Парапет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Парапет е бариера што се јавува на работ од кров, тераса, балкон, коридор и слично. Зборот потекнува од Италјанскиот збор parapetto (parare "да покриеш/ одбраниш" и petto "гради"). Кога се наоѓа над кровот парапетот може едноставно да биде продолжение од ѕидот под него, да има улога на противпожарен ѕид или Архитектонски орнамент. Првичната намена на парапетот била да го заштити објектот од воени напади, додека денес се користи како заштитна ограда и за заштита од пожари.

Парапет за заштита на кула

Типови на парапети[уреди | уреди извор]

Едноставен парапет - како продолжение на фасдниот ѕид. Парапет со отвори - отвори како декоративни мотиви или од функционални причини за заштита на воена опрема, дренажен систем и др. Перфорирани парапети - перфорирани со најразлични форми во зависнот од дизајнот и матерјалот. Панелни парапети - серија од сегменти(парчиња) меѓусебно поврзани во една целина.

Противпожарни парапети[уреди | уреди извор]

Дел од ѕид во фунцкија на заштита од проширување или спречување на пожари.

Мостовски парапети[уреди | уреди извор]

Служат како заштитна ограда за минувачите по мостовите, понекогаш служат да го блокираат погледот кон нешто или да ги заштитат минувачите под мостот од предмети што може да паднат врз нив.

модерен парапет на пешачки мост во Чикаго