Ќинг (династија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големиот Ќинг
大清
Dà Qīng
ᡩᠠᡳ᠌ᠴᡳᠩ
ᡤᡠᡵᡠᠨ
Знаме Царски грб
(1909–1912)
Химна鞏金甌
Gǒng Jīn'ōu
"Пехар со чисто злато"
(1911–1912)
Главен градМукден (Шенјанг)
(1636–1644), Главен град од 1625 за Подоцнежна Џин; секундарен главен град по 1644.
Пекинг
(1644–1912)
Најголем град Пекинг
Службен јазик Мандарински, Манџуриски, Монголски, Тибетски, Чагатајски,[1] други регионални јазици и варијации на Кинескиот јазик
Уредување Апсолутна монархија
Законодавство Нема (1636-1910)
Советодавно тело (1910-1912)
Валута Монети од династијата Ќинг (вен)
Таел (лианг)
Хартиени пари од династијата Ќинг
Историја на Кина
Историја на Кина
ДРЕВНА
3 владетели и 5 цареви
Династија Сја 2100–1600 п.н.е.
Династија Шанг 1600–1046 п.н.е.
Династија Џоу 1045–256 п.н.е.
 З. династија Џоу
 И. династија Џоу
   Пролетно-есенски период
   Период на завојуваните држави
ЦАРСКА
Династија Ќин 221 п.н.е.–206 п.н.е.
Династија Хан 206 п.н.е.–220 н.е.
  З. династија Хан
  Династија Сјин
  Источна династија Хан
Три кралства 220–280
  Веј, Шу и Ву
Династија Ѓин 265–420
  З. династија Ѓин 16 кралства
304–439
  И. династија Ѓин
Јужна и северна династија
420–589
Династија Суј 581–618
Династија Танг 618–907
  ( Втора династија Џоу 690–705 )
5 династии и
10 кралства

907–960
Динстија Љао
907–1125
Династија Сунг
960–1279
  С. династија Сунг З. Сја
  С. династија Сунг Династија Ѓин
Династија Јуен 1271–1368
Династија Минг 1368–1644
Династија ЌинЃ 1644–1911
СОВРЕМЕНА
Република Кина 1912–денес
Народна Република
Кина

1949–денес
Република Кина
(Тајван)
1945–денес

Династијата Ќинг (официјално Големиот Ќинг) ( [tɕʰíŋ] ) е последната кинеска царска династија. Основана е во 1636 година и владеела со Кина од 1644 до 1912 година, а на кратко била возобновена во 1917 година. Оваа династија е следбеник на династијата Минг и по нејзиниот пад во 1912 била создадена Република Кина. Мултиетничката империја Ќинг опстојала скоро три века и во најголем дел ја опфаќала територијата на современа Кина. Династијата Ќинг била најголема по површина кинеска династија и во 1790 година четврта најголема империја во светската историја. Во 1912 година имала население од 432 милиони, и со тоа била земја со најбројно население во светот во тоа време.

Кон крајот на шеснаесеттиот век, Нурхачи, манџуриски велможа, започнал да организира „Банери“ - воено-социјални единици во чиј состав влегувале Манџуријци, Хан и Монголски припадници. Нурхачи ги обединил клановите за да го создаде етничкиот идентитет Манџурија и во 1616 година официјално се прогласил за владател на Претходната династија Ѓин. Неговиот син Хонг Таиџи ја прогласил династијата Ќинг во 1636 година. Династијата Минг полека слабеела, и во 1644 година избувнало големо востание и селските бунтовници го освоиле Пекинг. Генералот на династијата Минг Ву Сангуи им го отворил Шанхајскиот премин на војските на принцот регент Доргон, кој ги поразил бунтовниците, по што го зазел главниот град и ја презел власта. Поради отпорот на лојалистите на Минг на југот од државата и бунтот на тројцата феудатори го одложија целосното освојување на Кина до 1683 година. Императорот Кангси (1661–1722) ја зацврснал контролата на државата при што бил задржан идентитетот на Манџуријците, а истовремено бил покровител на Тибетскиот будизам. Тој ја имал улогата на конфуцијански владетел. Хан Кинезите работеле управувале заедно или под контрола на службениците од Манџуриските Кинези. За време на Династијата Ќинг, исто така, биле воспоставени идеалите на системот на придонеси со кои соседните земји како Кореја и Виетнам ја прифаќале супериорноста на Кина во трговијата и меѓународните односи. Исто така, Кина продолжила да се шири и воспоставиле контрола врз Тибет и Монголија .

Врвот на славата и моќта на династијата Ќинг бил достигнат за време на владеењето на царот Кианлонг (1735-1796). Тој презел Десет големи кампањи со кои контролата на Ќинг се проширила во Внатрешна Азија, а лично ги надгледувал конфуцијанските културни проекти. По неговата смрт, династијата се соочила со промени во светскиот поредок, империјализмот на западот, внатрешни бунтови, пораст на населението, економски пореметувања, корупција на службениците и неподготвеност на конфуцијанските елити да го променат својот начин на размислување. Во мирнодопските услови бројот на населението се искачил на околу 400 милиони жители, но даноците и државните приходи имале ниска фиксна стапка, што набрзо довело до фискална криза. По поразот на Кина во Опиумските војни, европските сили предводени од Велика Британија наметнале „неправедни договори“, трговски овластувања, екстратериторијалност и договорни пристаништа под странска контрола. Тајпиншкото востание (1850-1864) и Дунганшкото востание (1862-1877) во Централна Азија биле причина за смрт на преку 20 милиони луѓе, поради глад, болести и од самите војни. Возобновувањето на Тонгџи во 1860-тите придонело за големите реформи и воведувањето на странска воена технологија во движењето за самозајакнување. По поразот во Првата кинеско-јапонска војна во 1895 година, Кина ја загубила власта над Кореја и ѝ го отстапила Тајван на Јапонија. Амбициозната стодневна реформа од 1898 година предлагала фундаментални промени, но царицата Довагер Циси (1835–1908), која го имала последниот збор во националната влада во периот од три децении, ја оневозможила преку државен удар.

Во 1900 година ксенофобичните „боксери“ убиле многу кинески христијани и странски мисионери; како одмазда за тоа што странските сили ја нападнале Кина и го наметнале неправедниот Боксерски протокол. Како одговор на тоа, владата вовела фискални и административни реформи без преседан во Кина, меѓу кои биле избори, нов правен законик и укинување на испитниот систем. По смртта на императорот Гуангсу и Циси во 1908 година, конзервативците од Манџурија на суд ги спречиле реформите. Востанието во Вучанг на 10 октомври 1911 година ја предизвикала револуција во Синхај. По абдицирањето на Пуји, последниот цар, на 12 февруари 1912 година, довело до крај на династијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Elliott (2001), стр. 290–291.

Извори[уреди | уреди извор]

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

Збирки и референци од примарни извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Ming dynasty
Dynasties in Chinese history
1644–1912
Наследник
Republic of China