Скијачки скокови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Современа скијачка скокална

Скијачки скокови е спортска дисциплина на скокање со скии во кои се скија низ посебно конструирана скокална па после одразот пробува "да прелета" што поголема оддалеченост.Скокалната е прекриена со снег па натпреварувањата се можни само во зимски услови . Сепак , денеска постојат и варијанти на изработка на скокални со вештачка подлога . Тие натпреварувања можат да се одржат ниѕ текот на целата година, а една варијанта на тој спорт се изведува и на вода.

Скијачките скокови се стандарден спорт на Зимските олимписки игри .

Историја[уреди | уреди извор]

Повеќето скијачки дисциплини и ски скокови се најрано споменати во скандинавските земји. Првпат околу 1810 година, се скокало од ураган направен од снежни топки под природна стрмнина. Скокачот добивал залет паѓајќи надолу по падина, а потоа се одразувал од одскочиштето и летал 15-20 метри. Во 1840-тите, скокачите скокалиштето го сместиле на самата стрмната падина. Сошуваните цртежи од 1862, 1880 и 1888 покажуваат скокачи како скокаат со една долг стап со собрани колена и после скокот изведуваат телемарк. Sondre Nordheim прв започнал со скокање без стап, па неговиот "елегантен" скок предизвика големо внимание, што претставува пресвртница во ски скокови. Дури во 60-тите години предпрошлиот век почнуваат да се изгради скијачка скокална што веројатно скокалната во Холменколен во Осло била една од првите.

Скокачите-самоубијци во почетокот постигнувале скокови од околу 20 метри . Во Холменколен се одржувале од 1883 со скијачки натпреварувања во трчање и натпреверувања во скијачки скокови. Првите норвешки скокални биле за денешни поими многу кратки , така што рекордната должина на скокот во 1868 Sondre Nordheim изнесувала 19 метри , а скоковите од 1910 (Х. Хансен)45, 1914 (А. Амундсон 54, додека во 1933 Сигмунд Руд скокнал 86 метри.