Вандализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вандализиран стаклен кафез
Оштетена маса за пинг понг

Вандализам (француски: vandalisme) — поим што е во употреба за намерно оштетување на културните добра и вредности. Вандализмот во поширока смисла означува секоја намерна штета на каков било предмет или објект, создаден со туѓа работа или креација. Ваквото оштетување не мора и најчесто нема практични или материјални мотиви, туку претставува резултат на суета, инает, каприц или лични фрустрации и сл. Во потесна смисла на зборот, ова значи оштетување на културни предмети и содржини, како што се написи или книжевни и уметничка дела, споменици на културата, слики, итн. Вандализмот може да има верски, идеолошки или политички мотиви, но може да биде и мотивиран од субјективно задоволство што уништува предметот на уништувањето односно омразата.