Вавилонска кула
Вавилонска кула | |
---|---|
Вавилонска кула од Питер Бројгел Постариот | |
Општи податоци | |
Град | Вавилон |
Земја | денешен Ирак |
Вавилонска/Бабилонска кула (хебрејски: מִגְדַּל בָּבֶל) — претставува мит кој објаснува зошто луѓето во светот зборуваат различни јазици[1][2][3][4]. Кулата исто така е поврзана и со изградбата на градот Вавилон, каде се наоѓала кулата.
Кулата според Библијата
[уреди | уреди извор]Според Библијата по Потопот[5], човечкото општество го претставувало еден народ, кој говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Шинар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една висока кула до небото „за да си создадаат свое име“. Градбата на кулата била прекратена од страна на Бог, кој го „помешал“ јазикот на народот, поради кое тие престанале да се разбираат еден помеѓу друг. Народот на Вавилон не можел да продолжи со изградбата на кулата бидејќи се распрснале по целата земја што дотогаш ја познавале. Така историјата за Вавилонската кула ја објаснува појавата на различните јазици по Потопот.
Овие податоци датираат околу 2 000 години п.н.е.. Самата градба има многубројни митолошки паралели.
Кулата според јудаизмот
[уреди | уреди извор]Многу иследувачи легендата за градбата на Вавилонската кула ја поврзуваат со изградбата на храмови-кули во овој регион. Кулите се исто така нарекувани и зикурати. Врвовите на самите кули служеле за религиозни обреди како и за астрономски истражувања. Вавилонската кула претставува највисокиот зикурат (91 метри), кој се наоѓал во Вавилон. Кулата се нарекувала Етеменанки односно „дом, помеѓу небото и земјата“. Асирскиот цар Синахериб во 689 година п.н.е. го преземал Вавилон и Етеменанки започнал да се руши. Зикуратот бил повторно обновен во времето на Навуходоносор II[6][7]. По уништувањето на Јудеја, евреите се преселиле во Вавилон. И покрај тоа што до ден денеска не е докажано, се смета дека самите евреи учествувале во градбата на Вавилонската кула.
Самата градба на Вавилонската кула е поврзано со негативниот однос на евреите кон Вавилон како и тогашното гледиште на населението на Вавилон за што е можно повеќе доближување до Бог. Градот во текот на столетијата бил политички и воен противник на јудаизмот. Во Библијата, Вавилон станал симбол на гревот.
Занимливости
[уреди | уреди извор]Зградата на Европскиот парламент е поврзана со формата на неизградената вавилонска кула. Многу христијани овој факт го гледаат кон стремежот на Европејците кон бунт со Бога. ЕУ исто така многу често се поврзува со Вавилонската кула поради постоењето на многу службени јазици (23 од 1 јануари 2007), со кое дополнително се создаваат проблеми во комуникацијата.
Вавилонската кула како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „На Кулата вавилонска“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Metzger, Bruce Manning; Coogan, Michael D (2004). The Oxford Guide To People And Places Of The Bible. Oxford University Press. стр. 28. ISBN 978-0-19-517610-0. Посетено на 22 December 2012.
- ↑ Levenson, Jon D. (2004). Berlin, Adele; Brettler, Marc Zvi (уред.). The Jewish Study Bible. Genesis: Introduction and Annotations. Oxford University Press. стр. 29. ISBN 9780195297515.
- ↑ Graves, Robert; Patai, Raphael (1986). Hebrew Myths: The Book of Genesis. Random House. стр. 315. ISBN 9780795337154.
- ↑ Schwartz, Howard; Loebel-Fried, Caren; Ginsburg, Elliot K. (2007). Tree of Souls: The Mythology of Judaism. Oxford University Press. стр. 704. ISBN 9780195358704.
- ↑ „Book of Genesis, Chapter 11“. Архивирано од изворникот на 2021-03-08. Посетено на 2010-01-16.
- ↑ Harris, Stephen L. (2002). Understanding the Bible. McGraw-Hill. стр. 50–51. ISBN 9780767429160.
- ↑ Streck, Michael P. (2006). „Die Stadt, an deren Freuden man nicht satt wird“. Damals (германски). том Special volume. стр. 11–28.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 189.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Вавилонска кула на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- "Tower of Babel." Encyclopædia Britannica Online.
- Babel In Biblia: The Tower in Ancient Literature by Jim Rovira
- Our People: A History of the Jews – The Tower of Babel
- Livius.org: The tower of Babel Архивирано на 24 септември 2013 г.
- Book of Genesis, Chapter 11 Архивирано на 8 март 2021 г.
- "The Tower of Babel and the Birth of Nationhood" by Daniel Gordis at Azure: Ideas for the Jewish Nation
- SkyscraperPage – Tower of Babel, Tower of Babel – Baruch
- HERBARIUM Art Project. Anatomy of the Tower of Babel. 2010 Архивирано на 28 март 2012 г.
- The International Standard Bible Encyclopedia (ISBE), James Orr, M.A., D.D., General Editor – 1915 (online Архивирано на 7 октомври 2011 г.)
- Easton's Bible Dictionary, M.G. Easton M.A., D.D., published by Thomas Nelson, 1897. (online Архивирано на 7 октомври 2011 г.)
- Hitchcock Bible Names Dictionary (online Архивирано на 7 октомври 2011 г.)
- Nave Topical Bible, Orville J. Nave, AM., D.D., LL.D. (online Архивирано на 7 октомври 2011 г.)
- Smith's Bible Dictionary (1896) (online Архивирано на 7 октомври 2011 г.)
|