Марко Поло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Поло
Роден(а)1254
Венецијанска Република
Починал(а)8 јануари 1324
Венецијанска Република
ПочивалиштеЦрква Сан Лоренцо
45°26′14″ N; 12°20′44″ E / 45.4373° СГШ; 12.3455° ИГД / 45.4373; 12.3455
НационалностИталијанец
Занимањетрговец, истражувач и писател
Познат(а) поПатувањата на Марко Поло
СопружникДоната Бадоер
ДецаФантина, Белела и Морета
РодителиНиколо Поло

Марко Поло (1254 - 8 јануари 1324 [1]) — италијански[2] трговец, истражувач и писател, роден во Венецијанска Република[3][4][5][6][7]. Неговите патувања се евидентирани во книгата Livre des Merveilles du Monde, или Патувањата на Марко Поло, книга која ги опишува на Европејците богатството и големината на Кина, нејзиниот главен град Пекинг, и други азиски градови и земји.

Тој ја научил трговијата од неговиот татко и неговиот чичко, Николо и Мафео, кои патувале низ Азија каде го сретнале Кублај Хан. Во 1269 година, тие се вратиле во Венеција каде за првпат да се сретнале со Марко. Тројцата започнале епско патување во Азија, враќајќи се по 24 години каде ја пронашле Венеција во војна со Џенова. Марко бил затворен но ослободен во 1299 година, по кое станал богат трговец, се оженил и имал три деца. Починал во 1324 година и бил погребан во црквата Сан Лоренцо во Венеција.

Марко Поло не бил првиот Европеец кој стигнал до Кина, но тој бил првиот што ја оставил деталната хроника на неговото искуство. Неговата книга го инспирирало на Кристофер Колумбо[8] и многу други патници. Постои значителна литература врз основа на записите на Поло. Тој, исто така, влијаел на европската картографија, што довело до воведување на мапата на Фра Мауро.

Животот[уреди | уреди извор]

Семејно потекло[уреди | уреди извор]

Корте де Милион е именуван по прекарот на Поло, Ил Милионе.

Марко Поло е роден во 1254 година[9] во Република Венеција[10]. Неговиот точен датум и место на раѓање се архивиски непознати. Некои историчари споменуваат дека тој е роден на 15 септември. Родното место на Марко Поло обично се смета за Венеција[11], но исто така според некои неговото родно место би можело да биде и Цариград[12][13] или островот Корчула[14][13][15][16]. Постои спор околу тоа дали семејството Поло е од венецијанско потекло, бидејќи венецијанските историски извори сметале дека е од далматинско потекло[9][13][17][18]. Недостатокот на докази ја прави теоријата на Корчула [10] како специфично место на раѓање кое е спорно во повеќе наврати, па дури и од некои хрватски научници кои сметаат дека тоа е измислено[19].

Ран живот и азиските патувања[уреди | уреди извор]

Мозаик од Марко Поло

Во 1168 година, неговиот пра-чичко Марко Поло позајмил пари и командувал со брод во Цариград[20][21]. Неговиот дедо, Андреа Поло од парохијата Сан Феличе, имал три сина, Мафео, Марко и Николо, татко на Марко Поло[20]. Оваа генеалогија, опишана од Рамузио, не е универзално прифатена, бидејќи нема дополнителни докази за да биде поддржана[22][23].

Неговиот татко, Николо Поло, кој бил трговец, тргувал со Блискиот Исток, станувајќи богат и постигнувајќи голем престиж[24][25]. Николо и неговиот брат Мафео тргнале на трговско патување пред раѓањето на Марко[9][25]. Во 1260 година, Николо и Мафео, додека живееле во Цариград, тогаш главен град на Латинското Царство, предвидувајќи ја политичката промена, инвестирале во скапоцени камења и заминале од престолнината[24]. Според Патувањата на Марко Поло, тие поминале низ поголемиот дел од Азија и се состанале со Кублај Хан, монголски владетел и основач на династијата Јуен[26]. Нивната одлука да го напуштат Цариград се покажала навремена. Во 1261 година, Михаил VIII Палеолог, владетел на Никејското Царство, го зазел Цариград, веднаш го запалил венецискиот кварт и повторно го основал Источното Римско Царство. Заробените венецијански државјани биле ослепени[27], додека многу од оние што успеале да избегаат, исчезнале на преполнетите бродови за бегалци кои бегале кон другите венецијански колонии во Егејско Море. Монголскиот владетел ги пречекал браќата Поло и многу ги распрашувал за Западот. Им дал една златна плоча за да патуваат безбедно кога ќе се враќаат и им дал писмо за папата со кое го замолил да му испрати „стотина мудри луѓе, кои го познаваат законот на Христос и ги знаат седумте вештини за да му проповедаат на народот

Речиси ништо не е познато за детството на Марко Поло, додека тој не наполнил петнаесет години, со исклучок на тоа што веројатно поминал дел од своето детство во Венеција[28][29][21]. Во меѓувреме, починала мајката на Марко Поло, а неговата тетка и чичко го изгледале[25]. Тој добил добро образование, учејќи ги трговските субјекти, вклучително и странските валути, проценки и ракување со товарни бродови[25], а го познавал малку и латинскиот јазик[24]. Неговиот татко подоцна се оженил со Флорадис Поло[23].

Во 1269 година, Николо и Мафео се вратиле кај своите семејства во Венеција и за првпат се сретнале со младиот Марко[28]. Кога повторно влегле на христијански територии, Николо и Мафео дознале дека починал папата Климент IV. Тие морале да го почекаат нговиот наследник поради тригодишниот интеррегнум (додека да се избере нов папа). Во 1271 година, за време на владеењето на дождот Лоренцо Тјеполо, Марко Поло (на седумнаесет години), неговиот татко и неговиот чичко тргнале по Азија за серијата авантури што Марко подоцна ги документирал во неговата книга[30]. Тие се вратиле во Венеција во 1295 година, 24 години подоцна, со многу богатства. Тие поминале скоро 24.000 километри[25].

Генетско заробеништво и подоцнежен живот[уреди | уреди извор]

Црквата Сан Лоренцо во Венеција, каде што било положено телото на Поло. Сликата ја покажува црквата како што е денес, по обновата на 1592 година.

Марко Поло се вратил во Венеција во 1295 година со своето богатство претворено во скапоцени камења. Во тоа време, Венеција била во војна со Република Џенова[31]. Поло имал наоружана галија опремена со требушет[32], за да се приклучи на војната. Најверојатно тој бил заробен од Џенова во престрелка во 1296 година, покрај Анадолскиот брег меѓу Адана и Александретскиот Залив[33], а не за време на Битката кај Корчула (септември 1298), на крајбрежјето на Далмација[34]. Второто тврдење се должи на подоцнежна традиција (16 век), која ја разработил Џовани Батиста Рамузио[35][36].

Тој поминал неколку месеци во затвор, диктирајќи детален извештај за неговите патувања до некој друг затвореник, Рустичело де Пиза[25], кој инкорпорирал приказни за свои, како и други собрани анегдоти и тековни работи од Кина. Книгата наскоро се проширила низ цела Европа во форма на ракопис и станала позната како Патувањата на Марко Поло. Книгата ги прикажува патувањата на Поло низ цела Азија, давајќи им на Европејците прв сеопфатен поглед на внатрешните работи на Далечниот Исток, вклучувајќи ги и Кина, Индија и Јапонија[37].

Поло конечно бил ослободен од заробеништво во август 1299[25], и се вратил дома во Венеција, каде што неговиот татко и чичко во меѓувреме купиле голема куќа во зоната наречена Корте дел Милион[38]. За такво вложување, семејството Поло веројатно го инвестирало профитот од тргувањето, па дури и многу скапоцени камења што ги донеле од Истокот[38]. Марко наскоро станал богат трговец. Марко и неговиот чичко Мафео финансирале други експедиции, но веројатно никогаш не ги оставиле венецските провинции, ниту пак се вратиле на Патот на свилата и Азија[39]. Некаде пред 1300 година, неговиот татко Николо починал[39]. Во 1300 година се оженил со Доната Бадоер, ќерка на Витале Бадоер, трговец[40] и имале три ќерки[41][42].

Во 1305 година тој се споменува во венецијански документ меѓу локалните морски капетани во врска со плаќањето даноци[23]. Неговата врска со одреден Марко Поло, кој во 1300 година бил споменат во конфликтите против аристократската влада и кој побегнал од смртната казна, како и немирите од 1310 година, предводени од Бајомонте Тјеполо, денеска е нејасна[23]. Поло е јасно спомнат повторно по 1305 година во тестаментот на Мафео од 1309-1310, во документ од 1319 година, според кој тој станал сопственик на некои имоти на неговиот починат татко, а во 1321 година, кога тој купил дел од семејната сопственост на неговата сопруга Доната[23].

Смрт[уреди | уреди извор]

Во 1323 година, Поло бил легнат на кревет, поради болест[43]. На 8 јануари 1324 година, и покрај напорите на лекарите тој сè уште се наоѓал на смртна постела[44]. За да ја напише и потврди својата волја околу наследството, неговото семејство побарало Џовани Џустинини, свештеник од Сан Проколо. Неговата сопруга Доната и неговите три ќерки биле назначени од него како наследници. Црквата имала право на дел од неговиот имот. Тој го одобрил ова и наредил да се плати дополнителен износ на манастирот Сан Лоренцо, местото каде што сакал да биде погребан[44]. Тој исто така го ослободил Петар, татарски слуга, кој можеби го придружувал од Азија[45], и на кого Поло оставил 100 лири[46].

Тој го поделил остатокот од своите средства, вклучувајќи неколку имоти, меѓу поединци, религиозни институции и секој еснаф и братство на кои му припаѓал[44]. Тој, исто така, напишал повеќекратни долгови, вклучувајќи и 300 лири што му ги должела неговата сестра, а други за манастирот Сан Хуан, Сан Поло и Сан Џовани Грисостомо како и на проповедници и свештеник по име Беневенто[44]. Тој наредил 220 солди да му бидат исплатени на Џовани Џустинијани за неговата работа како нотар и неговите молитви[47].

Волјата не била потпишана од Поло, но била потврдена со тогашното релевантно правило „signum manus“, со кое завештателот морал само да го допре документот за да стане законски валиден[46][48]. Поради венецијанскиот закон во кој се наведува дека денот завршува на зајдисонце, точниот датум на смртта на Марко Поло не може да се утврди, но според некои научници тоа било помеѓу зајдисонцето од 8 и 9 јануари 1324 година[49]. Библиотека Марчана, која ја има оригиналната копија од неговиот тестамент, го датира на 9 јануари 1323 година и го дава датумот на неговата смрт во некое време во јуни 1324 година[48].

Патувањата на Марко Поло[уреди | уреди извор]

Карта од патувањата на Марко Поло
Минијатура од Ил Милионе.
Страница од Ил Милионе, од ракопис за кој се верува дека бил изработен помеѓу 1298-1299 година.

Авторитативна верзија на книгата на Марко Поло не може да постои, бидејќи раните ракописи значително се разликуваат. Објавените изданија на неговата книга се потпираат на самостојни ракописи, заедно се спојуваат повеќе верзии или се додаваат белешки за да се разјаснат некои подобности, на пример во англискиот превод на Хенри Јул. Преводот на англиски во 1938 година од А.Ц. Мул и Пол Пелиот е заснован на латински ракопис пронајден во библиотеката на катедралата во Толедо во 1932 година и е 50% подолга од другите верзии[50]. Познато е дека има околу 150 примероци на ракописи на различни јазици, а пред да се добие достапноста на печатарските верзии, неизбежно се додавало некои делови при копирање и преведување[51]. Популарниот превод објавен од Penguin Books во 1958 година од страна на Р.Е. Латам, се состои од неколку текстови кои биле вклучени заедно со оригиналниот текст, со цел да се направи читлива целина на книгата[52]. Поло ги спомнал своите мемоари усно на Рустичело де Пиза, додека и двајцата биле затвореници во Република Генова. Рустичело ја напишал книгата на оилски јазик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bergreen 2007, стр. 340–342.
  2. Benedetto, Luigi Foscolo (1965). „Marco Polo, Il Milione“. Istituto Geografico DeAgostini (италијански).
  3. „Marco Polo - Exploration - HISTORY.com“. Посетено на January 9, 2017.
  4. „Marco Polo - New World Encyclopedia“. Посетено на January 9, 2017.
  5. „BBC - History - Historic Figures: Marco Polo (c.1254 - 1324)“. Посетено на January 9, 2017.
  6. William Tait, Christian Isobel Johnstone (1843), Tait's Edinburgh magazine, Volume 10, Edinburgh
  7. Hinds, Kathryn (2002), Venice and Its Merchant Empire, New York
  8. Landström 1967, стр. 27
  9. 9,0 9,1 9,2 Italiani nel sistema solare di Michele T. Mazzucato
  10. 10,0 10,1 Puljiz-Šostik 2015, стр. 5.
  11. Bergreen 2007, стр. 25 (online copy pp. 24–25)
  12. Puljiz-Šostik 2015, стр. 14.
  13. 13,0 13,1 13,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име PeklicPolo.
  14. Bergreen 2007, стр. 24.
  15. Marco Polo and the Silk Road to China by Michael Burgan, Compass Point Books, ISBN 0756501806, p. 7
  16. Timothy Brook, The Troubled Empire: China in the Yuan and Ming Dynasties, 2010, ISBN 9780674046023, p. 24
  17. Puljiz-Šostik 2015, стр. 5–16.
  18. Bettinelli, Giuseppe (1780). Dizionario Storico-Portatile Di Tutte Le Venete Patrizie Famiglie [Historical Dictionary Of All-Portable Venetian Patrician Families] (италијански). Venice. стр. 126. Vennero dalla Dalmazia
  19. Olga Orlić (Institute for Anthropological Research, Zagreb, Croatia), The curious case of Marco Polo from Korčula: An example of invented tradition, Journal of Marine and Island Cultures, Volume 2, Issue 1, June 2013, Pages 20–28
  20. 20,0 20,1 Bergreen 2007, стр. 25.
  21. 21,0 21,1 Rugoff, Milton (2015). Marco Polo. New Word City. ISBN 9781612308388.
  22. Noule&Pelliot 1938, стр. 15–16.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Pavešković, Anđelko (1998). Putopisac Marko Polo [Travel writer Marco Polo]. Godišnjak Poljičkog dekanata "Poljica". Split. стр. 38–66.
  24. 24,0 24,1 24,2 Britannica 2002, стр. 571
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 25,5 25,6 Parker 2004, стр. 648–649
  26. Yule & Cordier 1923, ch.1–9
  27. Zorzi, Alvise, Vita di Marco Polo veneziano, Rusconi Editore, 1982
  28. 28,0 28,1 Bergreen 2007, стр. 36.
  29. Puljiz-Šostik 2015, стр. 24.
  30. Bergreen 2007, стр. 37.
  31. Nicol 1992, p. 219
  32. Yule, The Travels of Marco Polo, London, 1870: reprinted by Dover, New York, 1983.
  33. According to fr. Jacopo d'Aqui, Chronica mundi libri imaginis
  34. Puljiz-Šostik 2015, стр. 28–36.
  35. Polo, Marco; Latham, Ronald (translator) (1958). The Travels of Marco Polo, p. 16. New York: Penguin Books. ISBN 0-14-044057-7.
  36. Puljiz-Šostik 2015, стр. 8, 12, 28–36.
  37. Bram 1983
  38. 38,0 38,1 Bergreen 2007, стр. 332.
  39. 39,0 39,1 Bergreen 2007, стр. 333.
  40. Bergreen 2007, стр. 332–333.
  41. Bergreen 2007, стр. 333, 338.
  42. Power 2007, стр. 87
  43. Bergreen 2007, стр. 339.
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 Bergreen 2007, стр. 340.
  45. Britannica 2002, стр. 573
  46. 46,0 46,1 Bergreen 2007, стр. 341.
  47. Bergreen 2007, стр. 340–341.
  48. 48,0 48,1 Biblioteca Marciana, the institute that holds Polo's original copy of his testament. Venezia.sbn.it
  49. Bergreen 2007, стр. 342.
  50. Bergreen 2007, стр. 367–368
  51. Edwards, стр. 1
  52. The Travels of Marco Polo. (Harmondsworth, Middlesex; New York: Penguin Books, Penguin Classics, 1958; rpr. 1982 etc.) ISBN 0140440577.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: