Бедем


Бедем[1][2] — вид одбранбен ѕид за поврзување на кулите и капиите во некоја затворена целина со цел заштита на објектите и луѓето внатре во неа од надворешни напади. Бедемите практично биле непробоен штит кој ги одвраќал напаѓачите од намерата да ги освојат капиите.
Делови на бедемот
[уреди | уреди извор]Бедемите се состојат од ѕидови на чиј врв се изградени градобрани свртени кон надвор зад кои се наоѓала патека за движење на живата сила на одбраната.
Градобран
[уреди | уреди извор]Градобраните биле добра заштита за бранителите од стрели а истовремено им овозможувале лесен напад на противникот.
- Градобраните се состојат од наизменично наредени ниски (45х55 см) и високи (155х165 cm) делови. Повисоките делови најчесто имаат мали отвори (т.н. пушкарници) кои служеле за извидување и исфрлање на разни проектили (стрели а подоцна и куршуми) врз живата сила на противникот.
- Патеките зад градобраните биле широки по 150 cm, а честопати и повеќе. Кон внатрешноста на бедемот вообичаено нема никаква ограда, но често се среќаваат бедеми со ниска ѕидана или дрвена ограда.
Ѕид
[уреди | уреди извор]Освојување на бедемите
[уреди | уреди извор]Тунели
[уреди | уреди извор]Честопати напаѓачите копале тунели до самите темели на бедемот со цел да ги срушат или да отворат премин кон внатрешноста на утврдувањето.
Бомбардирање
[уреди | уреди извор]Во текот на опсадата се користеле разни справи (катапулти, требушети, а подоцна и топови) од кои се исфрлале проектили од (камени блокови, а подоцна ѓулиња) со цел да биде срушен бедемот и да се отвори премин кон внатрешноста на утврдувањето.
Скалила
[уреди | уреди извор]При јуришите на бедемите се користеле подвижни скали кои се наслонувале врз бедемите со цел војската да се качи на бедемот и да продре во внатрешноста на утврдувањето.
Познати бедеми
[уреди | уреди извор]Наводи и белешки
[уреди | уреди извор]- Во средниот век не постоел некој градителски стандард, поради што е невозможно да се зборува за стандардни димензии, но овде се изнесени најчесто користените димензии. Не е реткост димензиите потполно да отстаппуваат од оние кои овде се наведени.
|