Параклис
Параклис (грчки: Παρεκκλήσ, покрај црква [1]) – црквиче во кое не се служи литургија.[2] Вообичаено параклисот е мал христијански храм, место за повремена богослужба, за приватно богослужение, честопати прилепен до поголем објект, како голема црква, палата, училиште, затвор или гробишта, но понекогаш може да биде и поголема самостојна градба. Католичките и протестантските параклиси често се многу поголеми од православните. Намената на параклисот е да служи како место за молитва за верниците и обично нема редовен свештеник, па литургиите и другите христијански обреди не се вршат редовно.
Архитектонски, параклисот може да биде страничен дел од голем храм дизајниран за специфични цели. На пример, многу готски катедрали обично имаат параклиси посветени на Света Богородица, парохиските цркви имаат параклиси до главната црква за вршење на светата причест меѓу одделни служби.
Најјужниот параклис на Земјината топка се наоѓа во бугарската научна база на Антарктикот, Свети Климент Охридски и е посветен на Свети Јован Рилски.
Галерија[уреди | уреди извор]
Параклисот во Бродечкиот манастир
Параклисот во Ѕвегорскиот манастир
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лешок
- Параклис „Св. Теодор Тирон“ - Калишта
- Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица
- Параклис „Св. Петка“ - Ивањевци
- Параклис „Св. Петка“ - Карамани
- Параклис „Св. Ирина“ - Свиништа
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Morales Gómez 2016, стр. 453.
- ↑ „параклис“ — Дигитален речник на македонскиот јазик