Кантонски јазик
Кантонски | |
---|---|
廣州話 / 广州话 Gwóng jāu wá / Gwong2 zau1 waa6 | |
Gwóng jāu wá / Gwong2 zau1 waa6 (Кантонски) напишано традиционално (лево) и упростено (десно) | |
Застапен во | Кина (Гуангдунг и Гуангси), Хонгконг и Макао, дијаспората |
Подрачје | градот Гуангџоу и околната делта на Бисерната Река, западен Гуангдунг, источен Гуангси |
Говорници | (н.п.) |
Јазично семејство | |
Дијалекти | Гуангџоу
|
Писмо | пишан кантонски пишан кинески кантонска Брајова азбука |
Статус | |
Службен во | Хонгконг Макао |
Регулативен орган |
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
ISO 639-6 | yyef (Yue F) guzh (Guangzhou) |
Linguasphere | 79-AAA-ma |
|
Кантонски јазик (广州话 / 廣州話, мктр. гуангџоу хуа = „гуангџоуански јазик“) — јазик со потекло од околината на градот Гуангџоу (Кантон) на југот на Кина и се смета за престижно наречје на јазикот јуе.
Во континентална Кина, кантонскиот е лингва франка во покраината Гуангдунг и некои околни подрачја како источниот дел на покраината Гуангси. Покрај овие подрачја, јазикот е главен јазик во секојдневниот живот во Хонгконг и Макао. Кантонскиот е мошне застапен во кинеската дијаспора во југоисточна Азија (како Сингапур и Божиќниот Остров), САД, Канада, Бразил, Перу, Куба, Панама, Австралија и Нов Зеланд, како и извесни делови од Европа, па така претставува најговорен кинески јазик по мандаринскиот.
Поимот „кантонски“ се однесува на престижното наречје на Кантон, но честопати се употребува и во поширока смисла, за целата група јуе, вклучувајќи ги блиските наречја како тајшанското.
Јазикот се смета за дел од културниот индентитет на неговите говорници во поголеми подрачја на јужна Кина, Хонгконг и Макао. Иако дели многу зборови со мандаринскиот, овие два јазика не се заемно разбирливи, претежно поради изговорот и граматичките разлики, како и употреба на историски утврдени зборови во кантонскиот. Најзабележлива е разликата во пишувањето, кое изгледа исто, но се изговара прилично различно.[3][4]
Културна улога
[уреди | уреди извор]Говорниот кантонски има разни регионални и локални наречја, а доста од нив се заемно неразбирливи. Највеќето ретко се среќаваат вон матичните подрачја, но некои од нив се говорат и во странство. Почнувајќи од 1909 г, главен јазик ширум сета Кина е мандаринскиот, кој се употребува образованието, медиумите и службеното општење,[5] но постојат неколку телевизии и радиостаници на кантонски јазик. Иако бројот на луѓе што го говорат кантонскиот јазик е релативно мал, тој е сепак несразмерно повеќе застапен по светот, што се должи претежно на големата стапка на иселување на жителите од тие краишта.
Кантонскиот е главен говорен јазик во Хонгконг и Макао. Покрај тоа, застапен е и во политичкиот живот, па со тоа и едиствениот немандарински јазик о земјата со ваква важна улога. Ова е воедно и најзастапениот облик на кинескиот јазик што се среќава во западните земји.
Јазикот има своја варијанта на поп-музика наречен „кантопоп“. Во Хонгконг претежно се слуша музика на кантонски јазик, па затоа многу музичари од остатокот од Кина и Тајван го учат јазикот и снимаат кантонски верзии на нивните песни.[6]
Особености
[уреди | уреди извор]Кантонскиот е тонски јазик. Има најразвиена книжевност по класичниот кинески и мандаринскиот. Бидејќи се користи претежно во Хонгконг и во дијаспората, правописот е традиционален, со извесен број на дополнителни знаци што не се присутни во стандардниот мандарински.
Романизација
[уреди | уреди извор]Романизацијата на кантонскиот се води по нагласокот во Гуангдунг и Хонгконг, и одиграла улога во утврдувањето на стандардниот кантонски јазик. Најважни системи се Бернет–Чао, Мејер–Вемпе, владината „романизација на гуангдуншкиот“, Јејл и јитпинг. Најзастапени од нив на светско ниво се последните две.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кантонци
- Кинески јазик
- Јуе (јазик)
- Традиционално кинеско писмо
- Македонска транскрипција на кантонскиот јазик
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Official Language Division, Civil Service Bureau, Government of Hong Kong“. Csb.gov.hk. 2008-09-19. Посетено на 2012-01-20.
- ↑ Wurm и др. (1987).
- ↑ Cantonese: a comprehensive grammar, p.5, Stephen Matthews and Virginia Yip, Routledge, 1994
- ↑ Cantonese as written language: the growth of a written Chinese vernacular, стр. 48, Donald B. Snow, Hong Kong University Press, 2004
- ↑ Minglang Zhou, Hongkai Sun (2004). Language Policy in the People's Republic of China: Theory and Practice Since 1949. Springer. ISBN 1-4020-8038-7, 9781402080388 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ Donald, Stephanie; Keane, Michael; Hong, Yin (2002). Media in China: Consumption, Content and Crisis. RoutledgeCurzon. стр. 113. ISBN 0-7007-1614-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Издание на Википедија — слободната енциклопедија на кантонски јазик |
„Кантонски јазик“ на Ризницата ? |
- Научете кантонски јазик (со двонасочен речник) (англиски)
- Основен курс по кантонски - Институт за надворешни работи на САД (англиски)
- 粵音檢字法 cantoneseAID[мртва врска] (англиски)
|