Кинески Ѕид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светско наследство на УНЕСКО
Големиот Ѕид
Назив според описот на списокот
Кинескиот Ѕид
Вид Културно
Критериуми i, ii, iii, iv, vi
Навод 438
Регион по УНЕСКО Тихоокеанска Азија
Запис
Прогласено 1987 (11то. заседание)

Кинески Ѕид (традиционално: 長城; упростено: 长城; пинјин: Chángchéng; буквално „долг ѕид“) или (упростено: 万里长城; традиционално: 萬里長城; пин-јин: Wànlǐ Chángchéng; буквално „Долгиот ѕид од 10.000 ли) (里)“ претставува серија од камени и земјени утврдувања во Кина градени, преградувани и одржувани помеѓу 5 век п.н.е. и 16 век, чија цел била заштита на северните граници на Кинеското царство за време на владеењето на последователните династии. Кинескиот ѕид е најголемата градба на светот. Се протега од средна Азија до Жолто Море со должина од 2.450 километри, со висина од 10 до 16 метри, ширина од 8 метри. Овој ѕид претставува и најдолгиот ѕид на светот и најголем одбранбен објект. Почетокот на изградбата на Кинескиот ѕид се поврзува со царот Чин Шихуанг кој неговото градење го започнал се со цел да се одбрани од варварските племиња –номади.

Граден е од земја, камења и цигли а неговата градба траела се до 17 век.


Кинескиот Ѕид денес[уреди | уреди извор]

Во денешно време, Кинескиот Ѕид претставува најголема туристичка атракција во Кина и една од најголемите во светот. Според посетеноста од туристи се наоѓа на првото место. Со основањето на Народна Република Кина биле преземени мерки за заштита на ѕидот. Тој бил ставен под заштита на државата во 1961 година. Работите на неговата обнова биле најобемни во Ба-да-линг, а во 1987 година е внесен во списокот на културни богатства на Унеско. Кинескиот Ѕид е еден од најстарите и секако најдолгиот објект изграден од човекот. Се протега преку 6,400 km од исток до Лоп Нур на запад. На 7 јули 2007 гoдина Кинескиот ѕид е прогласен за едно од новите седум светски чуда.