети или течности како кај силосот за складирање или водната кула или за целење на објект во земјата како кај кулата за дупчење. Скијачките рампи ја користат истата идеја и во отсуство на природниот планински рид тој може да биде вештачко направен.

Подобрување на комуникацијата[уреди | уреди извор]

Низ историјата едноставните кули како светилниците, камбанаријата, саат-кулите, сигналските кули и минариња се користеле за комуницирање и пренесување на информации преку поголеми растојанија. Во последниве години, се олесни комуникацијата со проширувањето на опсегот на трансмитерот. CN Tower во Торонто, Онтарио, Канада беше изградена како комуникациска кула, со способност да дејствува како и трансмитер и повторувач. Нејзиниот дизајн исто така вгради одредени карактеристики со цел таа да стане туристичка атракција, вклучувајќи ја највисоката палуба за набљудување во светот со 147 ката.

Поддршка при транспортот[уреди | уреди извор]

Кулите исто така можат да бидат користени за поддршка на мостови и можат да достигнат височина како и некои од највисоките згради над вода. Нивната употреба е најмногу распространета кај висечките мостови и кабелските мостови. Употребата на пилоните, едноставна структура слична на кулата, исто така може да помогне при изградбата на железничките мостови, транзитните системи и пристаништата.

Контролните кули се користат за подобра видливост при директирањето на авионскиот сообраќај.

Други кули[уреди | уреди извор]

  • За пристап до атмосферски услови: ветерна турбина, метеоролошкa кула за мерење, кула-телескоп, станица за соларна енергија
  • За издигнување на каблите за дистрибуција на електрична енергија со висока напнатост: преносна кула
  • За искористување на предностите на градиентот на температурата својствен за висинската диференцијала: ладечка кула
  • За истерување на потенцијално штетните гасови и честички во атмосферата: оџак
  • За набљудување: набљудувачка кула
  • За подобрување на интегритетот на структурните: тиристорска кула
  • Како уметност: Шуковска кула
  • Како симбол: Вавилонска кула, Кулата (таротска карта), црковна кула

Терминот "tower" на англиски исто така понекогаш се користи за пожарникарска опрема со исклучително висока скала дизајнирана за употреба при спасувачките операции кои вклучуваат високи згради.

Галерија[уреди | уреди извор]

Кула Галата исто така наречена Christea Turris (кула на Христос на латински), била изградена во 1348 од н.е. од џеновска колонија во Константинопол
Типична модерна водна кула во Кармел, Индијана, САД 
Руска телевизиска кула во Пенза 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Map, The Megalithic Portal and Megalith. „Diocletian's Palace“. http://www.megalithic.co.uk/article.php?sid=17691. 
  2. http://msnbc.msn.com/id/3474951 Dana Thomas, Towers to the Heavens, Newsweek, 2003-11-15

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Fritz Leonhardt (1989), Towers : a historical survey, Butterworth Architecture, 343 pages.