Толедо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Толедо (шпански: Toledo) е град во централниот дел на Шпанија. Се наоѓа на 70 километри јужно од Мадрид. Главeн град на провинцијата Толедо и автономните покраини e Кастилја-Ла Манча. Некогаш бил главен град на Шпанското Царство и на Визиготското Царство и местото каде што биле застапени христијанската, еврејската и маварската култура. Многи прочуени луѓе и уметници се родени или живееле во Толедо, меѓу кои Лопе де Вега, Алфонсо X и Ел Греко. Градот Толедо бил место на значајни историски настани, како што е на пример визиготскиот цобир во Толедо. Според пописот од 2015 година, градот има 83.226 жители.[1] Стариот центар на градот се наоѓа на гранитна карпа на 548 метри надморска височина.

Наводи[уреди | уреди извор]