Ѕвегорски манастир
![]() Манастирскиот конак | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Ѕвегорски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Илија“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1991 |
Посветен на | Свети Илија |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Св. Илија“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Ѕвегор, Општина Делчево ![]() |
Координати | 41°58′36.5″N 22°49′18″E / 41.976806° СГШ; 22.82167° ИГДКоординати: 41°58′36.5″N 22°49′18″E / 41.976806° СГШ; 22.82167° ИГД |
Видливи остатоци | црква, конак, параклис |
Отворен за јавност | да |
Други информации | (Ѕвегорска парохија) |
Ѕвегорски манастир — манастир во областа Пијанец, во источниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на западните падини на планината Влаина, по течението на реката Ѕвегор, покрај магистралниот пат кој води кон границата со Бугарија.
Историја[уреди | уреди извор]
Манастирот е изграден во 1991 година, кога била завршена и осветена манастирската црква.[1]
Градби[уреди | уреди извор]
Во склоп на манастирот влегуваат црква, параклис и конак. Во дворот на манастирот има долга празнична маса, фонтана, како и камен крст. Конакот е изграден од камен и е на два ката, од кои на вториот има голема тераса. На неговиот преден ѕид има мозаик на кој е прикажана картата на Обединета Македонија. Параклисот е сместен на височинка над манастирот, а во него има слика на Свети Георги и молитва.
Црква „Св. Илија“[уреди | уреди извор]
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Храмот не е зографисан.[1]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Ѕвегорски манастир на Ризницата ?